Tag: Сител Телевизија

Објавен тестаментот на папата Франциск

Папата Франциск во својот последен тестамент потврдил дека сака да биде погребан во базиликата Санта Марија Маџоре во Рим, а не во базиликата Свети Петар во Ватикан, каде што е последното почивалиште на многу негови претходници.

Во тестаментот што го објави Ватикан, Франциск јасно ја изрази желбата да биде погребан „во земја, без посебни украси“, а над неговиот гроб треба да стои едноставна плоча со неговото папско име на латински јазик: Franciscus.

Папата исто така навел дека договорил неименуван добротвор да ги покрие трошоците за неговиот погреб. „Трошоците за подготовка на погребот ќе бидат покриени од износот што го обезбеди добротвор, а за кој договорив да биде префрлен во базиликата Санта Марија Маџоре“, стои во тестаментот.

Следува целиот текст на тестаментот на Папата:

„Бидејќи чувствувам дека се приближува самракот на мојот земски живот и со цврста надеж во вечниот живот, сакам да ги изнесам моите последни желби исклучиво во поглед на местото на мојот погреб.

За време на целиот мој живот, како и за време на мојата свештеничка и бискупска служба, секогаш сум се доверувал на Мајката на Господарот наш, Блажената Дева Марија. Затоа молам моите посмртни останки да почиваат – исчекувајќи го денот на Воскресението – во Папската базилика Санта Марија Маџоре.“

Сакам моето последно земско патување да заврши токму во ова древно маријанско светилиште, каде што секогаш доаѓав да се молам на почетокот и на крајот на секое апостолско патување, доверливо доверувајќи ги моите намери на Безгрешната Мајка и заблагодарувајќи ѝ се за нејзината нежна и мајчинска грижа.

Молам мојот гроб да биде подготвен во гробна ниша во страничната лаѓа, меѓу Паулинската капела (капелата Salus Populi Romani) и Сфорцината капела во базиликата, како што е прикажано на приложениот план“.

Гробот треба да биде во земја; едноставен, без посебни украси, со натпис: Franciscus.

Трошокот за подготовка на погребот ќе биде покриен од износот што го обезбеди добротвор, а за кој договорив да биде префрлен во Папската базилика Санта Марија Маџоре. Ги дадов потребните упатства на кардиналот Роландас Макрицкас.

Нека Господ великодушно ги награди сите оние кои ме сакаа и кои продолжуваат да се молат за мене. Страдањето што го одбележа завршниот период од мојот живот го принесувам на Господ за мир во светот и за братство меѓу народите.“ 

Read More

Путин е отворен за преговори со Украина за ненапаѓање на цивилни цели

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, денеска изјави дека рускиот претседател Владимир Путин, зборувајќи за билатерална процедура за разговор за ненапаѓање на цивилни цели, мислел на преговори конкретно со Украина.

– Можна е дискусија, кога претседателот рече дека е можно да се разговара за прашањето за ненапаѓање на цивилни цели, вклучително и билатерално, конкретно мислеше на преговори и разговори со украинската страна, рече Песков.

Песков истакна дека Путин претходно повеќепати зборувал за подготвеност за преговори со украинската страна. 

Read More

Вработени во РТС бараат утврдување одговорност за навреда кон студенти и оставка од одговорните

Вработени во Радио телевизијата на Србија (РТС) собрани околу неформалната организација „Наш протест“ соопштија дека ги загрижува фактот што никој од раководството на јавниот сервис официјално не им се обратил од почетокот на блокадата на медиумот. Тие додаваат дека бараат утврдување одговорност за навреда кон студентите во програмата и оставка од одговорните за тоа.
Вработените во РТС во соопштението потенцираат дека немаат никакви упатства како да го остварат своето право на работа во оваа кризна состојба.

„Зошто менаџментот дискриминира со тоа што само мал дел од вработените ги кани на работа, а другиот поголем дел се игнорира? Зошто ни се ускратува правото на работа? прашаа од „Наш пРоТеСт“ во соопштение.

Тие го повикаа раководството итно да ги контактира со јасни упатства.
„Бараме да ги соопштите имињата и презимињата на лицата кои ги уредуваат вестите откако започна блокадата на зградите на РТС и емитувањето на програми од друга локација“, се вели во соопштението.

