Запленетиот кокаин во Скопје припаѓал на нарко групата на Штекли, напиша Јанев | ФОТО

Од Јавното обвинителство вечерва соопштија дека приведени се две лица кај кои се пронајдени 4,5 килограми кокаин. Директорот на на Бирото за јавна безбедност Александар Јанев на својот Фејсбук профил информира дека оваа одземена количина на кокаин припаѓала на нарко групата на Раде Трајковски Штекли.

– Откриени и одземени над 4 кг кокаин од групата на Штекли. Упорноста и професионализмот се клучни за успешната истражна работа. Во координација со Јавен обвинител, продолживме со активностите против криминалната група на Штекли, и при дополнителни дејствија, по само нецел месец од разбивањето на групата, повторно е пронајдена и одземена дрога од истата криминална банда. Продолжуваме со нашата посветеност во борбата со недозволена трговија со дрога. Нема непобедливи криминални структури – тоа го потврдуваме со секој нов успех и го разбиваме митот за непобедливоста на одредени поединци, напиша Јанев.

ОЈО претходно информираше дека за двајцата приведени побарани се притвор и куќен притвор.

– Како резултат на материјалните и видео докази, обезбедени при претресите во акцијата што под раководство на јавен обвинител беше спроведена на 18 и 19 јануари годинава, во текот на денешниот ден од слобода се лишени две лица. На лицата им се става на товар дека сториле кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на психотропни супстанци и прекурсори“, информираше Обвинителството.

Од екстрахираните податоци, истражителите од Лабораторијата за дигитална форензика при Истражниот центар на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, дошле до докази дека првоосомничениот, кој бил приведен во Гевгелија, сокрил 3,5 килограми кокаин во бункер во патничко моторно возило. 

– Воедно, како резултат на доказите, побарани се и извршени претреси на дом кај приведените лица и притоа е пронајден уште еден килограм кокаин. Јавниот обвинител за двете лица донесе наредба за истрага, а од судијата на претходна постапка при Основниот кривичен суд – Скопје, побара притвор и куќен притвор, појаснуваат од Обвинителството. 

Adblocker detected! Please consider reading this notice.

We've detected that you are using AdBlock Plus or some other adblocking software which is preventing the page from fully loading.

We don't have any banner, Flash, animation, obnoxious sound, or popup ad. We do not implement these annoying types of ads!

We need money to operate the site, and almost all of it comes from our online advertising.

Please add tvstanici.net to your ad blocking whitelist or disable your adblocking software.

×