Може ли Еди Рама да стане премиер по четврти пат? – Во Центар

ИЗВОР: ВО ЦЕНТАР Албанија гласа на парламентарни избори: Може ли Еди Рама да стане премиер по четврти пат? – Во Центар НасловнаБалканАлбанија гласа на парламентарни избори: Може ли Еди Рама да стане премиер по четврти пат? You cannot print contents of this website.

Read More

24 анализа – Може ли да се очекува зголемена смртност од новиот сој на коронавирусот?

Ситуацијата со вакцинацијата од коронавирус го окупира вниманието на јавноста. Возбудата e уште поголема откако надлежните вчера соопштија дека и кај нас е присутен Британскиот сој на коронавирус. Британскиот сој го има во Србија, Словенија. По што се разликува оваа мутација, овој сој на вирусот? Се распознава ли клинички, по симптомите? Може ли да се […]

Read More

24 анализа – Сред пандемија од корона одржавме избори, дали ќе успееме и да се преброиме?

Во светот е статистичка операција, во Македонија политичка, во светот на една рака се бројат земјите кои 20 години не направиле пребројување на населението, за Македонија тоа е реалност од 2002. Сред пандемија од корона одржавме избори, дали ќе успееме и да се преброиме? Но и кој се ќе влезе во вкупната бројка? Колку декларацијата […]

Read More

24 анализа – Амнестија или помирување за кого и со кого?

Амнестија или помирување за кого и со кого? Уставни амандмани за договорот од Преспа или надградени проширени измени со албански барања. Ќе се отвори ли Пандорината кутија за највисокиот правен акт или острите пораки на релација Заев-Касами ќе останат само вербален конфликт? Колку барањето на Ахмети во преамбулата на уставот да влезе и Охридскиот договор […]

Read More

Цела публика на нозе на фантастичниот концерт на Влатко Стефановски со гостинот Бајага во Скопје (фото)

Легендарниот Влатко Стефановски прослави 50 години кариера со одличен тричасовен концерт во Филхармонија, кој беше исполнет докрај, како последна станица од регионалните концерти со специјални гости. Гитарскиот виртуоз заедно со бендот одржа еден вид мастерклас и на верната публика ѝ се одолжи со концерт за паметење, кој почна елегично и медитативно, а заврши бравурозно со …

Цела публика на нозе на фантастичниот концерт на Влатко Стефановски со гостинот Бајага во Скопје (фото) Read More »

The post Цела публика на нозе на фантастичниот концерт на Влатко Стефановски со гостинот Бајага во Скопје (фото) appeared first on Независен Весник.

Read More

Песков: Русија ќе го разгледа предлогот за триесетдневен прекин на огнот во Украина

Русија ќе го разгледа предлогот за триесетдневен прекин на огнот во Украина, изјави денеска портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

„Мораме да размислиме за ова. Ова е нов развој на настаните. Имаме свој став“, рече Песков.

Тој истакна дека Киев не одговорил на предлогот на рускиот претседател Владимир Путин за тридневен прекин на огнот за Денот на победата.

„Коалицијата на подготвените“ денеска во Киев го поддржа предлогот за триесетдневен прекин на огнот во Украина, а американскиот претседател Доналд Трамп претходно се закани со санкции ако Путин не се согласи.

Read More

Германија ќе престане да објавува детали за воената помош за Украина

Германскиот канцелар Фридрих Мерц денеска изјави дека германската Влада ќе престане да објавува детали за воената помош за Украина.  „Под мое водство, дебатата за испораките на оружје, калибарот, системите за оружје и така натаму, ќе биде далеку од очите на јавноста“, рече Мерц во Киев.  Извори претходно за Ројтерс изјавија дека јавните информации за испораката …

Германија ќе престане да објавува детали за воената помош за Украина Read More »

The post Германија ќе престане да објавува детали за воената помош за Украина appeared first on Независен Весник.

Read More

Одбележана 10 годишнина од настаните во Диво Насеље

Пред споменикот на херојот Горан Стојменовиќ во населеното место Инџиково денеска се оддржа настан за одбележување на 10 годишнината од настаните во кумановско Диво Насеље, кои се случија во 2015 година.

