Македонија ги дозна можните ривали за квалификациите за СП 2027

Ако ја мине првата фаза, односно претквалификациите за Светскиот Куп, машката сениорска репрезентација на Македонија ќе игра во една од двете извлечени групи од оној главен дел од квалификациите за настап на Мундобаскетот во 2027 година кој ќе се одржи во Катар.

Вечерва во Доха, беа извлечени натпреварувачките групи преку кои ќе се одвиваат квалификациите во европската зона за пласман на Светскиот Куп.

Европскиот дел од светската кошарка ќе биде претставуван со вкупно 12. национални селекции од Стариот континент на завршниот турнир.

Системот за натпреварување вели дека вкупно 32. европски селекции ќе бидат поделени во осум групи.

По шест одиграни натпревари, провласираните три продолжуваат во следната фаза, поделени во четири новоформирани групи, од каде првопласираните три обезбедуваат место на Мундобаскетот во Катар 2027 година.

Македонија е една од 12.селекции кои че играта во претквалификациите за место во главната квалификациска рунда за Светкиот Куп. Дел е од групата „Б“ во која се уште и националните тимови на Романија и Унгарија. Во периодот од 2. до 20. август, овите три селекции ќе се борат за две позиции кои обезбедуваат „премин“ во квалификациите.

Првопласираната селекција од оваа „Б“ претквалификациска група за противник во квалификациите ќе ги има репрезентациите од групата „Б“ во која се Грција, Црна Гора и Португалија.

Второпласираната селекција од нашата група пак за ривали во квалификациите ќе ги има репрезентациите од групата „Г“, во која „се сместија“ Франција, Финска и Белгија.

КВАЛИФИКАЦИИ ЗА СВЕТСКИ КУП 2027 – НАТПРЕВАРУВАЧКИ ГРУПИ

ГРУПА А: Шпанија, Грузија, А група-претквалификации-победник, Д група-претквалификации-второпласиран

ГРУПА Б: Грција, Црна Гора, Б група-претквалификации-победник (МАКЕДОНИЈА, Романија, Унгарија), Португалија

ГРУПА Ц: Србија, Турција, БиХ, A група-претквалификации-второпласиран

ГРУПА Д: Литванија, Италија, Велика Британија, Исланд

ГРУПА Е: Германија, Израел, Кипар, Д група-претквалификации-победник

ГРУПА Ф: Летонија, Полска, Ц група-претквалификации-второпласиран, Ц група-претквалификации-победник

ГРУПА Г: Франција, Финска, Белгија, „Б“ група-претквалификации-второпласиран (МАКЕДОНИЈА, Романија, Унгарија)

ГРУПА Х: Словенија, Чешка, Шведска, Естонија

Read More

Македонските граѓани кои планираат да патуваат од аеродромот во Тирана, на 15 и 16 мај треба да пристигнат 3 часа пред летот

Меѓународниот аеродром во Тирана, чии услуги  ги користат голем број македонски државјани објави „итно известување“ за патниците кои треба да патуваат на 15 и 16 мај.

Раководството на аеродромот ги советува патниците кои ќе патуваат во споменатите два дена да се пријават на аеродромот најмалку 3 часа пред нивниот лет.

-На 15 и 16 мај Тирана ќе биде домаќин на Самитот на Европската политичка заедница, со учество на лидери од цела Европа. Поради безбедносни мерки и затворање на патишта се очекуваат застои и густ сообраќај. На патниците кои патуваат на овие датуми им се препорачува да планираат однапред и да се пријават на аеродромот најмалку 3 часа пред летот, стои во известувањето.

На аеродромот во Тирана во првиот квартал од годинава регистрирани се 2.083.050 патници, или 9,1 отсто повеќе, споредено со истиот период минатата година кога имаше над 1,9 милиони патници.

Освен албански, услугите на аеродромот, во голем број, ги користат и македонските, косовските и црногорските граѓани. Минатата година над 120 илјади македонски државјани пристигнале или отпатувале кон некоја од многубројните дестинации.

Read More

Вучиќ по средбата со Кошта: Атмосферата за отворање поглавја во ЕУ „не е многу добра“

Српскиот претседател Александар Вучиќ денес изјави дека е свесен дека многу функционери во Европската унија не ја одобруваат неговата неодамнешна посета на Москва, но дека се надева дека ќе бидат разбирачки и дека Белград наскоро ќе може да го отвори третиот кластер. По разговорот со претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта, во Палатата на Србија, […]

Source

Read More

Муцунски: ВМРО-ДПМНЕ нема намера да соработува со некој што е близок со ДУИ

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, во последното интервју истакна дека доколку Арбен Таравари има намера да соработува со ДУИ, тогаш ВМРО-ДПМНЕ нема да соработува со него, притоа посочи дека Владата е стабилна и работи транспарентно и посветено на реформите во Македонија. „Владата е стабилна, владиното мнозинство е стабилно, Владата работи посветено […]

