Category: Media

Приведени двајца криумчари на мигранти

 Полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор Сопот при Регионалниот центар за гранични работи Север, синоќа во 21:10 и 21:30 часот во близина на кумановското село Костурник, ги лишиле од слобода И.Н.(32) од скопското село Крушопек и Г.П.(50) од Велес поради сомнение за сторено кривично дело „криумчарење мигранти“.

– Претходно, околу 19:15 часот во близина на село Табановце, кумановско, на автопатот „Пријателство“, полициски службеници ги забележале лицата како во патничко возило „фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки, кое го управувал И.Н., а Г.П. бил сопатник, сместуваат три женски лица мигранти од Непал. Притоа, тие не застанале на знак за запирање даден од полициските службеници, а откако биле употребени средства за присилно запирање на возилото го напуштиле возилото. Веднаш потоа мигрантите биле пронајдени и биле сместени во Транзитниот центар Табановце, а по преземени мерки биле пронајдени и лишени од слобода и ИН. и Г.П., соопшти денека МВР.

Лицата биле задржани во полициска станица и за настанот бил известен надлежен јавен обвинител. По извршени проверки било утврдено дека И.Н. бил баран по потерница врз основа на наредба од Казнено – поправната установа Затвор Идризово поради бегство од затворот каде што издржувал шестгодишна затворска казна за сторено кривично дело „криумчарење мигранти“ по член 418 Б од Кривичниот законик. По целосно документирање на случајот, против лицата ќе биде поднесена соодветна пријава.

Read More

Како Моден викенд Скопје ги спои дизајнерите од БиХ и Македонија (фото)

Оваа есен, Скопје се претвори во креативен центар за меѓукултурна размена, обединувајќи модни дизајнери од Босна и Херцеговина и Македонија во рамките на проектот „Врски што не врзуваат: Димензии на модата во БиХ и С. Македонија“. Овој проект, организиран од Македонската модна асоцијација во партнерство со BH Fashion Week Sarajevo и поддржан од УНЕСКО, има …

Како Моден викенд Скопје ги спои дизајнерите од БиХ и Македонија (фото) Read More »

The post Како Моден викенд Скопје ги спои дизајнерите од БиХ и Македонија (фото) appeared first on Независен Весник.

Read More

Дел од Општина Карпош без вода

Без вода денеска од 10:00 часот се дел од жителите од улицата „Козле“ во Општина Карпош.

Како што информира ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје, прекинот е поради уличен дефект Ф-100 милиметри на улица „Козле“ бр.249 во Општина Карпош.

Корисниците ќе бидат без вода се до санирање на дефектот.

Read More

Царинска управа: Спречени обиди за криумчарење на стоматолошки инструменти, импланти за гради, цигари, фалсификувана стока

Царински службеници и мобилни тимови во текот на изминатите денови спречија обиди за криумчарење на стоматолошки инструменти, импланти за гради, цигари, фалсификувана стока, кабли за електрична инсталација и друга стока, а до едно лице е поведена и прекршочна постапка до надлежен суд заради прекршување на царинската регулатива и одбегнување на плаќање увозни давачки коишто се плаќаат при увоз на возило, информираат денеска од Царинската управа.

На меѓународниот аеродром Скопје се откриени 616 стоматолошки инструменти и четири килограми порцелански прав и основен порцелан за стоматологија, при контрола на куфери во сопственост на турски државјанин кој допатувал со лет од Измир. Откако при рентгенска контрола на куферите на патникот биле забележани неправилности, била извршена детална контрола при што биле пронајдени непријавените производи. Тие се привремено задржани, а против патникот е поведена прекршочна постапка.

Царински службеници на царинска испостава Меѓународен аеродром Скопје, спречиле шверц на девет  кутии импланти за гради кои патник, државјанин на Австрија, сакал да ги внесе во државава без да ги пријави. При контрола на патникот, во багажот, во еден од куферите, се откриени непријавените импланти, за кои патникот не поседувал, ниту дозвола за увоз за таков вид на стока од надлежна институција. Против патникот е поднесена соодветна пријава, а имплантите се запленети
Царинската управа спречила криумчарење на 96 штеки цигари што по воздушен сообраќај македонски државјанин сакал да ги внесе во Лондон. Царински службеници на царинска испостава Меѓународен Аеродром Скопје при контрола на куферот во сопственост на патникот ја пронашле непријавената акцизна стока. Штеките цигари се запленети, а против патникот е поднесена соодветна пријава.

Триесет и три штеки цигари без акцизни маркички, се запленети и при контрола на камион со македонски регистарски таблички, управуван од македонски државјанин пријавен за влез во државата на граничниот премин Богородица.  Штеките цигари се пронајдени во фрижидерот во кабината на камионот, во кеса сместена над резервоарот и во надворешна преграда на влекачот.

Во два случаи мобилни тимови при контрола на стока пријавена за увозно царинење наменета за увозници од Скопје откриле поголема количина играчки со ознаки на заштитени трговски марки (вкупно 246). Производите се запленети поради сомневање дека повредуваат права од интелектуална сопственост и истовремено е започната постапка за утврдување на нивната оригиналност. Вредноста на задржаните производи, доколку би се продавале како оригинални, е проценета на околу 759 илјади денари.

Мобилен тим на Царинската управа при контрола на камион пријавен како празен на граничен премин Блаце откриле 180 метри кабел за електрична инсталација. Непријавената стока била откриена во камион со косовски регистарски таблички управуван од македонски државјанин. Против возачот ќе биде поведена соодветна постапка. На влез на граничниот премин Блаце мобилен тим при контрола на автомобил открил и непријавени 114 кутии со термоси за вода. Термосите требало да завршат на македонскиот пазар.

