Карни на средбата со Трамп: Канада никогаш нема да биде на продажба

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска ги започна првите разговори со канадскиот премиер Марк Карни, ветувајќи дека ќе ги покрене „тешките точки“ што ги разделуваат двете земји откако Трамп воведе царини. Средбата во Овалната соба започна со насмевки и ракување, и покрај изјавите на Трамп дека сака Канада да стане 51-ва американска држава, предлог што ги влоши билатералните односи.

Темата брзо беше покрената кога двајцата лидери одговараа на прашања од новинарите. – Нема да разговараме за тоа освен ако некој не сака да дискутира, рече Трамп, додавајќи: Тоа би бил прекрасен брак. Карни решително го отфрли предлогот:  Канада не е на продажба, никогаш нема да биде на продажба, му рече тој на Трамп. – Никогаш не вели никогаш, одговори Трамп.

На прашањето за неговите претходни изјави дека Канада може да стане 51-ва држава, Трамп рече: За танго се потребни двајца и наброја низа придобивки што, според него, Канаѓаните би ги добиле, но Карни одговори внимателно: „Како што знаете од недвижности, некои места никогаш не се на продажба. Сега сме во едно такво место – не е на продажба“.

Трамп, чија царинска политика ги вознемири светските пазари, рече дека со Карни ќе разговараат за „тешки точки“, алудирајќи на неговото убедување дека САД можат без канадски производи. „Без оглед на сè, ќе останеме пријатели со Канада“, додаде тој.

Карни, чија Либерална партија победи на изборите на 28 април со ветувања за справување со политиките на Трамп и создавање нова економска и безбедносна врска со САД, беше избран за лидер во март, заменувајќи го Џастин Трудо, кој имаше лоши односи со Трамп.

Кратко пред пристигнувањето на Карни, Трамп објави на социјалните мрежи: „Многу сакам да работам со него, но не можам да разберам една едноставна ВИСТИНА – зошто Америка ја субвенционира Канада со 200 милијарди долари годишно, плус им дава БЕСПЛАТНА воена заштита и многу други работи? Не ни требаат нивните автомобили, енергија, дрвна граѓа, НИШТО од она што го имаат, освен нивното пријателство, кое се надеваме ќе го задржиме. Тие, од друга страна, имаат потреба од СЀ од нас!“

Трамп, очигледно, алудираше на трговскиот дефицит на САД со Канада, главно поради увозот на канадска нафта, иако канадскиот трговски суфицит во 2024 година изнесуваше 102,3 милијарди канадски долари (74,25 милијарди американски долари).

На прашање дали Карни може да го убеди да ги укине царините, Трамп одговори: „Не.“ Запрашан зошто, тој рече: Е па така.

Канада е вториот најголем трговски партнер на САД по Мексико и најголемиот извозен пазар за американски производи, со трговија од над 760 милијарди долари минатата година.

Американското Министерство за трговија денеска објави дека трговскиот суфицит на Канада со САД во март се намалил на најниско ниво во последните пет месеци, кога царините на Трамп за челик и алуминиум од 25 отсто стапија во сила. Канадскиот извоз во САД падна за 3,7 милијарди долари, втор најголем пад во историјата. Сепак, канадските податоци покажаа дека овој пад беше речиси компензиран со зголемен извоз во други земји, бидејќи канадските компании бараа нови пазари.

По јавниот дел од средбата, Трамп и Карни продолжија со приватни разговори и заминаа на ручек, без присуство на медиуми. 

Read More

Средба на Мицкоски со претставници на Вреди вечерва во Владата

Вечерва во Владата се одржува средба на премиерот и лидер на владејачката ВМРО-ДПМНЕ и претставниците на коалицијата Вреди (Влен). Засега нема информација за темите за кои ќе се разговара на состанокот, но тој доаѓа по најновите случувања во коалицијата Вреди, откако претседателот на крилото на Алијансата за Албанците Арбен Таравари најави дека на следните локални […]

Source

Read More

Мицкоски се сретна со лидерите на „Влен“, средбата поминала во конструктивна атмосфера

