Претседателот на Република Српска, Милорад Додик вечерва бил хоспитализиран во болница во Белград, објавија српските медиуми.
Додик се пожалил на акутни болки и попладнево бил прегледан во Белград, по што бил хоспитализиран.
Според првичните дијагности, по потребните подготовки врз него ќе се изврши оперативен зафат на хранопроводникот и на желудникот, објави српски Телеграф.
Од неговиот кабинет објавија дека навремено ќе ја известат јавноста за неговата здравствена состојба.
Прочитајте ја целата статија од изворот