„Бараме од главниот уредник на Вести Ненад Љ.Стефановиќ и неговите помошници Горислав Папиќ и Зоран Станојевиќ итно да не известат кој е авторот на текстот во кој студентите во блокада ги споредуваат со нацистите, прочитан во „Дневник“ на 16 април“, се додава во соопштението.

Вработените прашуваат кој од уредниците одобрил текстот да се чита?

Бараме итно утврдување на имињата на авторите и уредниците и нивна итна оставка“, заклучува оваа група вработени во РТС во соопштението.
Студентите во блокада ги блокираат влезовите на РТС во центарот на Белград и на Кошутњак од минатиот понеделник.

Read More

Инстаграм воведува користење вештачка интелигенција за утврдување на возраста на корисниците

Социјалната мрежа „Инстаграм“ почнува да користи вештачка интелигенција за да утврди дали помладите корисници ја фалсификуваат својата возраст на апликацијата, соопшти денеска компанијата „Мета“, која е сопственик на оваа платформа.

„Мета“ веќе некое време користи вештачка интелигенција за да ја утврди возраста на корисниците на различни апликации, а „Инстаграм“ од сега, како што се наведува, проактивно ќе бара профили за кои постои сомнеж дека припаѓаат на тинејџери, а кои имаат неточно внесен, односно постар датум на раѓање при регистрација на профилот.

Ако се утврди дека корисникот ја фалсификувал својата возраст, профилот автоматски ќе се претвори во „тинејџерски профил“, кој има повеќе ограничувања од профилот за возрасни.

Тинејџерските профили на „Инстаграм“ се автоматски заклучени, односно приватни, што значи дека корисниците можат да ги следат овие профили само доколку сопствениците им го дозволат тоа со прифаќање на барање за следење, а заштитени се и пораките што ги добива сопственикот на профилот, односно добива само пораки од корисници со кои веќе е поврзан на апликацијата.

Содржината што е декларирана како „чувствителна“, како што се сцени на физичко насилство или промовирање пластична хирургија, исто така е ограничена, соопшти „Мета“.

Тинејџерите исто така ќе добиваат известувања доколку поминале повеќе од еден час на апликацијата, а воспоставен е и „режим на спиење“, кој меѓу 22 часот и 7 часот наредниот ден ги исклучува известувањата за пристигнати пораки и на некои од нив автоматски одговара.

„Мета“ додава дека вештачката интелигенција што ќе се користи за овие цели е обучена да бара одредени сигнали, како што е видот на содржината што се појавува на профилот и информациите за профилот, со цел да се утврди возраста на неговиот сопственик.

Компаниите кои се сопственици на социјалните мрежи се соочуваат со сè поголема контрола поради влијанието на апликациите како Инстаграм, X и ТикТок врз менталното здравје на помладите корисници. 

Read More

Ватикан: Причинaтa за смртта на папата Франциск е мoзoчeн удaр

Причината за смртта на папата Франциск е мозочен удар, соопшти вечерва Ватикан.

Како што се наведува, по ударот папата паднал во кома, а потоа доживеал срцев удар по кој немало спас.

Папата Франциск (88) почина утрово во 7:35 часот по локално време, објави Ватикан

Read More

МВР со детали за сообраќајката кај Зелениково

Министерството за внатрешни работи попладнево информираше дека собраќајната незгода кај селото Зелениково се случила меѓу патничко возило „тојота“ и воз и дека во незгодата нема пријавено повредени лица. 

Возилото било управувано од Ж.М.К.(51) од Скопје, а возот од С.М..

Случајот во СВР Скопје е пријавен во 18:10 часот. 

Read More

Европски Куп на ЕХФ: Алкалоид го совлада Рунар во првиот полуфинален натпревар

Ракометниот клуб Алкалоид на домашен терен го победи РК Рунар Сандефјорд со 42:37 во првиот полуфинален натпревар од Европскиот Куп на ЕХФ.

На тој начин избраниците на Кирил Лазаров со солидна предност од пет гола ќе патуваат во Норвешка во обид да изборат место во финалето на ова европско натпреварување.

Најдобар стрелец кај Алкалоид на овој дуел беше Мартин Серафимов со десет гола, а го следеше Иван Џонов со седум гола.

Реваншот меѓу РК Рунар Сандефјорд и РК Алкалоид се игра на 27 април.

