Archives: Posts

Еве што се смета за „нормално“ – Во Центар

ИЗВОР: ВО ЦЕНТАР Кој е општествено прифатливиот број на сексуални партнери: Еве што се смета за „нормално“ – Во Центар НасловнаЗанимливостиКој е општествено прифатливиот број на сексуални партнери: Еве што се смета за „нормално“ You cannot print contents of this website.

Read More

Федерер најплатениот тенисер, Џордан спортистот… – Во Центар

ИЗВОР: ВО ЦЕНТАР Еве каде е Новак Ѓоковиќ во однос на заработката: Федерер најплатениот тенисер, Џордан спортистот… – Во Центар НасловнаСпортЕве каде е Новак Ѓоковиќ во однос на заработката: Федерер најплатениот тенисер, Џордан спортистот… You cannot print contents of this website.

Read More

24 анализа – Новинарите повторно во фокусот на вниманието

Во 24 Анализа на ТВ 24: Новинари – бизнисмени, новинари – пропагаднисти, новинари – извршители? Дали вината за потонатата професија треба да ја бараме и кај себе, ги заборавивме ли препораките на Прибе за слободно новинарство? Гостуваат новинарите: Драган Антоновски, Насер Селмани и Столе Наумов. 24 Анализа на 24 Телевизија

Read More

24 анализа – На што се должи оптимизмот за брзо решавање на спорот за името?

Медијаторот Метју Нимиц во Брисел разговараше со преговарачите Васко Наумовски и Адемантиос Василакис, по подолга пауза во разговорите за името. По средбата Нимиц вели дека прашањето за името може да биде решено следната година. Не дал нов предлог, туку ги слушал двете страни, кои, според него, се подготвени да ја слушнат позицијата на другиот. На […]

Read More

Мексико го тужи „Гугл“ поради промена на името на Мексиканскиот Залив

Мексико поднесе тужба против компанијата „Гугл“ поради промена на името на Мексиканскиот Залив. Веста ја соопшти мексиканската претседателка Клаудија Шејнбаум. „Гугл“ во својата апликација „Google Maps“ го промени името на Мексиканскиот Залив во Американски Залив, со што се усогласи со одлуката на претседателот на САД, Доналд Трамп. На 20 јануари, откако повторно се врати во …

Мексико го тужи „Гугл“ поради промена на името на Мексиканскиот Залив Read More »

The post Мексико го тужи „Гугл“ поради промена на името на Мексиканскиот Залив appeared first on Независен Весник.

Read More

Трамп имал продуктивен разговор со Зеленски, потврди Белата куќа

Американскиот претседател Доналд Трамп вчера остварил „многу добар и продуктивен“ разговор со украинскиот претседател Володимир Зеленски, соопшти денеска Белата куќа и додаде дека Трамп се надева дека Украина и Русија ќе постигнат договор следната недела за предложеното 30-дневно примирје. Портпаролката на Белата куќа Каролин Левит, која денеска се обрати пред новинарите на брифинг во Белата …

Трамп имал продуктивен разговор со Зеленски, потврди Белата куќа Read More »

The post Трамп имал продуктивен разговор со Зеленски, потврди Белата куќа appeared first on Независен Весник.

Read More

Баро: Путин е пречка за мирот, потребни се нови санкции против Русија

Шефот на француската дипломатија Жан-Ноел Баро денеска изјави дека неговата земја ќе ги искористи приходите од замрзнатите руски средства за одржување на хаубиците „Цезар“ кои ги испрати во Украина, пренесуваат француските медиуми.

– Франција преку својата компанија КНДС, благодарение на каматите од замрзнатите руски средства, ќе може да обезбеди функционално одржување на хаубиците ‘Цезар’ што Париз ги испрати во Киев, изјави францускиот министер, кој учествува на состанокот на министрите за надворешни работи на ЕУ во украинскиот град Лавов, пишува „Фигаро“.

ЕУ одлучи да ги искористи каматите од замрзнатите руски средства за да му помогне на Киев, потсетува парискиот весник.

Француско-германската компанија КНДС, која ги произведува хаубиците „Цезар“, во јуни 2024 година во Париз го формализираше формирањето на својата подружница во Украина, а потоа објави дека таму ќе отвори и свој центар за одржување на овие хаубици.

Франција на Украина ѝ испорача околу 60 вакви хаубици, кои можат да испукаат шест гранати за помалку од една минута, а нивниот дострел е 40 километри.

