

Американскиот министер за финансии Скот Бесант денеска објави дека драстично зголемените американски царини ќе стапат во сила на 1 август, пренесува Бета.
Тие беа објавени на почетокот на април, а потоа привремено суспендирани додека се во тек преговорите со засегнатите земји.
Само оние држави кои ќе постигнат договор со САД во наредните денови ќе бидат ослободени од новите царински давачки.
Како термин за воведување на овие „казнени тарифи за земјите што профитираат од трговијата со САД“ првично беше посочуван 9 јули, но претседателот Доналд Трамп во петокот, без да даде детали, изјави дека земјите на кои ќе се однесува ќе почнат да плаќаат од 1 август.
За некои земји, според најавите од администрацијата на Трамп, овие царини би можеле да достигнат 50% од вредноста на стоките и услугите што ги извезуваат во САД.
Премиерот Христијан Мицкоски уверува дека направени се промени кои ветуваат спремност во справувањето со пожарите и за разлика од минатото државата ќе биде проактивна, а не реактивна на ова поле. Покрај опремата која е набавена за спречување на пожарите, посочува дека во тек е оглас за ангажирање на 400 пожарникари.
-Македонската интервентна пожарна единица, денес делуваше многу импресивно и мотивирачки. Денес се случи комплетна пренамена на полициските и армиски „БТР 80“, „Хермелини“ и „Пинцгауери“ кои беа управувани од луѓе кои се вешти од МВР и Армијата. На сите тие возила им е вграден различен резервоар, во зависност од статиката на возилото, да не дојде до изместување на тежиштето и да не дојде до превртување. Работеа инженери на овој проект. Резервоарите се од 1,5 метар кубен до 6, исто така се со вградени пумпи со различна „коњажа“, пумпи со различна можност, притисок итн и навистина тоа делува импресивно. Кога зборувавме со луѓето од Армијата колкав терен тие би можеле да покријат, ми беше кажано дека до 20 километри само овие возила кога би се распределиле би изгасиле пожар, рече вечерва премиерот Мицкоски во гостувањето на „Тема на денот“ во Дневникот на Сител телевизија.
Тој потенцираше дека оваа пренамена на старите армиски и полициски возила не ја чинело државата ништо, туку тоа било направено од општествено одговорни компании, а ако едно вакво возило чини 400 илјади евра, тогаш тоа значи дека заштедени се неколку десетици милиони евра од буџетот.
Од друга страна, дополни Мицкоски, отпочнат е огласот за вработување на 400 нови пожарникари. Ги охрабрувам луѓето преку општините, тие кои се чувствуваат подготвени да влезат во овој процес.
-Оваа единица, армиските хеликоптери и хеликоптерите на полицијата, а на тоа додадени и Ер тракторите, еден е вратен од сервис, другиот се враќа оваа недела, а третиот до крај на јули, ценам дека сме подготвени доколку оваа година се случат пожари да ги совладаме, истакна премиерот Мицкоски.
Време е Скопје повторно да го вратиме на скопјани и да изградиме град со кој ќе се гордееме сите ние и генерациите после нас, изјави кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на Скопје Орце Ѓорѓиевски откако претседателот на партијата Христијан Мицкоски ја соопшти одлуката на Извршниот комитет тој да биде нивни кандидат на локалните избори за прв човек на главниот град.
Од утре, рече Ѓорѓиевски, ќе почнат со теренските посети и процесот на креирање на програмата со која ќе настапат на локалните избори за Град Скопје и проектите што ќе ги зацртаат ќе бидат детално разработени со рокови и финансиски импликации.
Како што рече, фокус ќе биде решавање на сообраќајниот хаос, дивите депонии и хигиената во градот за кој рече дека е валкан.
-Градот едноставно кажано е прљав. Немаме улица, немаме маало каде што немаме проблем со хигиената. Тоа е она што најмногу ги тишти скопјани, не само изминатите четири години, туку и неколку години претходно. Не можеме да направиме далечна отстапка од владеењето на Петре Шилегов со градот и Данела. Тука речиси и да нема некоја разлика меѓу нив двајца. Со тоа што ова што се случува во последните неколку години е катастрофа за сите нас како жители на главниот град … Сето она што ќе биде зацртано во програмата ќе дадам се од себе во четири години мандат да биде реализирано. Тука ќе има и проекти со поддршка на Владата од која очекуваме силна поддршка и веруваме дека ќе има многу реализирани проекти. Скопје ќе биде претворено во едно големо градилиште, тоа што, за жал, не е слика за Скопје денес, истакна Ѓорѓиевски.
Поддршката од неговата партија да биде кандидиран за градоначалник на Скопје, како што рече, е најголем предизвик во неговиот живот. Му се заблагодари на лидерот на партијата Мицкоски од кого рече ја има најголемата помош и досега при водењето на општина Кисела Вода и, рече, верува дека таа помош и поддршка ќе ја има и во перспектива насочена кон градот Скопје.
