Тензиите на Блискиот Исток ги вивнаа цените на нафтата и гасот

Тензиите на Блискиот Исток ги вивнаа цените на нафтата и гасот на светските берзи. За помалку од една недела поскапеа за 20 отсто.  Ако состојбата меѓу Израел и Иран ексалира,,водечките енергетки компании , како Шел, Тотал Енерџис и и ЕнКвест, предупредуваат на сериозни последици врз глобалниот енергетски пазар.  Шефот за надворешна политика на ЕУ вели дека се размислува за ограничување на цената на нафтата.

„Мислам дека треба да продолжиме со ограничувањето на цената на нафтата, особено поради тензиите и на Блискиот Исток. Целата идеја на ограничувањето на цената на нафтата е всушност да се намалат цените. Мислам дека не треба да завршиме во ситуација каде што ситуацијата на Блискиот Исток ќе ги зголеми цените на нафтата, а всушност ќе ја натера Русија да заработи повеќе, бидејќи тоа значи дека тие повторно ќе можат да ја финансираат својата воена машинерија во поголем обем. Значи, дефинитивно треба да продолжиме со ограничувањето на цената на нафтата.

Состојбата будно се следи и кај нас. Иако цените се далеку пониски од пикот во 2022,та година, кога литар дизел се продаваше по 110 денари, од Регулаторната Комсија велат дека скокот ќе влијае врз цената која ќе се формира следниов  период. Но, за сега драстично поскапување не се очекува.

„Во последните пет месеци имаме највисока цена на суровата нафта на светски берзи. Тоа се одразува на цената на нафтените деривати кои што ние ги користиме при пресметката на крајните цени за бензините и за дизелот во Македонија.. Во истиот период имаме одредено намалување на курсот на доларот во однос на денарот и тоа донекаде ја ублажува ситуацијата со високите цени на нафтените деривати. Не верувам дека дојде во ситуација кога ќе имаме енормно високи цени на нафтените деривати“, изјави Марко Бислимовски, претседател на РКЕ.

Повеќе загрижува скокот на цената на гасот., која од 32 евра за мегават час, за 5 дена скокна на 40 евра за  мегават. . Тоа би можело да влијае на цената на стрјата

„Тоа мене повеќе ме плаши. Цената на природниот гас на најголемата берза во Европа е речиси 40 евра за мегават час, минатата недела беше 32 евра за мегават час. Она што е карактеристично е дека секогаш цената на електричната енергија на европската берзи ја следи цената на природниот гас така да имаме тренд на зголемување на фјучерсите за третиот и четвртиот квартал за годинава и за наредната за цени на електрична енергија“, изјави Марко Бислимовски, претседател на РКЕ.

Од Владата велат дека во моментов состојбата со нафтени деривати е стабилна. Стоковите резерви располагаат со соодветни количини, односно можат да покријат 76 дена од просечниот дневен увоз, а до крајот на годината се планира да се зголемат количините. Доколку дојде до евентуален пораст на цената на нафтените деривати, од влада додаваат дека ќе бидат преземени мерки за заштита на граќаните и  на стопанството, велат од владата.

Фото за вовед: 
YouTube видео: 
Категорија: 

Adblocker detected! Please consider reading this notice.

We've detected that you are using AdBlock Plus or some other adblocking software which is preventing the page from fully loading.

We don't have any banner, Flash, animation, obnoxious sound, or popup ad. We do not implement these annoying types of ads!

We need money to operate the site, and almost all of it comes from our online advertising.

Please add tvstanici.net to your ad blocking whitelist or disable your adblocking software.

×