Read More

Хамилтон: Знам дека фановите на Ферари не се задоволни од мене

Седумкратниот светски шампион Луис Хамилтон беше многу прецизен во својот одговор на прашањето што му треба за побрзо да се навикне на болидот на Ферари.

Британецот им се приклучи на „црните коњи“ на почетокот на годината откако ги помина последните 12 сезони во тимот на Мерцедес. Многумина очекуваа оваа промена на сценографијата да го прероди Хамилтон, чии последни три години во Бракли беа многу тешки. Сепак, реалноста се покажа сосема поинаква и, со исклучок на победата во спринтот во Кина, настапот на седумкратниот шампион беше многу разочарувачки од почетокот на сезоната.

Во трките, неговиот најдобар финиш беше петтото место на минатонеделното Гран При на Бахреин. Денеска ќе стартува седми во Џеда, а неговиот тимски колега Шарл Леклер ќе стартува четврти крај брегот на Црвеното Море.

– Не е крај на светот, но има тони време што седи таму и не можам да го најдам. Губам две десетинки во последниот сектор, три десетинки во првиот и една десетина во средината. Едноставно не сум доволно добар. Но, јас работам навистина напорно. Не е лесно. Само треба да продолжам да дишам длабоко. Знам дека навивачите не се задоволни. Сигурен сум дека тимот не е среќен. Знам дека шефовите не се задоволни. Не сум задоволен со моите резултати. Но, она што можам да продолжам да го правам во врска со тоа е да верувам во себе, да останам позитивен и да продолжам да работам. Тоа е она што се обидувам да го правам, изјави Хамилтон.

Read More

Студентите во блокада остануваат пред РТС до исполнување на нивните барања, за власта тоа е незаконски начин

Од минатиот понеделник во 22 часот српски студенти во блокада и граѓани кои ги поддржуваат, ја оневозможуваат редовната работа на Радио-телевизија Србија со блокади пред влезот на медиумот во Белград во обид да издејствуваат објавување нов конкурс за членови на регулаторниот орган за електонски медиуми (РЕМ).
Засега нема какви било знаци за можна разрешница – студентите најавија дека и утре продолжуваат со блокадата додека властите велат дека тој начин на изразување протест е незаконски и не води кон дијалог за смирување и решавање на состојбите. 

Студентите и денеска објавина на социјални мрежи дека ќе продолжат со блокадата „до објавување на нов конкурс за членови на Советот на Регулаторното тело за електронски медиуми (РЕМ), односно дека утре ќе продолжат со блокадите. Тие ги обвинија националните радиодифузери и дека го игнорираат нивното движење и протестите.

Новиот српски министер за информации Борис Братина во својата велигденска честитка ги повика надлежните органи да ја деблокираат РТС бидејќи нејзиниот пад е исто како и државен удар.

„Пад на РТС под притисок на блокаторите би имал значење на „државен удар“, односно пад на општествениот поредок“, се нагласува во соопштението потпишано од новиот министер за информации Борис Братина.

Тој бара од надлежните органи да реагираат за да се доведат условите за работа на РТС во редовна состојба и да се истражат сите околности на блокадата.
Со слична порака и српскиот претседател Александар Вучиќ во петокот нагласи дека државата ќе има сила да го заштити уставниот поредок.  

„Не смее да им се дозволи слободно да продолжат со малтретирање, шиканирање и уништување на животите на сите граѓани. Затоа ги повикувам надлежните државни органи да преземат различни мерки за заштита на уставноста и законитоста во деновите што ни претстојат согласно Уставот и законот… Барам тоа да го направат што е можно повеќе без употреба на сила. Тогаш кога е неопходна сила, во тој случај таа треба да биде најмалку можна за да се решат работите“.

Третата страна во овој случај – РТС, поднесе кривична пријава во петокот до Првото основно јавно обвинителство во Белград против непознати лица кои се претставуваат како студенти во блокадата, кои од 14 април блокираат објекти на медиумот во главниот град на Србија. 

Во два дена, Собирот на вработени во РТС објави две соопштенија.

