Цивилната заштита на Појасот Газа, која е управувана од Хамас, денеска објави за 19 загинати во израелските воздушни напади врз енклавата, додека Израел упорно се обидува да го уништи исламистичкото движење и да ги спаси преостанатите заложници, киднапирани пред 20 месеци.
– Нашите тимови транспортираа 19 мртви и неколку десетици ранети по воздушните напади во различни делови од Појасот Газа изминатата ноќ и рано утрово – изјави портпаролот на цивилната заштита, Махмуд Басал.
Тој тврди дека повеќето од жртвите се жени и деца.
Израелската армија ја засили својата офанзива во Појасот Газа во последните денови со цел да го уништи исламистичкото движење Хамас и да ги спаси преостанатите заложници.
Тие заложници беа киднапирани на 7 октомври 2023 година, кога борците на Хамас од Газа влегоа во Израел и нападнаа рурални заедници – кибуци и млади на музички фестивал, што предизвика војна меѓу двете страни. Се претпоставува дека Хамас држи уште 59 заложници, од кои само 24 се живи.
The post ЗАГИНАА 19 ЛУЃЕ ВО ИЗРАЕЛСКИ НАПАД ВРЗ ГАЗА Повеќето од жртвите биле жени и деца appeared first on plusinfo.mk.
Прочитајте ја целата статија од изворот
