Archives: Posts

24 анализа – Ќе има ли ново парламентарно мнозинство?

Во увертират на секоја македонска политичка драма има и заплет и расплет, уште пред да дојде до вистинската криза. Најавената оставка на премиерот виси во воздух, се додека не се исцртаат контурите на идната македонска влада во која странските партнери бараат доверба и продолжување на ЕУ агендата. Опозицијата осоколена од изборната победа не седи мирна, […]

Read More

Средба Мицкоски – Кос

Еврокомесарката за прошираување Марта Кос денеска и утре е во официјална посета на земјава, во рамки на лидерската средба ЕУ – Западен Балкан.

Фокусот е ставен на Планот за раст преку кој ЕУ дава конкретна поддршка за економско приближување на регионот до европскиот пазар.

Прва на агендата беше тет-а-тет средбата со премиерот Мицкоски.

Фото за вовед: 
Категорија: 
Новинар: 
Read More

Две возила учествувале во сообраќајката кај Собранието, во која се повредени две лица

Две возила учествувале во сообраќајката кај Собранието, попладнево во која две лица беа потешко повредени, потврдија вечерва од Министерството за внатрешни работи.

-Попладнево во 17:30 часот во СВР – Скопје е пријавено дека на раскрсницата во близина на Собранието на Република Северна Македонија, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патнички возила ,,ауди” и ,,алфа”.  Со возило на Итна помош, две лица се пренесени за укажување помош во ГОБ „Свети Наум Охридски” и во Ургентен центар ,,Мајка Тереза”. Во тек е увид на местото на настанот, појаснија од МВР.

Претходно, МИА информираше дека две лица се потешко повредени во сообраќајната несреќа што се случила доцна попладнево на крстосницата кај Универзитетската клиника по хируршки болести „Свети Наум Охридски“ во Скопје.

Доктор Драган Панов, шеф на смена во Брза помош – Скопје, во изјава за МИА потврди дека во сообраќајката, две лица се здобиле со потешки повреди.

Read More

ФФМ и Ла Лига ќе градат долгорочно партнерство

Можностите за идна соработка, особено во делот на едукација и развој на млади тренери, ги разгледаа денеска на средба во Скопје претставници на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) и шпанската Ла Лига.

„Фудбалот е универзален јазик кој поврзува луѓе и култури. Преку соработка со институции како ФФМ, сакаме да изградиме долгорочни партнерства кои ќе ја збогатат фудбалската сцена и ќе донесат нови можности за младите“, истакна претставникот на Ла Лига, Естебан Касадо, кој заедно со амбасадорот на Шпанија во Македонија, Рафаел Сороано Ортоз и заменикот шеф на мисијата во Скопје, Паула Навајо Гомез беа примени од претседателот на ФФМ Масар Омерагиќ и генералниот секретар, Леонид Јандреоски.

Од страна на ФФМ, како што е соопштено, беше изразена благодарност за посетата и отвореност за конкретни проекти во иднина, во делот на едукација, размена на искуства и развојни програми инспирирани од позитивните примери на Ла Лига.

„Особено ни е важно што разговорите отворија простор и за потенцијална соработка во делот на едукација на млади тренери, во партнерство со шпански клубови во соработка со Ла Лига. Веруваме дека вложувањето во знаење и искуство е најдобар начин да обезбедиме одржлив развој на нашиот фудбал“, истакна генералниот секретар на ФФМ, Леонид Јендреоски.

Претставникот на Ла Лига на средбата го промовираше проектот „Шпанско-македонскиот фудбалски речник“, илустрирано издание кое нуди широк фудбалски вокабулар на двата јазика и се користи како алатка за комуникација, едукација и поврзување меѓу навивачите и младите.

Read More

Мисајловски: Развој на воена индустрија во Македонија е шанса за нови работни места и влијание во НАТО

Mинистерот за одбрана Владо Мисајловски вели дека се реазгледува идеја за создавање државна програма што ќе ги поддржува македонските млади инженери кои развиваат наменски технологии, дронови, со директна финансиска и логистичка помош од Министерството или други институции. Македонија, кажа  Мисајловски, има реална шанса да влезе на мапата на земји што развиваат наменска индустрија, но за […]

Source

Read More

Процентот на реализација на процентот на реформи ќе биде понизок, но европските средства не се загрозени

Процентот на реализација на реформите од Планот за раст ќе биде понизок во јуни отколку тој во декември. Но Европските средства не се под закана, уверува министерот за европски прашања Муртезани кој одржа отчет за сработеното во една година од формирањето на Владата.

