Category: Media

Денеска нешто по 15 часот воз на Хрватски железници тргна од Сплит за Загреб, а потоа заглави во снегот во Лика. Како што јави Далмација Данас, возот бил полн во моментот кога се заглавил во снегот бидејќи врз него паднала гранка при што се скршило стаклото на локомотивата. „Два часа чекаме замена, авотбус или воз“ …
(Видео) Полн воз од Сплит до Загреб заглави во снегот во Лика: „Чекаме два часа“ Read More »
The post (Видео) Полн воз од Сплит до Загреб заглави во снегот во Лика: „Чекаме два часа“ appeared first on Независен Весник.
ВМРО ДПМНЕ рагираше со соопштение порачувајќи и на опозициската партија да ја погледнат изјавата на премиерот Мицкоски од денеска.
А Мицкоски во текот на денот изјави дека во среда, кога Уставниот суд ќе заседава за Законот за јазици, нема да се случи ништо.


Join this channel to get access to perks: https://www.youtube.com/channel/UCrr-J3gKi7OnHmiyOSYhNtw/join ВО ЦЕНТАР Интервју со Оливер Спасовски – "Не му бев чадор на Палчо"
Read More

Неколку институции се прогласиле за ненадлежни да му помогнат не неподвижен човек во селото Видовиште, кој три дена нема јадено, […]
The post ИНСТИТУЦИИ ВО КОЧАНИ РЕКЛЕ ДЕКА СЕ НЕНАДЛЕЖНИ ОТКАКО НЕПОДВИЖЕН МАЖ НА 112 ПРИЈАВИЛ ДЕКА ТРИ ДЕНА Е БЕЗ ХРАНА appeared first on Сакам Да Кажам.
Три безживотни тела биле пронајдени денеска во неготинското село Црвени Брегови, известија од Јавното Обвинителство.
-Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Кавадарци изврши увид на лице место во неготинското село Црвени Брегови, каде во мала куќа која се користела како импровизиран верски објект биле пронајдени три безживотни тела меѓу кои и на едно дете на возраст од околу 14 години. При првичниот преглед на лицата не се констатирани траги на насилство. Јавниот обвинител издава наредби за обдукција, како и наредба за испитување на исправноста на плинскиот уред на кој се грееле, велат од Обвинителството.

Британскиот крал и кралица ја објавија овогодинешната божиќна честитка. На официјалниот Инстаграм профил на Чарлс и Камила е објавена честитка. Двојката насмеана позирала во градината на Бакингемската палата. Откриле дека фотографијата е направена во април. На фотографијата Чарлс е облечен во сив костум, бела кошула и сина вратоврска, додека Камила е облечена во син фустан …
The post Чарлс и Камила ја објавија божиќната честитка, позираат во градината на Бакингемската палата appeared first on Независен Весник.

Претседателот на Република Српска, Милорад Додик вечерва бил хоспитализиран во болница во Белград, објавија српските медиуми. Додик се пожалил на акутни болки и попладнево бил прегледан во Белград, по што бил хоспитализиран. Според првичните дијагности, по потребните подготовки врз него ќе се изврши оперативен зафат на хранопроводникот и на желудникот, објави српски Телеграф. Од неговиот […]
Read MoreЗа прв пат во Прилеп, во организација на здружението „Платформа за Креативни Концепти“, а со поддршка на Преспанско – Пелагониската Епархгиоја, Општина Прилеп и Институтот за стао словенска култура се организираше настанот „Денови на Свети Климент Охридски“ посветен на патронот на нашата Македонска православ црква и нашиот голем просветител. Делото на Свети Климент се смета за Рамноапостолско поради ширењето на христијанството, но и на писменоста и образованието кај словенските народи. Беше порачано дека ваквите настани треба да ги има што е можнп повеќе и да бидат пример за сите нас како треба да си ја почитуваме историјата и нашето духовно наследство.
„И оваа истражувачка да ја наречеме школа на овие млади луѓе треба да биде пример за сите, и за возрасните и за интелектуалците особено“, рече Г. Петар, Митрополит Преспанско – Пелагониски.
„Еден апел до Општината и до сите институции да ги поддржат овие проекти и да ги афирмираат делата на Светите Климент Охридски и Свети Кирил и Методиј, каде што ќе се афирмира нивното дело и ќе се продолжи нивната просвета“, додаде Андреј Иваноски, организатор на настанот.
„Всушност ние како научнио работници и истражувачи треба баш на овие сегменти да се вложуваме најмногу бидејќи токму преку едуцирањето на младите всушност нашатѕа работа добива смисла“, истакна Александар Василески, директор на Институт за старо-словенска култура.
Еден месец 80-тина ученици од 7-8 одделение од сите основни училишта во Прилеп беа дел од работилници по македонски јазик, историја и ликовна уметност и секоја група во својата област создаваше дела поврзани со ликот и делото на Свети Климент Охридски.
„Цртежот се пренесуваше на платно користевме некоја навидум блиска и адекватна техника која се користела во средновековието за цртање кога била популарна таа византиска школа на цртање“, вели Александар Џинго, ментор на групата по ликовна уметност.
„Литератураната секција имаше за задача да пишува акростихови, да напише и да изрецитира стихови кои се посветени на учителот над учителите“, потенцираше Наташа Кулеска, ментор на групата по македонски јазик.
„Јас сум оптимист дека овој проект ќе прерасне во традиција не само во Прилеп туку и во сите градови во Македонија“, рече Горјан Василески, ментор на групата по историја.
Ова на некој начин е продолжување на проектот кој во месец мај беше посветен на Светите Кирил и Методиј и во кој на сличен начин учениците го обработуваа нивниот лик и дело.