Source

Read More

Ристески: Таравари се враќа во прегратките на луѓето кои го осакатија државниот буџет во изминатите години

Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Петар Ристески, во последната дебата со портпаролката на СДСМ Богданка Кузевска, дискутираше за актуелната тема деновиве, за напуштањето на Владата од страна на министерот за здравство Арбен Таравари. На самиот почеток пратеникот истакна дека оваа одлука е на Таравари но не и на неговата партија, и нагласи дека Таравари ја променил твојата […]

Source

Read More

Рјабков: Русија и Украина би можеле во Истанбул да разговараат за одржлив мир

Русија и Украина би можеле на 15 мај во Истанбул да разговараат за тоа како да обезбедат одржлив мир, како и за реалноста на терен, вклучувајќи го и прашањето за териториите, изјави денеска заменик-министерот за надворешни работи на Русија, Сергеј Рјабков.

Тој наведе дека Русија е подготвена сериозно и одговорно да преговара, но оти „сегашните политичари во Киев се неспособни за преговори“.

Рјабков наведе дека темите во Истанбул ќе бидат исти како оние за кои многупати се зборувало, а тоа е како да се обезбеди сигурно, одржливо решение за ситуацијата во Украина, пред сè, со решавање на примарните извори на тој конфликт, и истакна дека исто така мора да се разговара за решавање на прашањата поврзани со „денацификација на киевскиот режим“ и признавање на реалноста на терен, „вклучувајќи го влезот на нови територии во составот на Руската Федерација“.

Рјабков им рече на новинарите дека е рано да се даваат прогнози кога се во прашање преговорите. Тој оцени дека треба да се упати прашање до „спонзорите на киевскиот режим“ и до самиот Киев дали се подготвени за преговори.

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, денеска изјави дека продолжуваат подготовките на Русија за преговори со Украина во Истанбул. Песков напомена дека Кремљ засега не планира да дава какви било други коментари за планираниот руско-украински состанок во Истанбул.

Путин предложи продолжување на директните преговори со Украина без предуслови кои беа прекинати во 2022 година и дијалогот да почне на 15 мај во Истанбул. Зеленски се согласи на разговори во Турција на 15 мај, но од самиот почеток говореше дека сака лична средба со Путин. Русија сè уште не соопшти на кое ниво ќе учествува.

Read More

Кремљ не кажува дали Путин лично ќе учествува во преговорите во Турција

Русија ќе соопшти кој ќе учествува на предложените мировни преговори во Турција кога претседателот Владимир Путин ќе смета дека е соодветно, изјави денеска портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков. Тој одби да коментира дали самиот Путин ќе присуствува на преговорите. Инаку, рускиот претседател во неделата предложи директни разговори со Украина за прекин на војната, по што […]

Source

Read More

КОС: Инструментот за раст за Западен Балкан е клучен механизам за забрзување на економското приближување кон ЕУ

Реформите кои ги спроведува владата добиваат признание од Брисел. Конкретно, од страна на еврокомесарката за проширување Марта Кос, која изјави дека инструментот за реформи и раст од шест милијарди евра може значително да го забрза развојот и евроинтеграцијата на земјите од Западниот Балкан. Кос посочи дека Албанија, Македонија и Црна Гора веќе се придружија на […]

Source

Read More

24 анализа – Ќе биде ли среќен и македонскиот државно-партиски врв?

Метју Нимиц радосен за средбите во Македонија, по состаноците во Атина, ќе биде ли среќен и македонскиот државно-партиски врв откако медијаторот ќе го пренесе поздравот од грчките власти. Никос Коѕијас ја стокми спогодбата – во неа и промена на Уставот и проблематизирање на јазикот, вели ќе ја испорача во февруари. Од македонската Влада велат дека […]

Read More

УАПСЕН САМОПРОГЛАСЕНИОТ КРАЛ НА ГЕРМАНИЈА, ВЛАСТИТЕ ЈА ЗАБРАНИЈА НЕГОВАТА ОРГАНИЗАЦИЈА КАКО ЕКСТРЕМИСТИЧКА

Во координирани акции во седум германски покраини, околу 800 припадници на германските безбедносни сили го уапсија самопрогласениот крал на Германија […]

The post УАПСЕН САМОПРОГЛАСЕНИОТ КРАЛ НА ГЕРМАНИЈА, ВЛАСТИТЕ ЈА ЗАБРАНИЈА НЕГОВАТА ОРГАНИЗАЦИЈА КАКО ЕКСТРЕМИСТИЧКА appeared first on Сакам Да Кажам.

Read More