Tag: Сител Телевизија

Цената на нафтата од Северното море со драстичен скок, авиокомпаниите имаат гориво за уште 3 недели

Неизвеснот и загриженост владее на пазарите пред утрешните преговори  меѓу САД и Иран, кои треба да се одржат  во Пакистан.

Нафтата повторно се доближува до 100 долари за барел, индексот на европските,  азиските  и американските берзи благо порасна. Додека  Ормутскиот теснец останува затворен. Инвестоторите внимателно ја следат цената на нафтата, која служи како  барометар за економијата и движење на инфлацијата  

.- „Инвеститорите, секако, продолжуваат да ги следат случувањата во Ормутскиот теснец со нервозно исчекување. Доналд Трамп, соодветно, го критикуваше Иран за многу лоша работа. Се шпекулира дека ќе бидат воведени тарифи на поединечни бродови, или дека преминот на крајот ќе зависи од поединечните земји на бродовите. Како такви, инвеститорите продолжуваат да го следат Ормутскиот теснец, што е клучен фактор за цената на нафтата. Цената на нафтата неодамна остана постојано под 100 американски долари за барел. Инвеститорите се малку поубедени, а видовме неделен раст од 2,7% во оваа кратка поствелигденска недела.“ ,изајви Тим  Охснер, германски аналитичаа

Затворениот Ормутски тесенц  ја зголеми побарувачката на нафта од Северното море. Споре Фајненшл  Тајмс, нафтатат од типот Фортиз  Бленд, која е веднаш подготвена за испораката, достигна цена од 147 долари за барел , далеку повисока од 97 те долари колку што е рефернатната цена од типот Брент. Ова покажува дека  на светскиот пазар провладува став од недостиг, а  побарувачката е толку висока што ги пореметила и клучните механзими за тргување . Трговците велат дека не можеле да купуваат по таканаречените Це еф Де договори  инструмент која ја прати разликата помеѓу моментралната  и идна цена – бидејќи таа  разлика надминала 30 долари по барел.

Овие договореи служат  како заштита од растот на цената ,а трговците велат дека не се сеќаваат на слични ситуации како оваа до сега, па дел од транскациите ги прават надвор од службената берза.

Високиот притисок на пазарот покажува колку глобалната енергетска криза се продлабочува, наспроти оптимистичките пораки на американскиот претседател Трамп  дека Иран повторно ќе го отвори теснесот  низ кој поминува 20 отсто од светската нафта.

Ако не се отвори во целост  во рок од 3 недели , без гориво ќе останаат  европските  аеродроми . Авикомпаниите велат дека ги трошат последните залихи и  нивните добавувачи не можат да им гарантираат  испораки на гориво во мај. Затоа дел од нив почнаа со редуцирање на летовите, се додека не се отвори теснецот , низ кој  поминуваат дури 40 отсто од светските потреби  на гориво за авиони. .

Фото за вовед: 
Видео: 
Категорија: 
Read More

Алергиите кај деца во подем – кивање, чешање на очи и на нос

Продолжениот празничен викенд речиси го испразни градот но не и дежурните лекарски служби.  Во педијатрискиот пункт во поликлиниката Битпазар синоќа имале околу  40 прегледи, претежно кај доенчиња и деца на две и тригодишна возраст. Лекарите велат дека променливото време се уште е причина за горно респираторни инфекции но и алергиски реакции од полен.

-Се почеста ни е посетата од дечиња кои имаат симптоми на алергиски ринитис, алергиски конјуктивитис, односно симптом исо сешање на очи и на носото, кивање..но немаат некои потешки влошувања, немаат покачена температура туку серозна носна секреција и се во добра општа состојба, вели Д-р Каролина Ристова Стефановска, педијатар Здравствен дом Скопје

Освен вообичаените симптоми, лекарите предупредуваат дека пролетните алергени можат да предизвикаат и сериозни компликации како што е отежнато дишење и свирење во градите.

-Особено треба да бидеме внимателни овој период кај децата со хронични опструктивни болести а ги има многу, како што е на пример астма. Кај децата со астмас сезонските аларгени можат да доведат до влошување на состојбата како на пример отежнато дишење, засилена кашлица, вели д-р Стефановска.

