Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски вечерва во дебатниот магазин „Клик плус“ на ТВ21 открива дали МВР има информации за тоа каде е поранешниот вицепремиерот и бегалец Артан Груби.
– Станува збор за оперативни информации на оперативно ниво кои што ги добиваме и соодветно ги споделуваме со сите надлежни органи во рамки на други држави кои што, да речеме, имаме оперативни информации дека предметните лица се наоѓаат таму каде што сме ги добиле информациите – вели Тошковски.
Сепак, како што вели тој, официјална потврда од орган за тоа дали лицата се на нивна територија, моментално немаат.
– Од ден на ден сѐ повеќе и повеќе е сигурно дека се лага тврдењата дека осомничените се чисти како солза и дека имаат приватни обврски – порача министерот за внатрешни работи.
Тој зборуваше и за полицискиот службеник на граничниот премин кој не го проверил екс вицепремиерот Артан Груби дека се наоѓа на мерка „стоп“ и го пуштил непречено да излезе од државата.
– Одделот за внатрешна контрола утврди дека направена е кардинална грешка од полицискиот службеник којшто требало да го запре, да го легитимира, да извести и да постапи по мерки од неговиот надреден во насока на напатствијата коишто ги дало Јавното обвинителство – истакнаТошковски.
Како што вели министерот, веќе е поднесена кривична пријава против полицискиот службеник којшто дозволил да се случи ова.
– Поднесена е кривична, постапено е од страна на Министерството, не е крив пајакот како на времето – додаде Тошковски.
Прочитајте ја целата статија од изворот
