24 Анализа – Состојбата со Ковид 19 во земјава се смирува

Трудниците кои беа ослободени од работа поради пандемијата, сега да се вратат на работните места, бидејќи состојбата со коронавирусот во земјава се смирува – препорача Комисијата за заштита од заразни болести. Падот на новозаразени допринесе за уште еден предлог, односно за излез од земјава граѓаните да не треба да приложат сертификат за вакцина, ПЦР тест […]

Read More

Почина Хосе Мухика, поранешен претседател на Уругвај

Почина поранешниот претседател на Уругвај, Хосе „Пепе“ Мухика (89), култна фигура поради неговиот скромен начин на живот, откако ја загуби битката со ракот, соопшти владата во Монтевидео. „Со длабока тага, објавуваме дека почина нашиот другар Пепе Мухика. Претседател, активист, водич и лидер. Многу ќе ни недостигаш, стар пријателе“, рече актуелниот лидер на земјата, Јаманду Орси, …

Почина Хосе Мухика, поранешен претседател на Уругвај Read More »

The post Почина Хосе Мухика, поранешен претседател на Уругвај appeared first on Независен Весник.

Read More

Песков: Руската делегација ќе ја чека украинската страна в четврток во Истанбул

 Руската делегација ќе ги чека украинските претставници во Истанбул, изјави портпаролот на рускиот претседател, Дмитриј Песков, за телевизијата „Росија 1“. „Нашата делегација ќе биде таму и ќе ја чека украинската страна“, изјави портпаролот на Кремљ. Тој не го откри составот на преговарачката група од руска страна, ниту пак го прецизираше времето на почетокот на состанокот. 

The post Песков: Руската делегација ќе ја чека украинската страна в четврток во Истанбул appeared first on Независен Весник.

Read More

Вечерва заседава извршниот комитет на ВМРО ДПМНЕ

Владејачката ВМРО ДПМНЕ вечерва на извршен комитет ја анализира политичката состојба откако Таравари ја напушти владината коалиција.

Фото за вовед: 
Категорија: 
Новинар: 
Read More

Мерц: ЕУ ќе воведе построги санкции кон Русија доколку неделава во Истанбул нема напредок во преговорите

Европската унија е подготвена да воведе построги санкции против Русија доколку оваа недела не се постигне напредок во преговорите за прекин на војната во Украина, изјави денеска германскиот канцелар Фридрих Мерц, наведувајќи дека веќе е подготвен нов пакет санкции.

Мерц на прес-конференција по разговорите со неговиот грчки колега Киријакос Мицотакис во Берлин изјави дека Брисел чека рускиот претседател Владимир Путин да се вклучи во преговорите и дека санкциите ќе бидат заострени доколку неделава не се постигне вистински напредок во преговорите, пренесоа британските медиуми.

Германскиот канцелар изјави дека ЕУ ќе разгледа и воведување нови санкции против Русија во областа на енергетиката и финансискиот пазар.

Мерц оцени дека би било неразумно доколку украинскиот претседател Володимир Зеленски се согласи на нови компромиси во врска со преговорите и изјави дека се согласува Зеленски во четврток да се сретне со руските претставници.

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, денеска изјави дека продолжуваат подготовките на Русија за преговорите со Украина во Истанбул. Тој истакна дека Кремљ засега не планира да дава други коментари за планираната руско-украинска средба во Истанбул.

Путин предложи продолжување на директните преговори со Украина без предуслови, кои беа прекинати во 2022 година, и дијалогот да започне на 15 мај во Истанбул. Зеленски,пак, се согласи на разговорите во Турција на 15 мај, но од самиот почеток рече дека сака лична средба со Путин. Русија сè уште не објави на кое ниво ќе учествува на средбата.

Read More

Македонија ги дозна можните ривали за квалификациите за СП 2027

Ако ја мине првата фаза, односно претквалификациите за Светскиот Куп, машката сениорска репрезентација на Македонија ќе игра во една од двете извлечени групи од оној главен дел од квалификациите за настап на Мундобаскетот во 2027 година кој ќе се одржи во Катар.

