Христијаните денеска го одбележуваат Велики петок, кој освен Велипеток уште се вика и Распет петок, зашто на тој ден е распнат господовиот син, Исус Христос. Велипеток се празнува со свети литургии и принесување на бескрвна жртва, со читање извадоци од евангелијата од делот кој ја опишува неделата на страдањата на Синот божји. Времето на смртта […]
Read MoreCategory: News
Христијаните денеска го одбележуваат Велики петок, кој освен Велипеток уште се вика и Распет петок, зашто на тој ден е распнат господовиот син, Исус Христос. Велипеток се празнува со свети литургии и принесување на бескрвна жртва, со читање извадоци од евангелијата од делот кој ја опишува неделата на страдањата на Синот божји. Времето на смртта […]
Read MoreРепубличкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата упатува апел до сите учесници во сообраќајот на зголемено внимание и одговорност, особено во деновите од велигденските празници кога се очекува зголемен интензитет на сообраќајот, особено кон туристичките места. Со пораката „Секој живот е важен“, РСБСП потсетува дека почитувањето на сообраќајните правила и прописи се најдобриот пријател […]
Read MoreБројот на работници на автопатските делници кои ги гради конзорциумот „Бехтел и Енка“ не само што не е намален, туку е и зголемен, имаме раст на градежните активности за 40% на автопатските делници, а реализацијата на капитални инвестиции на Министерството за транспорт е над 70%, што претставува рекорд во историјата на државата и на ниво […]
Read More
[ad_1] ИЗВОР: ВО ЦЕНТАР Дали ги познавате оние луѓе чија чаша е секогаш полупразна, чија супа е премногу солена и чие сонце е премногу светло? Додека некои луѓе лесно можат да се справат со несовршеностите во животот, за други, наоѓањето маани во сè е речиси спорт. Астрологијата ни нуди забавен увид во тоа зошто кукањето […]
Read More
[ad_1] ИЗВОР: ВО ЦЕНТАР Врховниот лидер на Иран, Моџтаба Хамнеи, се обрати за прв пат по прогласувањето на прекинот на огнот меѓу САД и Иран и рече дека народот на Иран е победник и дека ќе бара отштета, како и дека Ормутскиот теснец ќе се управува на нов начин. „Денес, и до овој момент од […]
Read More
Претседателот на САД, Доналд Трамп, ја искажа својата фрустрација кон сојузниците од НАТО за време на бурната средба со генералниот секретар Марк Руте во среда и посочи дека размислува за одмазда за недостатокот на поддршка во војната со Иран. Долго планираната посета на Руте на Белата куќа се претвори во кризна мисија откако Трамп постојано …
Детали за бурната средба: Трамп се истури врз Руте. „Тоа беше тирада на навреди“ Read More »
The post Детали за бурната средба: Трамп се истури врз Руте. „Тоа беше тирада на навреди“ appeared first on Независен Весник.
Првата дама на САД Меланија Трамп денеска негираше каква било поврзаност со осудениот сексуален престапник Џефри Епштајн и какво било знаење за неговите кривични дела, оценувајќи дека обвинувањата се „целосно невистинити“. Во изјава од Белата куќа, таа ги отфрли тврдењата на интернет дека на некаков начин била поврзана со Епштајн, нарекувајќи ги „клевети“. – Лагите …
The post „Целосно невистинити“: Меланија Трамп негира врски со Епштајн, обвинувањата ги нарече клевети appeared first on Независен Весник.

Историски години и нова ера ќе следува за македонската Армија, стотици милиони, па и милијарди евра за модернизација. Македонската Армија ќе биде на повисоко ниво и со неа ќе се гордееме, ќе биде модерна армија со многу голема огнена моќ, изјави министерот за одбрана Владо Мисајловски, зборувајќи за придобивките за државата во областа на одбраната и безбедноста од Стратешкиот дијалог со Соединетите Американски Држави што се одржа оваа недела во Вашингтон.
Најважното прашање за кое се разговарало, рече, е издвојувањето од 3,5 проценти од БДП за наредните десет години преку буџетот на Министерството за одбрана, за што бил презентиран план како да се стигне целта, што директно ќе се вложува во Армијата и каква опрема ќе се купува во наредната деценија.
Во гостување во Дневникот на ТВ Сител Мисајловски рече дека Армијата ќе добие многу нова опрема и дека на состаноците се разговарало таа да се купува директно од САД, за што ќе почнат директни преговори со Стејт департментот и со Пентагон.