Во Владата попладнево се одржа средба на премиерот Христијан Мицкоски со лидерите на коалицијата „Вреди“ Биљал Касами, Изет Меџити и Зеќирја Ибрахими. Средбата, според информациите од Владата, поминала во конструктивна амтосфера, пријателски и партнерски дух. Се разговарало за сите реформски прашања, за борбата против криминалот и промените во системот што го оставиле СДСМ и ДУИ. […]

Source

Read More

Сиљановска-Давкова се сретна со претставници на „Поддршка за Кочани“

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова прими претставници на неформалната група на млади „Поддршка за Кочани“. Навраќајќи се на страотниот пожар на 16 март, тие манифестираа решеност заедно да направат сé што можат за да им помогнат на семејствата на починатитите, на повредените и нивните блиски, но и на градот Кочани за да се надминат тешките проблеми и […]

Source

Read More

ФФМ остро реагира по инцидентот на натпреварот Кожуф – Башкими: Срамно и неприфатливо однесување на теренот, ќе има санкции

Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) со длабоко разочарување и огорченост го следеше натпреварот помеѓу ФК Кожуф и ФК Башкими од Втора МФЛ. Сцените што сите ги видовме на теренот и однесувањето на поединци претставуваат директна навреда за фудбалот, за фер-плејот и за сите што со чесна намера учествуваат во спортот. Она што го видовме е […]

Source

Read More

Референдумско отповикување на градоначалници, воведување комунална полиција – Измените на Законот за локална самоуправа поминаа на Влада

Предлог-измените на Законот за локална самоуправа денеска поминаа на владина седница. Со нив, меѓу другото се предвидува референдумско отповикување на градоначалници, воведување на комунална полиција и поголемо учество на граѓанскиот сектор во носењето одлуки на локално ниво. Предлог-измените ќе бидат испратени во собраниска процедура и доколку бидат донесени до летово ќе важат за новите градоначалници […]

Source

Read More

24 анализа – Што се треба да исполни Македонија за членство во ЕУ и НАТО?

Македонија доби условен датум за почеток на преговори со ЕУ во јуни следната година. За власта успех, за опозицијата капитулација. Што се ќе треба да исполни Македонија? Во 24 Анализа гостуваат, Стево Пендаровски, национален координатор на НАТО и поранешните амбасадори Љупчо Арсовски и Мухамед Халили. 24 Анализа на 24 Телевизија

Read More

КАНАДА НИКОГАШ НЕМА ДА БИДЕ НА ПРОДАЖБА, КАЖА ПРЕМИЕРОТ КАРНИ ВО БЕЛАТА КУЌА, ТРАМП МУ ОДГОВОРИ НИКОГАШ НЕ ВЕЛИ НИКОГАШ

Канадскиот премиер Марк Карни за првпат ја посети Белата куќа и јасно му стави на знаење на Доналд Трамп дека […]

The post КАНАДА НИКОГАШ НЕМА ДА БИДЕ НА ПРОДАЖБА, КАЖА ПРЕМИЕРОТ КАРНИ ВО БЕЛАТА КУЌА, ТРАМП МУ ОДГОВОРИ НИКОГАШ НЕ ВЕЛИ НИКОГАШ appeared first on Сакам Да Кажам.

Read More

ВО ПРЕСРЕТ НА 99. РОДЕНДЕН, ДЕЈВИД АТЕНБОРО ВЕЛИ ДЕКА ГО ОБЈАВУВА ЕДЕН ОД НАЈВАЖНИТЕ ФИЛМОВИ ВО НЕГОВАТА КАРИЕРА

Сер Дејвид Атенборо вели дека ќе го објави еден од најважните филмови во својата кариера, како што навлегува во својата […]

The post ВО ПРЕСРЕТ НА 99. РОДЕНДЕН, ДЕЈВИД АТЕНБОРО ВЕЛИ ДЕКА ГО ОБЈАВУВА ЕДЕН ОД НАЈВАЖНИТЕ ФИЛМОВИ ВО НЕГОВАТА КАРИЕРА appeared first on Сакам Да Кажам.

Read More

24 анализа – Кој губи, а кој профитира од сеггашната криза во економијата?

Гости се министерот за економија Крешник Бектеши, Менди Ќира од Стопанска комора на Северозападна Македонија, бизнисменот Трајче Трајков и Орце Симов од ССК. 24 Анализа на 24 Телевизија

Read More