За македонски државјанин е поведена прекршочна постапка до надлежен суд заради прекршување на царинската регулатива и одбегнување на плаќање увозни давачки коишто се плаќаат при увоз на возило.

Имено царински службеници при контрола на автомобил со македонски регистарски таблички управуван од македонски државјанин, пријавен за излез од државата на граничниот премин Делчево, откриле комплет бугарски регистарски таблички и сообраќајна дозвола. Возачот изјавил дека истите се од возило кое го расходувал во Бугарија, но, согласно евиденцијата за влез и излез на возила на Министерството за внатрешни работи, е констатирано дека возилото имало остварено влез во државата во 2019 година, а потоа не е евидентирано на излез од државата. Поради сомневање дека возилото било пуштено во слободен промет без претходно да биде оцаринето и платени увозни давачки, против сопственикот е поведена прекршочна постапка до надлежен суд.

Царинската управа запленила 2 комплети од рачен часовник и бижутерија обетки, прстен и синџирче, откако ниле откриени при контрола на автобус со македонски регистарски таблички кој сообраќал на редовната линија Сплит – Скопје, пријавен за влез во државата на граничниот премин Ќафасан. Непријавените производи, сопственост на македонски државјанин кој патувал со автобусот, биле пронајдени во ранец и две најлонски кеси сместени во просторот за багаж на автобусот. Против патникот е поведена соодветна постапка.

Царински службеници на граничен премин Дојран заплениле 4.320 парчиња реквизити за маскенбал поради сомневање дека повредуваат права од интелектуална сопственост. Вредноста на задржаните производи, доколку би се продавале како оригинални, е проценета на околу 259 илјади денари. Започната постапка за утврдување на нивната оригиналност.

Read More

„Македоина Делије Радовиш“, го утнаа името на земјата од каде доаѓаат | ФОТО

Огромно внимание во Македонија предизвика вчерашниот натпревар помеѓу Црвена Звезда и Барселона кој се играше во Белград.

Голем број на фанови на црвено-белите но и на каталонците заминаа да го проследат натпреварот во живо, што можеше да се забележи од фотогорафиите споделени на социјалните мрежи.

Највпечатливи беа оние од Радовиш, навивачи на Црвена Звезда кои го утнаа името на државата од која доаѓаат на црвено-белото знаме.

Read More

(Фото) Редици луѓе чекаат ваучери за инвертери пред салата „Борис Трајковски“

Откако Министерството за енергетика, ридарство и минерални суровини најави дека денеска ќе ги додели ваучерите за инвертер клими, кои корисниците од Скопје треба лично да ги подигнат од салата „Борис Трајковски“, таму од утрово се забележуваат редици луѓе. Веќе неколку часа постојано пред вратите на салата доаѓаат луѓе, кои се редат во ред и чекаат …

(Фото) Редици луѓе чекаат ваучери за инвертери пред салата „Борис Трајковски“ Read More »

The post (Фото) Редици луѓе чекаат ваучери за инвертери пред салата „Борис Трајковски“ appeared first on Независен Весник.

Read More

СМЕНЕТ ИЗРАЕЛСКИОТ МИНИСТЕР ЗА ОДБРАНА ЈОАВ ГАЛАНТ

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху го смени министерот за одбрана Јоав Галант, велејќи дека веќе нема доверба во неговите способности да […]

The post СМЕНЕТ ИЗРАЕЛСКИОТ МИНИСТЕР ЗА ОДБРАНА ЈОАВ ГАЛАНТ appeared first on Сакам Да Кажам.

Read More

НЕМА ДА ИМА НИКАКВИ НАСИЛСТВА, КАЖА ТРАМП ОТКАКО ГЛАСАШЕ ВО ФЛОРИДА

Доналд Трамп изјави дека неговите гласачи не се насилни откако се појави на своето избирачко место во Палм Бич, Флорида, […]

The post НЕМА ДА ИМА НИКАКВИ НАСИЛСТВА, КАЖА ТРАМП ОТКАКО ГЛАСАШЕ ВО ФЛОРИДА appeared first on Сакам Да Кажам.

Read More

ПОЛСКА ЈА ОБВИНИ РУСИЈА ДЕКА СТОИ ЗАД СЕРИЈА ПОЖАРИ НА ПАКЕТИ, ШТО БИЛЕ ПОДГОТОВКА ЗА САБОТАЖИ НА ЛЕТОВИ КОН САД И КАНАДА

Полските обвинители кажаа дека Русија стои зад серијата пожари на пакети испратени преку курирски компании во Полска, Германија и Велика […]

The post ПОЛСКА ЈА ОБВИНИ РУСИЈА ДЕКА СТОИ ЗАД СЕРИЈА ПОЖАРИ НА ПАКЕТИ, ШТО БИЛЕ ПОДГОТОВКА ЗА САБОТАЖИ НА ЛЕТОВИ КОН САД И КАНАДА appeared first on Сакам Да Кажам.

Read More

Шон Пен е „Стрелецот“ во петочниот акционен трилер на Телма

Џим Териер (Шон Пен) е поранешен припадник на специјалните сили, а денес, во своите одминати години, станува платеник. Како дел од тимот платен од корпорација, Териер е во Конго и работи како оперативец на тајни проекти. Во меѓувреме, Териер се вљубува во Ени, докторка во локалната болница. Иако земјата е распарчена од граѓанска војна, мултинационалните …

The post Шон Пен е „Стрелецот“ во петочниот акционен трилер на Телма first appeared on ТВ Пакет.

Read More