Archives: Posts

Анализа: Како влијае споредбата од еврокомесарката Кос на јавноста?

За македонскиот народ навреда, за Брисел поглед за една нација. Споредбата на македонскиот идентитет со полнети пиперки, пинџур и погача од еврокомесарката Кос ја разгневи јавноста. Иако македонската кујна е значаен белег на македонците не треба да се сведе на слика за целиот македонски идентитет. Професорот на Филозофскиот факултет Ило Трајковски за Сител вели темата е осетлива, а реакцијата на јавноста иако диференцирана е оправдана. 

Оправдани се реакциите на граѓаните по гафот на еврокомесарката Кос, смета и универзитетскиот професор Ненад Марковиќ. Според него, дополнително се проблематизира, што во услови на затегнати односи со Бугарија и обиди повторно да се негира посебноста на идентитетот и јазикот, од Брисел стигнуваат вакви пораки.

По завршувањето на дводневниот самит на ЕУ и Западен Балкан, Кос без конкретен одговор дали за Брисел е доволна усната гаранција од Бугарија дека нема да поставува нови сопки за Македонија. Но наместо гаранција за македонскиот идентитет таа го спореди со гастрономија и традиција. 

Фото за вовед: 
Категорија: 
Read More

Околу 9.000 вработени во „Мајкрософт“ ќе добијат отказ

Мајкрософт“ (Microsoft) најави дека ќе отпушти уште неколку илјади вработени, откако во мај подели откази на три проценти од вработените на сите нивоа и географски подрачја. Компанијата најави и намалување на одредени хиерархиски нивоа.

– Тоа ќе биде помалку од четири отсто од работната сила односно отказ ќе добијат околу 9.000 вработени. Продолжуваме да ги спроведуваме организациските промени потребни за поволно позиционирање на компанијата и нејзините тимови во променливата пазарна средина, се наведува во соопштението на „Мајкрософт“, каде работат 228.000 луѓе.

Намалувањето на бројот на вработени најверојатно е предизвикано од примената на вештачката интелигенција (ВИ). „Мајкрософт“ е компанијата која е една од најнапредните во примена на ВИ. Компанијата во април соопшти дека од 20 до 30 проценти од внатрешното програмирање е направено со употреба на ВИ.

Read More

Андоновски: Дигиталниот паричник за граѓаните е опција, не обврска

Македонија се обидува да биде пионер во регионот со воведување на „дигитален паричник“, кој всушност значи дека сите лични документи граѓаните ќе можат да ги имаат на едно место, истакна вечерва министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски. -Ова е еден новитет и со тоа сакаме да покажеме дека можеме да бидеме пионери во поширокиот регион […]

Source

Read More

Богдановиќ: Заев ме тргна од политиката и не ми даде шанса за втор мандат

Саша Богдановиќ, екс градоначалникот на Центар, вели дека не е лут на СДСМ, туку само укажувал на тоа што не чинело во партијата. Негира дека молчел кога бил градоначалник. Рече дека Заев е човекот кој го тргнал од политиката и не му дал шанса за втор мандат. Вели дека само 10-на згради се изградени во […]

Source

Read More

Богдановиќ: Герасимовски ќе изгуби во Центар

Поранешниот градоначалник на Центар од редовите на СДСМ, посочи дека актуелниот градоначалник на Центар од СДСМ Горан Герасимовски ќе изгуби на престојните локални избори. -Ќе изгуби затоа што по 2021 година, таа структура која носеше позитивни резултати во Центар за СДСМ е тргната на страна, многу луѓе се дистанцирани благодарение на Горан Герасимовски, нема луѓе. […]

Source

Read More

Тошковски од Мала Преспа: Mакедонскиот дух тука живее силно и гордо

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, заедно со министрот за надворешни работи Тимчо Муцунски е во посета на македонците во Мала Преспа каде присуствуваат на фестивалот „Македонско културно лето“–симбол на истрајноста и духот на македонската заедница во Албанија. „Фестивалот претставува жив сведок на богатството на македонската култура, уметност и традиција и испраќа јасна порака дека […]

Source

Read More

Премиерот очекува буџетскиот дефицит да биде понизок од 4%

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски очекува буџетскиот дефицит да биде понизок од четири отсто, а веќе наредната година да биде, како што рече „во онаа рамка од 3 отсто, подолу од 3 отсто, која што требаше одамна да ја постигнеме, пред неколку години“. Тој денеска посочи дека во делот на фискалното консолидирање за жал претходната […]

Source

Read More

Adblocker detected! Please consider reading this notice.

We've detected that you are using AdBlock Plus or some other adblocking software which is preventing the page from fully loading.

We don't have any banner, Flash, animation, obnoxious sound, or popup ad. We do not implement these annoying types of ads!

We need money to operate the site, and almost all of it comes from our online advertising.

Please add tvstanici.net to your ad blocking whitelist or disable your adblocking software.

×