Гостин: Арбен Таравари 24 Анализа на 24 Телевизија
Read More
Гостин: Арбен Таравари 24 Анализа на 24 Телевизија
Read More24 Анализа на 24 Телевизија
Read MoreТрудниците кои беа ослободени од работа поради пандемијата, сега да се вратат на работните места, бидејќи состојбата со коронавирусот во земјава се смирува – препорача Комисијата за заштита од заразни болести. Падот на новозаразени допринесе за уште еден предлог, односно за излез од земјава граѓаните да не треба да приложат сертификат за вакцина, ПЦР тест […]
Read MoreПочина поранешниот претседател на Уругвај, Хосе „Пепе“ Мухика (89), култна фигура поради неговиот скромен начин на живот, откако ја загуби битката со ракот, соопшти владата во Монтевидео. „Со длабока тага, објавуваме дека почина нашиот другар Пепе Мухика. Претседател, активист, водич и лидер. Многу ќе ни недостигаш, стар пријателе“, рече актуелниот лидер на земјата, Јаманду Орси, …
Почина Хосе Мухика, поранешен претседател на Уругвај Read More »
The post Почина Хосе Мухика, поранешен претседател на Уругвај appeared first on Независен Весник.
Руската делегација ќе ги чека украинските претставници во Истанбул, изјави портпаролот на рускиот претседател, Дмитриј Песков, за телевизијата „Росија 1“. „Нашата делегација ќе биде таму и ќе ја чека украинската страна“, изјави портпаролот на Кремљ. Тој не го откри составот на преговарачката група од руска страна, ниту пак го прецизираше времето на почетокот на состанокот.
The post Песков: Руската делегација ќе ја чека украинската страна в четврток во Истанбул appeared first on Независен Весник.
Владејачката ВМРО ДПМНЕ вечерва на извршен комитет ја анализира политичката состојба откако Таравари ја напушти владината коалиција.
Европската унија е подготвена да воведе построги санкции против Русија доколку оваа недела не се постигне напредок во преговорите за прекин на војната во Украина, изјави денеска германскиот канцелар Фридрих Мерц, наведувајќи дека веќе е подготвен нов пакет санкции.
Мерц на прес-конференција по разговорите со неговиот грчки колега Киријакос Мицотакис во Берлин изјави дека Брисел чека рускиот претседател Владимир Путин да се вклучи во преговорите и дека санкциите ќе бидат заострени доколку неделава не се постигне вистински напредок во преговорите, пренесоа британските медиуми.
Германскиот канцелар изјави дека ЕУ ќе разгледа и воведување нови санкции против Русија во областа на енергетиката и финансискиот пазар.
Мерц оцени дека би било неразумно доколку украинскиот претседател Володимир Зеленски се согласи на нови компромиси во врска со преговорите и изјави дека се согласува Зеленски во четврток да се сретне со руските претставници.
Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, денеска изјави дека продолжуваат подготовките на Русија за преговорите со Украина во Истанбул. Тој истакна дека Кремљ засега не планира да дава други коментари за планираната руско-украинска средба во Истанбул.
Путин предложи продолжување на директните преговори со Украина без предуслови, кои беа прекинати во 2022 година, и дијалогот да започне на 15 мај во Истанбул. Зеленски,пак, се согласи на разговорите во Турција на 15 мај, но од самиот почеток рече дека сака лична средба со Путин. Русија сè уште не објави на кое ниво ќе учествува на средбата.
Ако ја мине првата фаза, односно претквалификациите за Светскиот Куп, машката сениорска репрезентација на Македонија ќе игра во една од двете извлечени групи од оној главен дел од квалификациите за настап на Мундобаскетот во 2027 година кој ќе се одржи во Катар.
Вечерва во Доха, беа извлечени натпреварувачките групи преку кои ќе се одвиваат квалификациите во европската зона за пласман на Светскиот Куп.
Европскиот дел од светската кошарка ќе биде претставуван со вкупно 12. национални селекции од Стариот континент на завршниот турнир.
Системот за натпреварување вели дека вкупно 32. европски селекции ќе бидат поделени во осум групи.
По шест одиграни натпревари, провласираните три продолжуваат во следната фаза, поделени во четири новоформирани групи, од каде првопласираните три обезбедуваат место на Мундобаскетот во Катар 2027 година.
Македонија е една од 12.селекции кои че играта во претквалификациите за место во главната квалификациска рунда за Светкиот Куп. Дел е од групата „Б“ во која се уште и националните тимови на Романија и Унгарија. Во периодот од 2. до 20. август, овите три селекции ќе се борат за две позиции кои обезбедуваат „премин“ во квалификациите.
Првопласираната селекција од оваа „Б“ претквалификациска група за противник во квалификациите ќе ги има репрезентациите од групата „Б“ во која се Грција, Црна Гора и Португалија.
Второпласираната селекција од нашата група пак за ривали во квалификациите ќе ги има репрезентациите од групата „Г“, во која „се сместија“ Франција, Финска и Белгија.
КВАЛИФИКАЦИИ ЗА СВЕТСКИ КУП 2027 – НАТПРЕВАРУВАЧКИ ГРУПИ
ГРУПА А: Шпанија, Грузија, А група-претквалификации-победник, Д група-претквалификации-второпласиран
ГРУПА Б: Грција, Црна Гора, Б група-претквалификации-победник (МАКЕДОНИЈА, Романија, Унгарија), Португалија
ГРУПА Ц: Србија, Турција, БиХ, A група-претквалификации-второпласиран
ГРУПА Д: Литванија, Италија, Велика Британија, Исланд
ГРУПА Е: Германија, Израел, Кипар, Д група-претквалификации-победник
ГРУПА Ф: Летонија, Полска, Ц група-претквалификации-второпласиран, Ц група-претквалификации-победник
ГРУПА Г: Франција, Финска, Белгија, „Б“ група-претквалификации-второпласиран (МАКЕДОНИЈА, Романија, Унгарија)
ГРУПА Х: Словенија, Чешка, Шведска, Естонија
Меѓународниот аеродром во Тирана, чии услуги ги користат голем број македонски државјани објави „итно известување“ за патниците кои треба да патуваат на 15 и 16 мај.
Раководството на аеродромот ги советува патниците кои ќе патуваат во споменатите два дена да се пријават на аеродромот најмалку 3 часа пред нивниот лет.
-На 15 и 16 мај Тирана ќе биде домаќин на Самитот на Европската политичка заедница, со учество на лидери од цела Европа. Поради безбедносни мерки и затворање на патишта се очекуваат застои и густ сообраќај. На патниците кои патуваат на овие датуми им се препорачува да планираат однапред и да се пријават на аеродромот најмалку 3 часа пред летот, стои во известувањето.
На аеродромот во Тирана во првиот квартал од годинава регистрирани се 2.083.050 патници, или 9,1 отсто повеќе, споредено со истиот период минатата година кога имаше над 1,9 милиони патници.
Освен албански, услугите на аеродромот, во голем број, ги користат и македонските, косовските и црногорските граѓани. Минатата година над 120 илјади македонски државјани пристигнале или отпатувале кон некоја од многубројните дестинации.
We've detected that you are using AdBlock Plus or some other adblocking software which is preventing the page from fully loading.
We don't have any banner, Flash, animation, obnoxious sound, or popup ad. We do not implement these annoying types of ads!
We need money to operate the site, and almost all of it comes from our online advertising.
Please add tvstanici.net to your ad blocking whitelist or disable your adblocking software.