Category: News

За шест години во албанските затвори починале 139 осуденици, повеќето од здравствени причини, а 12 извршиле самоубиство

Бројот на затвореници кои ги загубиле животите во затворите во Албанија наликува на воен биланс, констатира Топ чанел, наведувајќи дека во периодот од јануари 2020 до септември 2025 година, 139 лица ги загубиле животите во ѕидовите на своите ќелии, а 12 извршиле самоубиство.

Според Управта за извршување санкции во првите три месеци од годинава починале петмина осуденици.

-Официјалните податоци ја наведуваат 2024 година како година со најголем број сериозни инциденти во затворите, кога 32 осуденици кои издржувале казни го загубиле животот, при што 31 случај е класифициран како здравствено-поврзан, а еден случај е самоубиство, наведува телевизијата.

Слична состојбата е и во 2023 година, кога од вкупно 25 смртни случаи, 23 биле поврзани со здравствени причини, додека евидентирани се едно самоубиство и еден случај на убиство. И тука, повеќето од жртвите починале од нарушено здравје, што укажува на сериозната здравствена состојба на осудените лица.

Во 2022 година се регистрирани 17 смртни случаи, главно поради здравствени причини, додека се регистрирани и 2 случаи на самоубиство. Во меѓувреме, во 2021 година, од вкупно 19 смртни случаи, 17 се од здравствени причини, а 2 се од самоубиство.

Слична е ситуацијата и во 2020 година, 26 затвореници починале, од кои 21 поради болест, а 5 случаи се самоубиства. Минатата година, за период од 9 месеци, регистрирани се 15 смртни случаи, од кои 14 се поврзани со здравствени причини, а еден случај е самоубиство.

Податоците јасно покажуваат дека главниот проблем во затворскиот систем останува здравјето на затворениците, со голем број смртни случаи што се јавуваат како резултат на болест. Од друга страна, иако во помал број, случаите на самоубиства остануваат уште еден аларм за институциите. Алармантна е ситуацијата и со лица заразени со СИДА во затворите чиј бројот се зголемува, наведува Топ чанел.

Според статистиката албанските затвори се преполни, земјата е четврта во Европа со над 180 затвореници на 100 илјади жители.

МИА

Read More

В недела продолжува судењето за корупција против Бенјамин Нетанјаху

– Судскиот процес против израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху по обвиненијата за корупција ќе продолжи в недела, на 12 април, соопшти портпаролот на судската власт. Оваа одлука доаѓа само неколку часа по укинувањето на вонредната состојба во Израел, воведена поради војната против Иран.

„Со укинувањето на вонредната состојба и продолжувањето на работата на правосудството, рочиштата ќе продолжат според вообичаената процедура“, се наведува во соопштението, при што е прецизирано дека сослушувањата ќе се одржуваат од недела до среда секоја седмица.

Нетанјаху, кој е првиот израелски премиер обвинет за поткуп, измама и злоупотреба на довербата, ги негира сите обвиненија поднесени во 2019 година. Процесот, кој започна во 2020 година, беше постојано одложуван поради неговите службени обврски.

Претседателот на САД, Доналд Трамп, претходно упати повици до израелскиот претседател Ицак Херцог за помилување на Нетанјаху, со цел тој непречено да ги извршува должностите.

Во Израел за октомври се закажани парламентарни избори на кои, според анкетите, коалицијата на Нетанјаху би можела да ја изгуби власта.

МИА

Read More

Мисајловски: Следува нова ера во модернизацијата на македонската Армија

Историски години и нова ера ќе следува за македонската Армија, стотици милиони, па и милијарди евра за модернизација. Македонската Армија ќе биде на повисоко ниво и со неа ќе се гордееме, ќе биде модерна армија со многу голема огнена моќ, изјави министерот за одбрана Владо Мисајловски, зборувајќи за придобивките за државата во областа на одбраната […]

Source

Read More

Николоски: Македонија води достоинствена политика за влез во ЕУ и не се понижуваме, во реализација на Планот за раст сме во врвот

Добро е што ние водиме достоинствена политика, не правиме понижување ниту на себе, ниту на сопствената нација и држава и не коленичиме, туку достоинствено ја водиме политиката и ставот за ЕУ ни е јасен, рече вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски на гостувањето во една од националните телевизии, одговарајќи на прашањата за влезот на […]

Source

Read More

Германскиот јавен долг 2,66 трилиони евра во 2025 година

Јавниот долг на Германија во 2025 година забележа раст од шест проценти, достигнувајќи сума од 2,66 трилиони евра, согласно официјалните статистички податоци презентирани денеска, како што јави агенцијата ДПА. Ова зголемување е директна последица од владината посветеност кон зголемување на вложувањата во клучни области како што се инфраструктурата, мерките за климатски промени и секторот за […]

Source

Read More

Сиљановска-Давкова: Не треба да чекаме децении за ЕУ, некогаш има поместувања и кога јавноста тоа не го гледа

Не треба да чекаме децении за Европската Унија, напротив некогаш движење има и кога не е пред очите на јавноста, а од изјавите на нашите соседи може да се заклучи дека не мируваме, работиме, но не секогаш тоа се гледа, порача вечерва претседателката Гордана Сиљановска Давкова. -Морам да напоменам дека кога се цитира изјавата на […]

Source

Read More

Делчево и Чрномељ ја продлабочуваат соработката – нови иницијативи за развој и партнерство

Градоначалникот на Општина Делчево, Иван Гоцевски, заедно со делегација составена од претседателот на Советот, Николчо Стојменовски, директорот на Националната установа Центар за култура „Никола Јонков – Вапцаров“, Златко Начовски, и командирот на ТППЕ Делчево, Сашко Поповски, престојува во официјална посета на Општина Чрномељ во Словенија, каде се разгледуваат можностите за продлабочување на меѓуопштинската соработка. Како […]

Source

Read More

ИЗРАЕЛ БАРА ДИРЕКТНИ ПРЕГОВОРИ СО ЛИБАН ОТКАКО БОМБАРДИРАЊАТА ГО ЗАГРОЗИЈА ПРИМИРЈЕТО СО ИРАН

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху денеска изјави дека бара директни разговори со Бејрут, еден ден откако најлошото бомбардирање во војната уби […]

The post ИЗРАЕЛ БАРА ДИРЕКТНИ ПРЕГОВОРИ СО ЛИБАН ОТКАКО БОМБАРДИРАЊАТА ГО ЗАГРОЗИЈА ПРИМИРЈЕТО СО ИРАН appeared first on Сакам Да Кажам.

Read More