Tag: Сител Телевизија

Црн чад над Сикстинската капела во Ватикан

Црн чад се издигна од оџакот на Сикстинската капела денеска околу 21 часот, што значи дека изборот за нов папа не е направен.

Кардиналите ќе се вратат утре наутро и ќе се одржуваат четири круга гласање секој ден (два наутро и два попладне) се додека не се избере нов папа.

Read More

ПМФЛ: Шкендија со триумф над Работнички ја обезбеди шампионската титула

Тетовска Шкендија по петти пат во клупската историја ја освои шампионската титула во Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ), откако попладнево во дерби натпреварот од 31. коло го совлада Работнички со 2-1 и стекна недостижна предност пред второпласираниот Силекс на две кола до крајот на сезоната.

Латифи ја донесе Шкендија во водство во 5. минута, пред Тамба да ја зголеми предноста во 33 минута. Почесниот гол за Работнички го постигна Далеј од пенал во 62 минута.

За Шкендија ова е петта шампионска титула, која претходно ја освојуваше во 2011, 2018, 2019 и 2021.

Во преостанатите два натпревари од денешната програма, Брера го совлада Шкупи со 4-3, додека Тиквеш пред своите гледачи триумфираше над Беса со 1-0 во битката за опстанок.

ПМФЛ: 31 коло

Брера – Шкупи 4-3

Шкендија – Работнички 2-1

Тиквеш – Беса 1-0

Вардар – Струга 0-0 (одиграно вчера)

Пелистер – Воска 3-0 (службено)

Силекс – Гостивар 3-0 (службено).

Read More

Литија со моштите на Свети Георгиј ја освети Струга

Моштите на Свети Ѓорѓи Победоносец и неговата чудотворна икона традиционално и годинава, на вториот ден Ѓурѓовден ја осветија Струга. Голем број верници од земјава и странство му се поклонија на светецот и беа дел од дрвената традиција. На литијата за прв пат присуствуваше и архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан.

Литијата помина низ главната улица покрај реката Црн Дрим, по шеталиштето, низ чаршијата и заврши во храмот „Свети Ѓорѓи“, каде последен поклон и целив на моштите им оддадоа верниците.

Литијата е порака за мир, љубов и обединување на народот.

За стружани ова е весел ден на кој му се радуваат како на Воскресението Христово. 

Најмасовната црковно народна манифестација се одржува по 16 ти пат во градот на мостовите.

Фото за вовед: 
Категорија: 
Read More

Илјадници верници во Ватикан чекаат „бел чад“

Изолирани од надворешниот свет, затворени во Сикстинската палата кардиналите го почнаа гласањето за избор на нов папа. На плоштадот Сан Пјетро илјадници верници и посетители го чекаат сигналот од оџакот на Ватикан дали Римокатоличката црква ќе избере нов поглавар. Со радост и молитви чекаат веќе неколку часа да го слушнат името на новиот папа.

Прогнозите се дека новиот папата би бил избран за неколку дена, ако се земе предвид изборот на Папата Фрањо, но и претходните двајца кога гласањето завршуваше за два дена. 

Секој од 133-та кардинали пред себе има ливче на кое го пишува името на својот фаворит, а потоа го остава во чинијата пред олтарот. За гласањето нема посебна временска рамка но сепак има правила по кои одлучува Конклавата и не е можно да не се случи избор бидејќи Конклавата најпосле гласа помеѓу двајца најфаворизирани кардинали. 

Во јавноста фаворити се неколку имиња на кардинали. Кардинал Пјетро Паролин кој беше државен секретар на папата Франциск, кој доколку биде избран, ќе го врати папството во Италија по три последователни „странски“ папи.

Втор фаворит е кардиналот Луис Антонио Тагле од Азија, Кардинал Фридолин Амбонго Бесунгу надбискуп од Конго, Африка, Кардиналот Матео Зупи со богата мисионерска дејност за мир и Кардиналот Питер Ердо од Унгарија. Но како што вели свештеникот Костов фаворитите, иако со долгогодишно и влијателно учество во црквата, тоа не е пресудно за да го наследат престолот. 

Фото за вовед: 
Видео: 
Категорија: 
Read More

Започна конклавата за избор на нов папа

Сто триесет и три кардинални електори влегоа во Систинската капела и зад заклучени врати, целосно изолирани од надворешниот свет, ќе го почнат тајниот избор на новиот поглавар на Римокатоличката црква.