Како превенција и заштита од алергените лекарите советуваат да се избегнува излегување рано наутро кога концентрацијата на полен е највисока, веднаш промена на облеката по враќање дома и одржување на хигиена на носот.

Фото за вовед: 
Категорија: 
Read More

ЕК: На над 27.000 лица им е одбиен влез во ЕУ преку новиот систем за гранична контрола

Од почетокот на етапното воведување на новиот систем за гранична контрола во Европската Унија лани во октомври, на над 27.000 лица им бил одбиен влезот во блокот, соопшти денеска Европската комисија. Меѓу лицата на кои им е забранет влезот, околу 700 претставувале директна закана за безбедноста.

„Од почетокот на примената регистрирани се над 52 милиони влегувања и излегувања. Комисијата го поздравува денешното целосно воведување на овој нов систем за влез во ЕУ и излез од блокот (EES)“, се наведува во соопштението. Благодарение на новата автоматизирана контрола, регистрирањето на еден патник трае во просек 70 секунди, што значително ја забрзува процедурата.

Системот ги заменува рачните печати и овозможува евиденција на личните и биометриските податоци, со цел полесно следење на пречекорувањата на престојот. Новите правила се однесуваат на државјани на трети земји кои не се членки на ЕУ или на Шенген-зоната (Исланд, Лихтенштајн, Норвешка и Швајцарија), а се применуваат за краткорочен престој до 90 дена.

Иако на почетокот на годината секторот за воздушен транспорт изрази незадоволство поради одложувањата, ЕК денеска потврди дека системот е успешно имплементиран на сите гранични премини на надворешните граници на ЕУ. 

Read More

Средба Мисајловски-Милер во Вашингтон: Инвестирањето во одбранбените капацитети останува наш врвен приоритет

Министерот за одбрана Владо Мисајловски во Вашингтон се сретна со директорот на Агенцијата за безбедносна соработка (АНС) на САД Мајк Милер.

-Значајни средби и стратешка соработка! Инвестирањето во одбранбените капацитети останува наш врвен приоритет, имајќи ја предвид нивната клучна улога во обезбедувањето на стабилноста и безбедноста на регионот, напиша Мисајловски на својот Фејсбук профил.

На средбата, информира Мисајловски, разговарале за досегашната успешна соработка меѓу двете држави во областа на одбраната, која се реализира преку програмите за поддршка преку кои САД обезбедуваат финансирање, опрема и поддршка за сојузничките земји.

-Во следниот период предвидени се нови набавки насочени кон модернизација и јакнење на капацитетите на Армијата. Соработката со нашиот стратешки партнер САД продолжува со засилено темпо, со јасна заедничка определба за понатамошен развој и унапредување на одбранбениот сектор, наведува Мисалјовски.

Мисајловски вчера во Пентагон остварил средба и со помошникот секретар за меѓународни безбедносни прашања, Даниел Зимерман.

-На средбата беше потврдено дека стратешкото партнерство и соработката во областа на одбраната се на исклучително високо ниво. Ова претставува цврста основа за нивно понатамошно продлабочување, унапредување и дополнително зајакнување на партнерството со Соединетите Американски Држави, во интерес на регионалната и глобалната безбедност. Воедно, изразив благодарност за досегашната поддршка, која има значајна улога во развојот и модернизацијата на македонските одбранбени капацитети, како и во зајакнувањето на нашата подготвеност и интероперабилност со сојузниците, истакна Мисајловски. 

 

МИА

Read More

Пациентите со дијабетес алармираат за недостиг од терапија и сензори

Со месеци наназад, илјадници дијабетичари во земјава се соочуваат со сериозен недостиг на основната антидијабетна терапија, а проблемот дополнително се продлабочува со недостигот на ленти за мерење на шеќерот во крвта. Наместо редовна контрола и стабилна состојба, пациентите велат се соочуваат со отежнат пристап до терапијата и потребните помагала.

Што се случува со терапијата и зошто пациентите со месеци предупредуваат дека тешко доаѓаат до неопходните лекови? Додека на терен се зборува за недостиг, институциите уверуваат дека ситуацијата е под контрола. Од Министерството за здравство тврдат дека антидијабетната терапија е достапна во сите инсулински аптеки, а постапката за набавка на сензори, како што велат, е во тек.

