Пред три години пчеларската традиција на Словенија беше додадена на листата на УНЕСКО, со што пчеларството во Словенија доби заслужено признание како пример за важна културна традиција.
Претходно, поточно во 2018 година, Словенија доби поддршка од Обединетите нации да го прогласи 20 мај (роденденот на пионерот на модерното словенечко пчеларство Антон Јанша), за Светски ден на пчелата и оттогаш, во организација на амбасадата на Словенија, тој секоја година се одбележува и кај нас.
Годинава, по повод 20 Мај, Светскиот ден на пчелата, во кругот на Факултетот за земјоделски науки и храна (ФЗНХ) се отвора првиот Парк на пчелата во земјава. Овој простор е училница за студентите, но и место на кое сите посетители, независно од возраста, ќе можат да се запознаат со значењето и биологијата на пчелите, технологијата на одгледување, медоносните растенија и производите на медоносните пчели.
Прочитајте повеќе на „Арт кујна“.
The post ВРЕДНИТЕ ПЧЕЛИ СИ ДОБИЈА ПАРК Инспирирани од природата да нè хранат сите appeared first on plusinfo.mk.
Прочитајте ја целата статија од изворот