На настанот, како што информираат од општина Гази Баба, пред присутните се обратија министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, градоначалникот на општина Гази Баба Бобан Стефковски и член на семејството на Горан Стојменовиќ.

-Никогаш во ниедна страница на македонската историја, нема да избели споменот на кобниот мај пред 10 години, денот кога нашите македонски јунаци, припадници на Министерството за внатрешни работи ги положија своите животи во жестокиот судир за одбрана на нашата татковина, истакна министерот Тошковски.

Градоначалникот Стефковски, нагласи дека Македонија загуби осум свој синови, луѓе со имиња, семејства и соништа.

-Тоа беа луѓе кои облекоа униформа не поради должност, туку поради верба дека Македонија колку и да е мала, заслужува мир, безбедност, а пред и над се достоинство! Нивната жртва не е само симбол на трагедија. Таа е симбол на храброст и љубов кон татковината, изјави Стефковски.

Во знак на длабока почит и сеќавање, по повод 10-годишнината од трагичните настани во Диво Насеље, беа пуштени 8 бели балони кон небото – симбол на чест, мир и благодарност. На секој балон беше испишано името на еден од нашите херои кои го положија својот живот за татковината.

Овој чин е тивка, но моќна порака дека нивната жртва не е заборавена. Белите балони го прободеа небото како симбол на нивната вечна слобода и нашата трајна должност да се сеќаваме. Нека се издигне нашето сеќавање – нека лета нивната храброст, се вели во соопштението.

Read More

Индија и Пакистан потврдија за договорен прекин на огнот со посредство на САД

Индија и Пакистан потврдија дека е договорен прекин на огнот. Прекинот на огнот стапува во сила денеска, објавија светските агенции.

Претходно американскиот претседател Доналд Трамп рече дека Индија и Пакистан се согласија за целосен прекин на огнот, по разговорите со посредство на САД.

„По долга ноќ разговори со посредство на САД, со задоволство објавувам дека Индија и Пакистан се согласија за целосен прекин на огнот веднаш. Им честитам на двете земји за користењето на здрав разум и големата интелигенција“, објави Трамп на мрежата Трут Соушл.

Read More

Фон дер Лајен, Макрон и Мерц: Построги санкции ако Русија одбие примирје

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен денеска го поддржа предлогот за безусловен 30-дневен прекин на огнот во Украина и порача дека ЕУ е подготвена да воведе дополнителни санкции против Русија, доколку примирјето биде прекршено.

„Топката сега е на теренот на Русија“, напиша Фон дер Лајен на социјалната мрежа „Икс“.

„Подготвени сме да го задржиме силниот притисок врз Русија и да воведеме дополнителни санкции доколку примирјето биде прекршено“, изјави таа.

Францускиот претседател Емануел Макрон повика на директни преговори меѓу Украина и Русија во рамките на 30-дневниот прекин на огнот.

-Ако се постигне примирје од 30 дена, ќе започнеме директни разговори меѓу Украина и Русија. Подготвени сме да помогнеме, изјави Макрон за француските медиуми, предупредувајќи дека ако Москва не го прифати примирјето, ќе има дополнителни „многу построги“ санкции.

Германскиот канцелар Фридрих Мерц, исто така, ја предупреди Русија на сериозни последици доколку го одбие 30-дневниот прекин на огнот и последователните мировни преговори за запирање на војната.

-Ќе има масивно заострување на санкциите и дополнителна поддршка за Украина, вклучувајќи политичка, финансиска и воена помош, изјави Мерц за весникот „Билд“.

Тој истакна дека Соединетите Американски Држави ќе ја поддржат оваа мерка, додавајќи дека трпението на американскиот претседател Доналд Трамп кон рускиот претседател Владимир Путин се намалува во обидите да се стави крај на повеќегодишната војна.

„Топката сега е кај Путин, и тој треба да одговори на овој предлог“, нагласи Мерц.

Read More