Лицето кое вчера беше снимено како вози автомобил „Голф“ со скопски регистарски ознаки, при што за кука од возилото имал врзано коњ и така се движел низ градско подрачје, е идентификувано од страна на полицијата, потврдија од СВР Скопје.
Случајот предизвика голем број реакции на социјалните мрежи откако видеото се прошири на интернет на 17 април 2025 година. Полицијата веднаш започнала постапка за утврдување на идентитетот на сторителот и документирање на делото, кое спаѓа под „мачење на животни“ согласно член 233 од Кривичниот законик.
„Со лицето е извршен службен разговор, а по насоки на јавен обвинител, ќе биде изготвено Известување до Основното јавно обвинителство Скопје со целокупниот документиран материјал“, информираа од Министерството за внатрешни работи.
Случајот дополнително ќе го процесира обвинителството.
The post 📽️ ВОЗАЧ СЕ „ПРОВОЗИ“ СО КОЊ ЗАВРЗАН ЗА КОЛА Полицијата го идентификува, следи пријава за мачење животни appeared first on plusinfo.mk.
Прочитајте ја целата статија од изворот