VO CENTAR Dvizenje Bojkotiram: Sinisa Aleksovski prv lobirase za Gordana SIljanovska!

445
Published on 09/15/2020 by

Во Центар со Васко Ефтов: Движење Бојкотирам: Синиша Алексовски прв лобираше за Гордана Силјановска!

Интервју со Сашо Панговски од Движењето Бојкотирам. Кои се основачите на Бојкотирам и како е формирано тоа движење?

Според Панговски, тој заедно со неколку свои пријатели од твитер се основачи на Бојкотирам со единствена задача да го убедат македонскиот народ да го бојкотира референдумот во 2018 година. Ние знаевме дека ВМРО ДПМНЕ нема да превземе ништо на тој план и затоа ние решивме да ја водиме целата работа, вели Панговски.

Потоа на движењето се обидоа да се налепат луѓе блиски на Ѓорѓе Иванов, кој тогаш беше Претседател на државата, вели Панговски. Прв ни пристапи Синиша Алексовски, кој се престави како десна рака на Иванов. Ние од Алексовски, уште во 2018 година, дознавме дека Гордана Сиљановски ќе биде кандидат на ВМРО ДПМНЕ на претседателските избори во 2019 година.

Ние не го поддржуваме Заев, вели Панговски, напротив мислиме дека е тој полош од Лазо Колишевски. Но само благодарејќи на Христијан Мицкоски, Зоран Заев остана на власт по промената на името.

Македонскиот народ очекуваше од Мицковски ветување дека ќе го поништи Преспанскиот договор и ќе го врати името, затоа иако постои големо расположение против Заев не постои доволно расположение да се гласа за Мицкоски.

Се плашам дека на Заев ќе му дозволат се на овие избори како би бил до крај реализиран проектот со Преспанскиот Договор, вели Панговски.

Во движењето Бојкотирам се луѓе кои се или членови или симпатизери на ВМРО ДПМНЕ, но ние сме разочарани од Мицкоски, и затоа поголем дел од нас ќе ги бојкотираме овие избори, вели Панговски.

Add your comment