tvstanici

Досега откупени над 100.000 јагниња по цена од 280 денари, на сточарите исплатени над 1 милијарда денари субвенции

Досега во Македонија се откупиле 100.000 јагниња по цена од 280 денари. Според министерот за земјоделство сега бил шпицот на откупот и се очекува истиот да продолжи со сегашното темпо и динамика. Министерот за земјоделство Цветан Трипуновски потенцираше дека на одгледувачите на овци им биле исплатени сите субвенции по грло до 2025 година, односно државата исплатила над 1 милијарда денари.

„Со ова практично ја затвораме комплетно исплатата кон оваа сточарска гранка. Реализацијата по однос на сите плаќања по однос на овчарството мислам дека ќе бидат доволен стимул за тековната 2026 да имаме задржани повеќе женски јагниња, односно зголемување на бројната состојба на овците во Македонија“, истакна Цветан Трипуновски, министер за земјоделство.

Министерот истакна дека за 2026 и 2027 година ќе добијат субвенции и оние земјоделци кои се под прагот за предвидената мерка за субвенционирање се со цел во овој период да се прилагодат земјоделците и да ги постигнат бараните квоти.

„Нема никој да биде исклучен од процесот на земање субвенции. Во тековната програма за 2026 година има посебна мерка која ќе ги опфати сите овие мали земјоделци кои се под праговите кои ги имаме ставено во програмата за 2026 година. Исто така ваква мерка ќе постои и во 2027 година, со цел овие 2 години заедно со сточарите да помогнеме да ги постигнеме тие минимални прагови“, додаде Трипуновски.

Одгледувачите на овци истакнаа дека со исплатата на овие субвенции и цената која што се постигна годинава позитивно ќе дечуваат на сточниот фонд.

Исплатата на овие субвенции верувам дека ќе ги помогне многу сточарите и верувам дека другите години ќе се исплатат на време и само така може да расте бројката и со други стимулации да го вратиме женското јагне, да има исплата за приплод“, изјави Насер Џамаили, претседател на Сојуз на одгледувачи на овци.

Цената е добра, задоволни сме годинава со цената, имаше и за поголемо јагне пласман. Цените 280 денари беа на терен, а до 40 килограми јагниња одеа“, кажа Марјанчо Стојчески, одгледувач на овци.

На средбата се разговараше и за останатите проблеми кои ги имаат сточарите, а се со цел поддршка на ова гранка и зголемување на сточниот фонд во Македонија.

 

Фото за вовед: 
Категорија: 
Read More

Мицкоски на одбележување на Меѓународниот ден на Ромите: Ромската заедница е дел од нашата држава, не само формално, туку суштински, таа е дел од нашата историја и култура

Светскиот ден на Ромите не е само симбол, тој е потсетник дека секое општество се мери според тоа колку знае да ги препознае, да ги почитува и да ги поддржи своите луѓе, порача премиерот Христијан Мицкоски на вчерашното одбележување на 8 Април – Меѓународниот ден на Ромите. Тој посочи дека ромската заедница е составен дел […]

Source

Read More

Трипуновски: Со поддршка на земјоделците и правилните аграрни политики, ќе изградиме цврсто и одржливо земјоделство

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски вечерва беше во посета на населеното место Прељубиште во Општина Јегуновце, каде гослушнал гласот на земјоделците. Тој присуствуваше на трибината која се реализира во рамки на кампањата „Гласот што го слушаме – македонско најдобро“. Трипуновски информира дека со земјоделците разговарале за актуелните теми во земјоделскиот сектор, како […]

Source

Read More

Собранието го изгласа Законот за средно полициско училиште

Со 61 гласа „за“, ниту еден против или воздржан, Собранието вчера го усвои Законот за средно полициско училиште по скратена постапка. Средното полициско училиште ќе почне да функционира од 13 мај 2026 година, во рамки на сегашниот Центар за обука во Идризово, односно согласно новиот Закон за внатрешни работи – Полициска академија. Ќе работи по […]

Source

Read More

Ѓорѓиевски: По долгите години чекање, симболот на солидарноста и културниот идентитет на Скопје, Универзалната сала, конечно почнува да се гради

Конечно, Универзална сала почнува да се гради. По долгите години чекање, симболот на солидарноста и културниот идентитет на Скопје, Универзална сала, повторно оживува, објави на Фејсбук градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски. -Започнува изградбата на објектот кој е сведоштво за духот на градот, за неговата истрајност и љубов кон културата – истакна тој. Проектот, како што […]

Source

Read More

ЗНАМ: СДСМ директно ја кочи реформската агенда преку опструкција на законот за ЈО

Опозициската СДСМ уште еднаш покажа дека партиските калкулации ги става пред државните интереси и пред потребата од вистински реформи во правосудството, стои во соопштението на ЗНАМ. Предлог-законот за јавното обвинителство – закон кој е дел од еформската агенда и кој помина низ јавна расправа со вклученост на експерти, обвинители, адвокати и професори , претставува јасен […]

Source

Read More

24 анализа – Зошто со години се зголемува црната статистика?

[ad_1] Зошто Македонија е на врвот на листата по смртност на новороденчиња во Европа? Зошто со години се зголемува црната статистика, каде затаил системот? Што покажуваат анализите, како се мобилизираат надлежните? Гости се: др. Лилјана Којиќ, раководител на одделот на интензивна нега на недоносени новороденчиња на Клиниката за гинекологија, др.Елизабета Петковска раководител на одделот на […]

Read More

NENO SIGNORI GI SOBLECE CORAPITE | UROK

Доколку сакате да го поддржите ПОДКАСТОТ можете со донација преку: Преку Super Thanks или Super Chat https://naturatherapy.mk/ – Natura Therapy https://tamaro.mk/ – Tamaro »»»🖱️ SOCIAL MEDIA: 🖱️««« »📷 Instagram: / _lazarovv ” »📷 Facebook: / stefan.lazarov ━━━━━━━━━━━━━ ПРАВИЛА НА СТРИМОТ !! → Не е дозволено !! • Говор на омраза! • Рекламирање! • Спамање! • […]

Read More

Adblocker detected! Please consider reading this notice.

We've detected that you are using AdBlock Plus or some other adblocking software which is preventing the page from fully loading.

We don't have any banner, Flash, animation, obnoxious sound, or popup ad. We do not implement these annoying types of ads!

We need money to operate the site, and almost all of it comes from our online advertising.

Please add tvstanici.net to your ad blocking whitelist or disable your adblocking software.

×