Премиерот Христијан Мицкоски денеска најави отворање на рудник за антимот во кривопаланечко, кој ќе биде америнаксак инвестиција во рамки на стратешкото партнерство.
-Во рамки на стратешкиот дијалог очекувам да се промовира и една инвестиција во еден значаен производен објект, а тоа е рудата антимон која ќе се експлоатира во близина на кривопаланечкото село Луке. Тоа е редок минерал нешто што може да значи многу за нашата економија. Истрагите таму се при крај и очекувам тоа да биде почнато многу скоро. Рудата ќе се извезува во САД каде што ќе се топи во топилница во Оклахома, како што ме информираа инвеститорите – рече Мицкоски.
Тој посочи дека пред американските инвеститори ќе биде претставен и енергетскиот проект „Чебрен и Галиште“.
The post ЌЕ СЕ ОТВОРА РУДНИК ЗА АНТИМОН ВО КРИВОПАЛАНЕЧКО Рудата ќе се извезува во САД appeared first on plusinfo.mk.
Прочитајте ја целата статија од изворот