31-годишниот Д.А под дејство на алкохол предизвикал сообраќајна несреќа во Куманово во која биле оштетени мопед и патничко возило, потврдија од СВР Куманово.
Настанот се случил во средата (9 април) околу 16:45 часот на улицата Теофан Економов, кога возачот од Куманово управувал патничко возило марка „сеат леон со кумановски регистарски ознаки, и удрил во мопед „хамачи“ и автомобил „фолксваген голф“, исто така со локални таблички.
По несреќата, полициските службеници од Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај интервенирале веднаш на терен и го привеле возачот. Тестирањето покажало дека имал 1,85 промили алкохол во крвта.
„Во случајот се работи за грубо прекршување на сообраќајните правила. Присуството на речиси два промили алкохол е сериозна опасност по безбедноста во сообраќајот и против лицето ќе биде поднесена соодветна пријава по член 297-а од Кривичниот законик“, изјавија од СВР Куманово.
Полицијата информира дека работи на целосно документирање на случајот, по што ќе следи кривична постапка за „безобѕирно управување со моторно возило“.
The post ВОЗАЧОТ „ЛЕТАЛ“ ПИЈАН ПО УЛИЦИТЕ НА КУМАНОВО Удрил мопед и автомобил и „дувнал“ 1,85 промили appeared first on plusinfo.mk.
Прочитајте ја целата статија од изворот