„Од минатиот месец во сите инсулински аптеки, доставени се најсовремени глукометри и ленти за мерење гликемија. Во однос на сензорите за континуирано следење на гликемија, во тек е јавна набавка на истите и обезбедена е дополнителна количина за 150 пациенти, односно од досегашните 650 пациенти, по завршување на јавната набавка сензорите преку програмата ќе бидат достапни за 800 пациенти. Согласно законските процедури за јавната набавка во моментот течат административните рокови за жалба“.

Недостигот на лекови и глукомери за дијабетичарите е проблем што се повторува со години, а пациентите предупредуваат дека вакви ситуации се јавуваат речиси на секои две години. Од Фондот за здравство најавуваат дека од следната година треба да се воведат референтни цени во аптеките, со што пациентите би можеле самостојно да ја подигнуваат терапијата и потребната опрема. 

Фото за вовед: 
Категорија: 
Новинар: 
Read More

Мисајловски: Следува нова ера во модернизацијата на македонската Армија

Историски години и нова ера ќе следува за македонската Армија, стотици милиони, па и милијарди евра за модернизација. Македонската Армија ќе биде на повисоко ниво и со неа ќе се гордееме, ќе биде модерна армија со многу голема огнена моќ, изјави министерот за одбрана Владо Мисајловски, зборувајќи за придобивките за државата во областа на одбраната и безбедноста од Стратешкиот дијалог со Соединетите Американски Држави што се одржа оваа недела во Вашингтон. 

Најважното прашање за кое се разговарало, рече, е издвојувањето од 3,5 проценти од БДП за наредните десет години преку буџетот на Министерството за одбрана, за што бил презентиран план како да се стигне целта, што директно ќе се вложува во Армијата и каква опрема ќе се купува во наредната деценија. 

Во гостување во Дневникот на ТВ Сител Мисајловски рече дека Армијата ќе добие многу нова опрема и дека на состаноците се разговарало таа да се купува директно од САД, за што ќе почнат директни преговори со Стејт департментот и со Пентагон. 

Посочи дека буџетот на МО многу ќе се зголемува за да се исполни барањето од НАТО за издвојувања во одбраната. Како што рече, во услови на криза тоа е тешко, но дека тоа барање на НАТО е круцијално и ние го правиме тоа на што сме се обврзале кон Алијансата.  

– Ќе го оствариме планот за десет години и она што се бара од НАТО, внимателно, чекор по чекор. Ќе има реакции, но гледате што се случува во регионот и на геополитичката сцена, има две паралелни војни и секоја земја забрзано купува опрема. Мора да си го гледаме својот двор и да склучиме договори што побрзо со големи држави, зашто за опрема многу се чека во целиот овој сплет на околности. Многу ќе се зголемува буџетот во МО, што ни дава шанса да се позиционираме во наредните десет години, да бидеме фактор на стабилност, да купуваме опрема за наши потреби, но утре да помагаме во разни мисии и интероперабилноста да ја зголемиме на секое ниво,  изјави Мисајловски.  

Додаде дека во процесот на модернизација, новите капацитети и инфраструктурата ќе се работи на тоа да биде вклучена и нашата индустрија и домашните компании и паралелно со зголемување на буџетот за одбрана, дел од средствата да остануваат и во нашата држава. 

На состаноците во Вашингтон била констатирана лојалноста на нашата држава кон Америка и позицијата на земја партнер и пријател на НАТО-спојузниците, пред се на САД, и тоа, рече, ќе се продлабочува со договори што ќе се потпишуваат. Како што рече, ние сме мала земја, но можеме да помогнеме на разни начини и тие се благодарни за тоа. 

-Најважно е што сега, а се надевам и во иднина, сме една од државите со најголема стабилност во регионот и продуцираме стабилност насекаде, истакна Мисајловски.  

На средбите  оваа недела се разговарало и за надградба на капацитетите за заштита од кибернапади и хибридни напади и оти од буџетот на МО ќе се издвојува посебна сума за дигитализација и за нови системи за повисоко ниво на заштита.  

-Министетството има посебен сајбер капацитет, можеби сме најподготвени како институција, пред се во воениот дел, за да ги следиме сите тие закани и ризици, и за ова прашање целосно соработуваме со САД, кои ни помагаат и директно во нашите системи и  можат сите ризици да ги детектираат, рече Мисајловски. 

