Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски преку видео објава на социјалните мрежи информира дека започна пролетната акција за уредување на Градски парк, при што се обновуваат пешачките патеки, урбаната опрема и зеленилото.
Градоначалникот истакна дека паркот претставува едно од најзначајните места за граѓаните и најави конкретни активности кои се реализираат на терен.
– Градскиот парк е срцето на Скопје, каде градот дише, а луѓето уживаат во природата – посочи Ѓорѓиевски во објавата.
Тој информира дека во моментов се работи на уредување на пешачките патеки со поставување бела ризла, како и на обновување на урбаната опрема.
– Во овој момент ги уредуваме пешачките патеки со поставување на бела ризла и ја обновуваме урбаната опрема со нови клупи и канти за отпадоци – нагласи градоначалникот.
Според него, акцијата опфаќа и дополнително озеленување на просторот со нови садници.
– Паркот го оплеменуваме и со нови дрвја, создавајќи похумана и позелена средина за сите – додаде Ѓорѓиевски.
Во пораката тој упати и апел до граѓаните да се грижат за јавниот простор.
– Да го чуваме и да уживаме во него, затоа што ова е наше заедничко богатство кое треба да го оставиме и на идните генерации – порача градоначалникот.
The post 📽️ СЕ РАЗУБАВУВА СРЦЕТО НА СКОПЈЕ Пролетна акција во Градскиот парк, најавени нови клупи, ризла и дрвја appeared first on plusinfo.mk.
Прочитајте ја целата статија од изворот