Во првото, објавено во саботата, наведоа четири барања меѓу кои – раководството на јавниот сервис и надлежните служби итно да им се обратат и да дадат јасни насоки за работа за време на блокадата. Бараат оставки од уредници и новинари кои не ги почитувале законите за медиуми и Кодексот на новинари „и дозволиле во Дневник 2 и други информативни емисии да се изнесуваат невистини и навреди кон нивните колеги, студенти и други граѓани“. „Ако веднаш не ни се обратат ќе сметаме дека се повлекле“. 
Во денешното соопштение тие велат дека РЕМ е блокиран, а јавниот сервис е заложник на политичко молчење. Побараа итна реакција на собранискиот Одбор за култура и информирање и распишување конкурс за членови на РЕМ. 

„Студентите со денови стојат пред вратата на зградата на РТС, но кој суштински го блокира јавниот сервис? РЕМ требаше да добие нов Совет на 4 ноември 2024 година. Но, до денес не функционира најважното регулаторно тело за електронски медиуми“, наведуваат во соопштението објавено на социјални мрежи.

Тие наведуваат дека вистина е дека блокадата може многу брзо да се прекине со одлука за распишување нов конкурс за членови на Советот на РЕМ.

Портпаролката на РЕМ и поранешна претседателка на Советот на тoa тело, Оливера Зекиќ за српски медиуми дека процесот на избор на членови на Советот на РЕМ во моментов е во застој, бидејќи седум членови кандидати одлучиле да се повлечат од процесот. На конкурсот беа пријавени 18 кандидати, но седум од нив се откажаа од кандидатурата поради „пропусти во законската процедура“. 
На 20 јануари, Одборот за култура и информирање на српскиот парламент го објави конечниот предлог на 18 кандидати за членови на Советот на РЕМ, но после тоа, изборниот процес запре, а темата не се најде на дневен ред на Собранието на редовната седница. Полето на електронските медиуми во Србија половина година е без контрола на РЕМ.

Студентите во блокада во средата навечер објавија писмо на Инстаграм до Одборот на српскиот Парламент за култура и информирање во кое бараат да се објави јавен повик за нови членови на Советот на РЕМ, со порака дека блокадата на РТС ќе трае се додека не се објави јавен повик за избор на членови на тоа тело.

Тоа што Советот на РЕМ се уште не постои, вели консултантот за медиуми Саша Мирковиќ за Инсајдер, е главната причина за сегашниот „хаос во етерот“ во Србија.

„Постојат многу јасни одредби во законот и казни што ги заслужуваат многу радиодифузери кои ги прекршуваат законите и новинарските кодекси. Но, фактот што Советот на РЕМ не постои е првенствено одговорност на државата. Не гледам причина зошто државата што доцни, која крши со фактот дека Советот на РЕМ не е конституиран, може да направи нешто друго освен да го направи она што го бараат студентите, а тоа е да објави јавен повик за именување членови на Советот на РЕМ“.

Во четвртокот се појавија и тврдења од опозиционери дека власта сака да употреби сила за да ги растера демонстрантите од пред РТС. Неколку чассови подоцна, реагираше српскиот министер за внатрешни работи.
Ивица Дачиќ го оцени како „лажна“ и „опасна манипулација“ тврдењето на претседателот на Демократската партија Срѓан Миливојевиќ дека српскиот претседател Александар Вучиќ и наредил на полицијата да употреби сила за да ја деблокира зградата на РТС. 

Одборот за култура и информирање во Народното собрание, што е надлежен за тоа прашање, се уште молчи. 

Read More

Тешко повреден 14-годишен мотоциклист во Велес

Четиринаесетгодишник денеска се здобил со тешки повреди откако паднал од мотор кај новите згради „Атлантис“ во близина на поранешната фабрика „Киро Ќучик“ во Велес.

Од Итната медицинска помош за МИА информираат дека момчето се здобило со тешки повреди и по укажаната прва помош однесен е во Општата болница во Велес. 

Портпаролката на Општата болница Билјана Босилкова во изјава за МИА вели дека на момчето му се констатирани тешки повреди на главата и дека е во стабилна состојба, но поради сериозноста на повредата е препратено на натамошно лекување на Клиниката за неврохирургија во Скопје. 

Read More

Adblocker detected! Please consider reading this notice.

We've detected that you are using AdBlock Plus or some other adblocking software which is preventing the page from fully loading.

We don't have any banner, Flash, animation, obnoxious sound, or popup ad. We do not implement these annoying types of ads!

We need money to operate the site, and almost all of it comes from our online advertising.

Please add tvstanici.net to your ad blocking whitelist or disable your adblocking software.

×