Жан-Ноел Баро истакна дека е неопходно да се принуди рускиот претседател Владимир Путин да се согласи на примирје.

– Ние сакаме мир, а денес единствената пречка за мирот се наоѓа во Москва, рече Баро, додавајќи дека тоа е Путин.

Францускиот министер додаде дека вчера претседателот Емануел Макрон неколку пати телефонски разговарал со неговиот американски колега Доналд Трамп, кому му ги пренел овие ставови.

Баро, исто така, рече дека разговарал со американскиот републикански сенатор Линдзи Греам, кој заедно со уште 70 сенатори од редовите на републиканците и демократите подготвува пакет сеопфатни санкции против Русија.

– Јас го уверив дека и ние, заедно со Европејците, ќе предложиме нов пакет санкции во наредните денови за да извршиме притисок врз Русија, нагласи Баро. 

Read More

Индија против Пакистан – Каков е односот на силите?

Најголемата воздушна битка во модерната историја се одигра над небото на Индија и Пакистан откако двете нуклеарни држави влегоа во судир. Битка на западното против источното вооружување. На небото се судрија француски авиони „Рафал“ кои ги користи Индија, но и најмодерните кинески Ј-10. Сепак, официјалниот став на Пекинг, кој во последните пет години најмногу го вооружува Пакистан, е дека не знае дали Исламабад користи кинеско оружје во судирот.

-Не сум запознаен со овие што го зборувате, вели Лин Хиан, портпарол на кинеското МНР

Пакистанските власти тврдат дека собориле „рафали“, но и други видови на воздухоплови, но засега нема потврда за вакво нешто од Њу Делхи. Засега нема информации за штетите на пакистанска страна.

Во битката, за која се верува дека ќе биде студирана од сите големи воени сили учествувале околу 125 борбени авиони, а ниту еден не го нарушил воздушниот простор на соседот. Пилотите, практично, гаѓале цели оддалечени и до 160 километри. 

Двете држави имаат историја на неколку директни и индиректни конфликти од напуштањето на британските колонијални власти во 1947 година. Станува збор за земји кои се во топ 5 по бројот на население во светот. Индија е на второто место со 1,4 милијарди луѓе, додека во Пакистан, која е петта по бројот на жители, живеат 252 милиони. 

Уште со овие бројки може да се предвиди односот на силите.

 Индија има далеку поголем одбранбен буџет од Пакистан. Њу Делхи за оваа ставка одвојува 75 милијарди, а Пакистан „само“ 7,6 милијарди. 

Голема е разликата и во бројот на воен персонал. Индија има речиси тројно повеќе активен воен персонал, повеќе од двојно поголем резервен состав, а огромна е разликата во паравоените структури. 

Иако оваа прва голема воздушна битка, барем според досегашните информации, му припадна на Пакистан, евидентно е дека Индија има далеку помоќна воздухопловна сила. И во кумулативната бројка на авиони, но и во бројот на борбени авиони.

И на земја Индија е далеку помоќна, иако податоците покажуваат дека Пакистан вложувал главно во самоодни артилерии.

Пакистан нема носачи на авиони, Индија има два. И кај бројот на подморници евидентна е надмоќта на Индија.

Сепак, иако на хартија Индија би требала да лесно да ја добие евентуалната војна меѓу двете држави, Украина покажа дека мотивацијата може да одигра клучна одлука.

-Пакистанската нација застанува зад Пакистанската армија. И уште поважно, сите политички партии и лидери од Пакистан, ги ставаат на страна сите различности за да застанат зад цела нација.

И Индија и Пакистан поседуваат нуклеарно вооружување. Иако за нуклеарните капацитети нема официјални податоци, се претпоставува дека и двете држави имаат по над 170 боеви глави. Евентуалната употреба на оружје за масовно уништување ќе има последици врз целиот Свет.

Фото за вовед: 
Видео: 
Категорија: 
Новинар: 
Read More

Adblocker detected! Please consider reading this notice.

We've detected that you are using AdBlock Plus or some other adblocking software which is preventing the page from fully loading.

We don't have any banner, Flash, animation, obnoxious sound, or popup ad. We do not implement these annoying types of ads!

We need money to operate the site, and almost all of it comes from our online advertising.

Please add tvstanici.net to your ad blocking whitelist or disable your adblocking software.

×