Приведени двајца криумчари на мигранти

 Полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор Сопот при Регионалниот центар за гранични работи Север, синоќа во 21:10 и 21:30 часот во близина на кумановското село Костурник, ги лишиле од слобода И.Н.(32) од скопското село Крушопек и Г.П.(50) од Велес поради сомнение за сторено кривично дело „криумчарење мигранти“.

– Претходно, околу 19:15 часот во близина на село Табановце, кумановско, на автопатот „Пријателство“, полициски службеници ги забележале лицата како во патничко возило „фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки, кое го управувал И.Н., а Г.П. бил сопатник, сместуваат три женски лица мигранти од Непал. Притоа, тие не застанале на знак за запирање даден од полициските службеници, а откако биле употребени средства за присилно запирање на возилото го напуштиле возилото. Веднаш потоа мигрантите биле пронајдени и биле сместени во Транзитниот центар Табановце, а по преземени мерки биле пронајдени и лишени од слобода и ИН. и Г.П., соопшти денека МВР.

Лицата биле задржани во полициска станица и за настанот бил известен надлежен јавен обвинител. По извршени проверки било утврдено дека И.Н. бил баран по потерница врз основа на наредба од Казнено – поправната установа Затвор Идризово поради бегство од затворот каде што издржувал шестгодишна затворска казна за сторено кривично дело „криумчарење мигранти“ по член 418 Б од Кривичниот законик. По целосно документирање на случајот, против лицата ќе биде поднесена соодветна пријава.

Adblocker detected! Please consider reading this notice.

We've detected that you are using AdBlock Plus or some other adblocking software which is preventing the page from fully loading.

We don't have any banner, Flash, animation, obnoxious sound, or popup ad. We do not implement these annoying types of ads!

We need money to operate the site, and almost all of it comes from our online advertising.

Please add tvstanici.net to your ad blocking whitelist or disable your adblocking software.

×