Вечерва во Доха, беа извлечени натпреварувачките групи преку кои ќе се одвиваат квалификациите во европската зона за пласман на Светскиот Куп.

Европскиот дел од светската кошарка ќе биде претставуван со вкупно 12. национални селекции од Стариот континент на завршниот турнир.

Системот за натпреварување вели дека вкупно 32. европски селекции ќе бидат поделени во осум групи.

По шест одиграни натпревари, провласираните три продолжуваат во следната фаза, поделени во четири новоформирани групи, од каде првопласираните три обезбедуваат место на Мундобаскетот во Катар 2027 година.

Македонија е една од 12.селекции кои че играта во претквалификациите за место во главната квалификациска рунда за Светкиот Куп. Дел е од групата „Б“ во која се уште и националните тимови на Романија и Унгарија. Во периодот од 2. до 20. август, овите три селекции ќе се борат за две позиции кои обезбедуваат „премин“ во квалификациите.

Првопласираната селекција од оваа „Б“ претквалификациска група за противник во квалификациите ќе ги има репрезентациите од групата „Б“ во која се Грција, Црна Гора и Португалија.

Второпласираната селекција од нашата група пак за ривали во квалификациите ќе ги има репрезентациите од групата „Г“, во која „се сместија“ Франција, Финска и Белгија.

КВАЛИФИКАЦИИ ЗА СВЕТСКИ КУП 2027 – НАТПРЕВАРУВАЧКИ ГРУПИ

ГРУПА А: Шпанија, Грузија, А група-претквалификации-победник, Д група-претквалификации-второпласиран

ГРУПА Б: Грција, Црна Гора, Б група-претквалификации-победник (МАКЕДОНИЈА, Романија, Унгарија), Португалија

ГРУПА Ц: Србија, Турција, БиХ, A група-претквалификации-второпласиран

ГРУПА Д: Литванија, Италија, Велика Британија, Исланд

ГРУПА Е: Германија, Израел, Кипар, Д група-претквалификации-победник

ГРУПА Ф: Летонија, Полска, Ц група-претквалификации-второпласиран, Ц група-претквалификации-победник

ГРУПА Г: Франција, Финска, Белгија, „Б“ група-претквалификации-второпласиран (МАКЕДОНИЈА, Романија, Унгарија)

ГРУПА Х: Словенија, Чешка, Шведска, Естонија

Read More

Македонските граѓани кои планираат да патуваат од аеродромот во Тирана, на 15 и 16 мај треба да пристигнат 3 часа пред летот

Меѓународниот аеродром во Тирана, чии услуги  ги користат голем број македонски државјани објави „итно известување“ за патниците кои треба да патуваат на 15 и 16 мај.

Раководството на аеродромот ги советува патниците кои ќе патуваат во споменатите два дена да се пријават на аеродромот најмалку 3 часа пред нивниот лет.

-На 15 и 16 мај Тирана ќе биде домаќин на Самитот на Европската политичка заедница, со учество на лидери од цела Европа. Поради безбедносни мерки и затворање на патишта се очекуваат застои и густ сообраќај. На патниците кои патуваат на овие датуми им се препорачува да планираат однапред и да се пријават на аеродромот најмалку 3 часа пред летот, стои во известувањето.

На аеродромот во Тирана во првиот квартал од годинава регистрирани се 2.083.050 патници, или 9,1 отсто повеќе, споредено со истиот период минатата година кога имаше над 1,9 милиони патници.

Освен албански, услугите на аеродромот, во голем број, ги користат и македонските, косовските и црногорските граѓани. Минатата година над 120 илјади македонски државјани пристигнале или отпатувале кон некоја од многубројните дестинации.

Read More

Вучиќ по средбата со Кошта: Атмосферата за отворање поглавја во ЕУ „не е многу добра“

Српскиот претседател Александар Вучиќ денес изјави дека е свесен дека многу функционери во Европската унија не ја одобруваат неговата неодамнешна посета на Москва, но дека се надева дека ќе бидат разбирачки и дека Белград наскоро ќе може да го отвори третиот кластер. По разговорот со претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта, во Палатата на Србија, […]

Source

Read More