На прашањето со какви ризици се соочува државата во моментов, министерот одговори дека „безбедносната слика се менува од ден на ден“ и дека најголемите предизвици ќе бидат во економијата зашто сме индиректно загрозени од глобалните случувања. 

-Тоа е едно од, би рекол, опасните прашања што нè задира како држава. Второ се сајбер и хибридните закани, што ќе ги имаат и други држави, влијанија од други земји преку прокси елементи, и тоа ќе мора да се следи, додаде Мисајловски.

Read More

В недела продолжува судењето за корупција против Бенјамин Нетанјаху

– Судскиот процес против израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху по обвиненијата за корупција ќе продолжи в недела, на 12 април, соопшти портпаролот на судската власт. Оваа одлука доаѓа само неколку часа по укинувањето на вонредната состојба во Израел, воведена поради војната против Иран.

„Со укинувањето на вонредната состојба и продолжувањето на работата на правосудството, рочиштата ќе продолжат според вообичаената процедура“, се наведува во соопштението, при што е прецизирано дека сослушувањата ќе се одржуваат од недела до среда секоја седмица.

Нетанјаху, кој е првиот израелски премиер обвинет за поткуп, измама и злоупотреба на довербата, ги негира сите обвиненија поднесени во 2019 година. Процесот, кој започна во 2020 година, беше постојано одложуван поради неговите службени обврски.

Претседателот на САД, Доналд Трамп, претходно упати повици до израелскиот претседател Ицак Херцог за помилување на Нетанјаху, со цел тој непречено да ги извршува должностите.

Во Израел за октомври се закажани парламентарни избори на кои, според анкетите, коалицијата на Нетанјаху би можела да ја изгуби власта.

МИА

Read More

За шест години во албанските затвори починале 139 осуденици, повеќето од здравствени причини, а 12 извршиле самоубиство

Бројот на затвореници кои ги загубиле животите во затворите во Албанија наликува на воен биланс, констатира Топ чанел, наведувајќи дека во периодот од јануари 2020 до септември 2025 година, 139 лица ги загубиле животите во ѕидовите на своите ќелии, а 12 извршиле самоубиство.

Според Управта за извршување санкции во првите три месеци од годинава починале петмина осуденици.

-Официјалните податоци ја наведуваат 2024 година како година со најголем број сериозни инциденти во затворите, кога 32 осуденици кои издржувале казни го загубиле животот, при што 31 случај е класифициран како здравствено-поврзан, а еден случај е самоубиство, наведува телевизијата.

Слична состојбата е и во 2023 година, кога од вкупно 25 смртни случаи, 23 биле поврзани со здравствени причини, додека евидентирани се едно самоубиство и еден случај на убиство. И тука, повеќето од жртвите починале од нарушено здравје, што укажува на сериозната здравствена состојба на осудените лица.

Во 2022 година се регистрирани 17 смртни случаи, главно поради здравствени причини, додека се регистрирани и 2 случаи на самоубиство. Во меѓувреме, во 2021 година, од вкупно 19 смртни случаи, 17 се од здравствени причини, а 2 се од самоубиство.

Слична е ситуацијата и во 2020 година, 26 затвореници починале, од кои 21 поради болест, а 5 случаи се самоубиства. Минатата година, за период од 9 месеци, регистрирани се 15 смртни случаи, од кои 14 се поврзани со здравствени причини, а еден случај е самоубиство.

Податоците јасно покажуваат дека главниот проблем во затворскиот систем останува здравјето на затворениците, со голем број смртни случаи што се јавуваат како резултат на болест. Од друга страна, иако во помал број, случаите на самоубиства остануваат уште еден аларм за институциите. Алармантна е ситуацијата и со лица заразени со СИДА во затворите чиј бројот се зголемува, наведува Топ чанел.

Според статистиката албанските затвори се преполни, земјата е четврта во Европа со над 180 затвореници на 100 илјади жители.

МИА

Read More

Adblocker detected! Please consider reading this notice.

We've detected that you are using AdBlock Plus or some other adblocking software which is preventing the page from fully loading.

We don't have any banner, Flash, animation, obnoxious sound, or popup ad. We do not implement these annoying types of ads!

We need money to operate the site, and almost all of it comes from our online advertising.

Please add tvstanici.net to your ad blocking whitelist or disable your adblocking software.

×