Посочи дека буџетот на МО многу ќе се зголемува за да се исполни барањето од НАТО за издвојувања во одбраната. Како што рече, во услови на криза тоа е тешко, но дека тоа барање на НАТО е круцијално и ние го правиме тоа на што сме се обврзале кон Алијансата.
– Ќе го оствариме планот за десет години и она што се бара од НАТО, внимателно, чекор по чекор. Ќе има реакции, но гледате што се случува во регионот и на геополитичката сцена, има две паралелни војни и секоја земја забрзано купува опрема. Мора да си го гледаме својот двор и да склучиме договори што побрзо со големи држави, зашто за опрема многу се чека во целиот овој сплет на околности. Многу ќе се зголемува буџетот во МО, што ни дава шанса да се позиционираме во наредните десет години, да бидеме фактор на стабилност, да купуваме опрема за наши потреби, но утре да помагаме во разни мисии и интероперабилноста да ја зголемиме на секое ниво, изјави Мисајловски.
Додаде дека во процесот на модернизација, новите капацитети и инфраструктурата ќе се работи на тоа да биде вклучена и нашата индустрија и домашните компании и паралелно со зголемување на буџетот за одбрана, дел од средствата да остануваат и во нашата држава.
На состаноците во Вашингтон била констатирана лојалноста на нашата држава кон Америка и позицијата на земја партнер и пријател на НАТО-спојузниците, пред се на САД, и тоа, рече, ќе се продлабочува со договори што ќе се потпишуваат. Како што рече, ние сме мала земја, но можеме да помогнеме на разни начини и тие се благодарни за тоа.
-Најважно е што сега, а се надевам и во иднина, сме една од државите со најголема стабилност во регионот и продуцираме стабилност насекаде, истакна Мисајловски.
На средбите оваа недела се разговарало и за надградба на капацитетите за заштита од кибернапади и хибридни напади и оти од буџетот на МО ќе се издвојува посебна сума за дигитализација и за нови системи за повисоко ниво на заштита.
-Министетството има посебен сајбер капацитет, можеби сме најподготвени како институција, пред се во воениот дел, за да ги следиме сите тие закани и ризици, и за ова прашање целосно соработуваме со САД, кои ни помагаат и директно во нашите системи и можат сите ризици да ги детектираат, рече Мисајловски.
На прашањето со какви ризици се соочува државата во моментов, министерот одговори дека „безбедносната слика се менува од ден на ден“ и дека најголемите предизвици ќе бидат во економијата зашто сме индиректно загрозени од глобалните случувања.
-Тоа е едно од, би рекол, опасните прашања што нè задира како држава. Второ се сајбер и хибридните закани, што ќе ги имаат и други држави, влијанија од други земји преку прокси елементи, и тоа ќе мора да се следи, додаде Мисајловски.
Со месеци наназад, илјадници дијабетичари во земјава се соочуваат со сериозен недостиг на основната антидијабетна терапија, а проблемот дополнително се продлабочува со недостигот на ленти за мерење на шеќерот во крвта. Наместо редовна контрола и стабилна состојба, пациентите велат се соочуваат со отежнат пристап до терапијата и потребните помагала.
Што се случува со терапијата и зошто пациентите со месеци предупредуваат дека тешко доаѓаат до неопходните лекови? Додека на терен се зборува за недостиг, институциите уверуваат дека ситуацијата е под контрола. Од Министерството за здравство тврдат дека антидијабетната терапија е достапна во сите инсулински аптеки, а постапката за набавка на сензори, како што велат, е во тек.
„Од минатиот месец во сите инсулински аптеки, доставени се најсовремени глукометри и ленти за мерење гликемија. Во однос на сензорите за континуирано следење на гликемија, во тек е јавна набавка на истите и обезбедена е дополнителна количина за 150 пациенти, односно од досегашните 650 пациенти, по завршување на јавната набавка сензорите преку програмата ќе бидат достапни за 800 пациенти. Согласно законските процедури за јавната набавка во моментот течат административните рокови за жалба“.
Недостигот на лекови и глукомери за дијабетичарите е проблем што се повторува со години, а пациентите предупредуваат дека вакви ситуации се јавуваат речиси на секои две години. Од Фондот за здравство најавуваат дека од следната година треба да се воведат референтни цени во аптеките, со што пациентите би можеле самостојно да ја подигнуваат терапијата и потребната опрема.
