Видеолотарија Касинос Австрија под слоганот „Играј одговорно“ ја продолжи соработката со Здружението на клубови на лекувани зависници во Македонија и нивниот тим составен од стручни лица од областа на психологијата и психијатријата.
– Преку оваа соработка, продолжуваме со реализацијата на нашата примарна цел, едукација и превенција за одговорното играње игри на среќа – велат од Видеолотарија.
Соработката официјално започнала во 2019 година, кога бил формиран првиот СОС тим од ваков вид во земјава, целосно поддржан од Видеолотарија Касинос Австрија. Била активирана и СОС линија 072 809 809 со телефонска поддршка и деск верзија преку е-мејл. До 2025 во функција биле ставени три стручни советувалишта во Скопје, Прилеп и во Куманово со своја посебна СОС линија. Годинава веќе се отпочнати и дополнителни активности за нови советувалишта во Прилеп и во Радовиш.
Во насока на едукација и превенција на јавноста, постојано се реализираат едукативни предавања за учениците низ повеќе факултети и средни училишта во земјава, како и за родителите/старателите од згрижувачки семејства. Дополнително се реализирани и специфицирани трибини поврзани со проблемите кои ги предизвикува прекумерното користење на психоактивните супстанции и игри на среќа.
– И во текот на новата соработка ќе продолжиме со едукација и ќе настојуваме да влијаеме кон зголемувањето на јавната свест за ризикот и опасностите од прекумерно играње игри на среќа – додаваат од Видеолотарија.
Видеолотарија Касинос Австрија како членка на Европската и Светската Асоцијација на лотарии, поседува и сертификат за одговорно приредување игри на среќа, што дополнително укажува на нивната сериозност како општествено одговорна компанија.
The post ВИДЕОЛОТАРИЈА ЈА ПРОДОЛЖИ СТРУЧНАТА СОРАБОТКА ЗА ОДГОВОРНО ИГРАЊЕ ИГРИ НА СРЕЌА Отворени се 3 советувалишта appeared first on plusinfo.mk.
Прочитајте ја целата статија од изворот