-Апсолутно сум свесен во каква состојба се наоѓа градот Скопје, апсолутно сум свесен за девастираноста на градот, за сивилото што владее и во кое живееме сите скопјани, но исто така сум спремен по изборите повторно да го воскреснам Скопје и конечно Скопје да стане град за достоинствен живот за сите наши сограѓани, град без делби. Јас ќе останам достапен и близок за сите граѓани од Скопје. Не очекувајте да бидам салонски политичар зашто и во мојата општина Кисела Вода во изминатите четири години покажав дека често сум во населените места и меѓу граѓаните и секогаш подготвен да ги ислушам нивните потреби и барања. Така ќе биде и во градот Скопје, ве уверувам во тоа. Ја барам поддршката од сите скопјани, без разлика на политичка припадност, вера и нација. За мене постојат само скопјани кои си го сакаат градот или не си го сакаат градот, изјави Ѓорѓиевски на заедничката прес-конференција со Мицкоски.
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ и премиер Христијан Мицкоски ја соопшти одлуката на Извршниот комитет за која соопшти дека се темели на анкетите кои покажуваат дека „Орце Ѓорѓиевски води убедливо дури и петпати повеќе во однос на решенијата што се споменуваат од СДСМ“.
Одлуката, рече Мицкоски, се темели и на тоа што како градоначалник на Кисела Вода Ѓорѓиевски е „докажан работник со резултати“, дека „и умее и сака да работи за граѓаните“.
Посочи дека ќе ја има поддршката од Владата и ќе понудат програма со што ќе бидат решени проблемите на градот „превозот, хигиената, урбаниот хаос“.
-Орце го познавам многу долго време и знам дека е исклучително мотивиран, најпрвин да победи, а потоа и да победува секој ден за градот Скопје и за скопјани. Тој е отворен, посветен и достапен работник кој решава проблеми. Нова енергија каква што му е потребна на Скопје после четиригодишно девастирање и замреност на градот. Ги научивме сите лекции за да не погрешиме и сега повторно во изборот на прв човек на градот. Пред се, затоа што Орце е веќе докажан работник и делата што ги направи во Кисела Вода говорат за него. Сега ќе има нова задача – да го развива Скопје, да ја нормализира неговата работа и да го врати на скопјани. Убеден сум дека со заедничка работа со централната власт, со Владата, за Скопје доаѓаат добри денови, решавање на клучните проблеми – превозот, хигиената, урбаниот хаос, истакна Мицкоски.
Во државава активни се шест пожари на отворео, денеска заклучно со 18 часот се регистрирани 17, покажува информацијата од веб страницата на Центарот за управување со кризи за состојбата со пожарите. Еден пожар е локализиран, а десет се изгаснати.
Активни се пожарите во Општина Чучер Сандево, помеѓу село Блаце и село Чучер, каде гори ниска вегетација и мешана шума, а поради непристапност на теренот се интервенира со воздушна поддршка, во село Инџиково во општина Гази Баба (ниска вегетација и стрниште), во проилепското село Бешиште (приземен во квалитетна мешана шума), во село Црешнево во Македонски Брод (деградирана дабова шума и грмушки), во Општина Чашка: под Солунска Глава, помеѓу Изворите на Бабуна и Бабина Дупка (шумски пожар, без активен пламен, само чад – карпест терен), како и во валандовското село Грчиште (ниска вегетација и нискостеблеста шума).
Локализиран е пожар на градската депонија Делчево, а изгаснати се пожари во општините Карбинци: помеѓу с. Таринци и с. Радање (ниска вегетација и стрниште), Пробиштип: с. Долни Стубол (ниска вегетација), Гостивар: културен дом Гостивар (ниска вегетација), Тетово: с. Мала Речица (ниска вегетација), Прилеп: новите гробишта Прилеп (ниска вегетација), Велес: с. Оризари (ниска вегетација, стрниште и дабова шума), Куманово 1: ул. „Никола Тесла“ (ниска вегетација), Куманово 2: место викано Ново Куманово (ниска вегетација), Шуто Оризари: нас. Визбегово (депонија) и Кисела Вода: ул. „Христо Татарчев“ (ниска вегетација).
Евакуирани се пациентите и вработените во Психијатриската болница во Бардовци поради пожар. Како што информираат од Центарот за управување со […]
The post ЕВАКУИРАНА ПСИХИЈАТРИСКАТА БОЛНИЦА ВО БАРДОВЦИ ПОРАДИ ПОЖАР КОЈ СЕ ПРОШИРИЛ ОД НАСЕЛБАТА ГЕГЕ И ГО ЗАФАТИЛ ДВОРОТ appeared first on Сакам Да Кажам.
Вчера на 62 години почина новинарката и радиоводителка Валентина Базерко, соопшти Здружението на новинари. Новинарската кариера ја започнала во весникот […]
The post ПОЧИНА НОВИНАРКАТА ВАЛЕНТИНА БАЗЕРКО appeared first on Сакам Да Кажам.
Повеќе од 15.000 километри, од спротивната страна на светот, од среде Тихиот Oкеан, патувала статуа моаи до Велес за Меѓународниот […]
The post РЕПЛИКА НА СКУЛПТУРАТА МОАИ ПАТУВАШЕ 15.000 КИЛОМЕТРИ ОД ВЕЛИГДЕНСКИ ОСТРОВ ДО ВЕЛЕС ЗА ФОЛКЛОРНИОТ ФЕСТИВАЛ appeared first on Сакам Да Кажам.
We've detected that you are using AdBlock Plus or some other adblocking software which is preventing the page from fully loading.
We don't have any banner, Flash, animation, obnoxious sound, or popup ad. We do not implement these annoying types of ads!
We need money to operate the site, and almost all of it comes from our online advertising.
Please add tvstanici.net to your ad blocking whitelist or disable your adblocking software.