Вели дека процентот на исполнетост на реформската агенда од Планот за раст за Западен Балкан во јуни ќе биде малку понизок од оној во декември. Рече дека министрите се тие кои до детаљ знаат што е, а што не е завршено, но и дека до крајот на денот институциите можеби ќе успеат да завршат дел од својата домашна работа која не е нужно поврзана со носење на нови Закони.

-Во јуни 2026 ќе бидат под ризик бидејќи тогаш ќе ги изгубиме средствата. Дотогаш средствата ќе ни бидат на располагање. Откако ќе помине и формално Извештајот и ќе имаме појасна слика, ние со премиерот на тематски седници редовно го следиме степенот на имплементација. Ќе видиме кои се причините, ако е нешто кадешто Владата може да интервернира, да се забрза, секако дека тоа ќе го направиме. Прво да видиме што ќе се постигне. За тоа што нема да се постигне, кои се причините и после секако доколку дојде до губење на средствата ќе видиме што може да се направи.

Во однос на критиките во последниот Извештај на Европската Комисија дека Министерството нема капацитет да се носи со процесот Муртезани вели дека тој заклучок се провелкува со години наназад и е резултат на одливот на кадар. Затоа најави нови вработувања во Министерството за европски прашања, но и напредување на, како што вели, „сите професионални кадри коишто десетина години се на истите позиции“.

Говорејќи за бугарското вето, министерот за европски прашања вели дека владата се обидува да спречи билатеризација на прашањата поврзани со Бугарија. Според него, не смее да се дозволи унилатерален став на Софија да стане став и на Европската Унија.

-Ние сметаме дека за сите тие документи, коишто дел се од преговарачката рамка, дел не се, со тргање на диоптријата на билатеризација може да се најде начин да се движиме напред. Меѓутоа, ако се инсистира на сите тие документи да се гледа исклучиво од билатерална диоптрија, тогаш мислам дека ќе останеме блокирани и натаму, вече Муртезани.

Прашан за пораките од бугарскиот премиер Жељасков, дека Софија освен уставните измени нема да бара други услови од Македонија – Муртезани вели дека Софија и Брисел упатуваат различни пораки. За Владата спорен е вториот протокол на кој инсистира Бугарија бидејќи според Муртезани, во него има ризик за билатеризација и блокада на европскиот пат на Македонија.

Фото за вовед: 
Категорија: 
Новинар: 
Read More

Муцунски-Спајиќ: Заедничка посветеност на евроинтеграцијата и јакнење на билатералната и регионалната соработка

Во пресрет на утрешниот Самит ЕУ – Западен Балкан, денеска министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, оствари средба со премиерот на Црна Гора, Милојко Спајиќ. Како што соопшти МНР, Муцунски и Спајиќ се дел од овогодинешната група добитници на признанието „Млад глобален лидер“ (YGL) на Светскиот економски форум – мрежа која веќе […]

Source

Read More

Николоски: Голем е интересот за финансирање за изградба на брзата пруга, рокот е продолжен по барање на финансиските институции

Постои сериозен интерес од неколку огромни светски финансиски институции, за финансирање на изградба на брзата пруга на коридорот 10, истакна вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски. -Очекувам дека ќе има конкуренција во понудата, односно дека ќе има повеќе од една финансиска институција со свои понуди, што сигурно потоа ќе ги натера да се натпреваруваат […]

Source

Read More

Премиерот Мицкоски ги пречека лидерите од регионот

Премиерот Христијан Мицкоски ги пречека лидерите од регионот. „Вечерва имав чест да сум домаќин на лидерите на државите од Западен Балкан и ЕУ. Скопје е домаќин на важен настан, и оваа прилика ја користиме за лобирање за македонските интереси и политики“, напиша Мицкоски на Фејсбук.

Source

Read More

Adblocker detected! Please consider reading this notice.

We've detected that you are using AdBlock Plus or some other adblocking software which is preventing the page from fully loading.

We don't have any banner, Flash, animation, obnoxious sound, or popup ad. We do not implement these annoying types of ads!

We need money to operate the site, and almost all of it comes from our online advertising.

Please add tvstanici.net to your ad blocking whitelist or disable your adblocking software.

×