Видеолотарија Касинос Австрија во соработка со Институтот за трансфузиона медицина од Скопје и Црвениот крст, уште еднаш успешно реализираше крводарителна акција, со што jа докажа својата хуманост на дело. Ова е 24 крводарителна акција која се реализира од страна на компанијата.
– Акцијата веќе е убава, хумана традиција, која ја практикуваме како колектив, додека голем дел од вработените практикуваат и индивидуално да поддржуваат вакви хумани активности. На овој начин, Видеолотарија Касинос Австрија дава придонес во спасувањето човечки животи и во промовирање и поттикнување на доброволното дарување крв – велат од компанијата.
Многукратни се придобивките од крводарувањето. Покрај хуманата цел – спасување човечки животи, кај крводарителите се обновува и регенерира крвта, а лицата кои ќе дадат десет пати доброволно крв, добиваат бесплатно лекување.
Крводарителството е доброволен чин и индивидуален одраз на хуманост и на солидарност. Крводарител може да биде секое лице на возраст од 18 до 65 години, со добра општа здравствена состојба. Според критериумите за крводарување, мажите може да даруваат крв на секои 3, а жените на секои 4 месеци. Едно крводарување може да спаси 3 до 4 човечки животи.
The post ВРАБОТЕНИТЕ ВО ВИДЕОЛОТАРИЈА ДАРУВАА КРВ Ова е 24 крводарителна акција на компанијата appeared first on plusinfo.mk.
Прочитајте ја целата статија од изворот