Од овој момент кардиналите повеќе не смеат да имаат никаква комуникација со надворешниот свет додека не изберат нов папа.

Попладнево ќе има само еден круг гласање, но доколку не се донесе одлука, кардиналите ќе гласаат до четири пати на ден во наредните денови.

Потребно е двотретинско мнозинство за да се избере нов папа, што значи дека процесот може да потрае, иако последните две конклави завршија до крајот на вториот ден.

Секој кардинал го дава својот глас со пополнување ливче на кое е напишано на латински Eligo in Summum Pontificem (избирам за врховен поглавар), веднаш до името на избраниот кандидат.

На неколку километри од Ватикан, голем број луѓе сè уште доаѓаат да му оддадат почит на папата Франциско на неговиот гроб во базиликата Санта Марија Маџоре во Рим. Според информациите од локалните власти, редот за посета на гробот денеска е исклучително долг, чекањето трае повеќе од еден час. Тоа е остар потсетник за тежината на одговорноста што ја имаат кардиналите додека го избираат неговиот наследник на конклавата.

Read More

Путин ги осуди обидите за ревидирање на историјата на Втората светска војна

Претседателот на Русија, Владимир Путин во денешниот телефонски разговор со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху ги осуди обидите на Западот за повторно пишување на историјата на Втората светска војна.

Двете страни ја нагласија својата решеност да ја одржат вистината за настаните од Втората светска војна и да се спротивстават на обидите за ревидирање на нејзините резултати и фалсификување на историјата, се наведува во соопштението на Кремљ.

Во телефонскиот разговор било потенциран и „одлучувачкиот придонес на Црвената армија и на советскиот народ како целина во поразот на нацизмот“.

Путин често ги обвинува западните земји за историски ревизионизам и обид да се минимизираат улога на СССР во победата над нацистичка Германија.

За време на Втората светска војна во поранешниот Советски Сојуз загинаа повеќе од 20 милиони луѓе.

Путин и Нетанјаху разговараа и за билатерални прашања и за различните аспекти на ситуацијата на Блиски Исток. 

Read More

Полагање на државна матура 2025 година – Смислија ли надлежните нови механизми за да се спречи препишувањето?

Се прават последните подготовки за државната матура. Годинава, 15.004 средношколци ќе седнат на жешкото столче за да полагаат.

Ако сте матурант во училиште кое располага со голема спортска сала или ходници, тестови од 31. мај ќе решавате во голема просторија каде што учите. Но, ако учите во училиште со мали просторни услови, ќе прошетате до некој од амфитеатрите на факултетите за завршниот испит. 

Правилата се исти како и лани. Надлежните одлучија да не воведат дополнителни мерки за да се спречи препишувањето меѓу учениците, кое прерасна во јунска традиција. Еден набљудувач ќе надгледува 15 ученици. На матурантите не им се дозволени мобилни телефони. Директорката на учениците им порача смарфоните да си ги остават дома.  

Полагањето на државаната матура во 2023 година остана запаметена по групата на Вибер, во која членувале 3.100 ученици кои препишувале за испитот по предметот англиски јазик. Матурантите препишувале и лани, исто така со формирање на Вибер групи.

Идејата за блокатори за мобилни телефони нема да се спроведе и годинава, но директорката на ДИЦ не ја исклучи можноста за поставување на вакви уреди за во следните години.

Фото за вовед: 
Категорија: 
Read More

Концерт на Марија Николовска во Њујорк

Македонската пијанистка Марија Николовска  вечерва ќе  одржи концерт во МЦ Галеријата во Њујорк на кој ќе изведе дела од Шопен, Шуберт како и македонските композитори Томислав Зографски и Властимир Николовски. 

Марија Николовска дипломираше на ФМУ, а потоа образованието го продолжи во Бугарија на Националната Музикална Академија “Проф Панчо Владигеров” во Софија. 

Настапот во Њујорк е помогнат од Министерството за култура на РСМ.

Read More

Карни на средбата со Трамп: Канада никогаш нема да биде на продажба

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска ги започна првите разговори со канадскиот премиер Марк Карни, ветувајќи дека ќе ги покрене „тешките точки“ што ги разделуваат двете земји откако Трамп воведе царини. Средбата во Овалната соба започна со насмевки и ракување, и покрај изјавите на Трамп дека сака Канада да стане 51-ва американска држава, предлог што ги влоши билатералните односи.

Темата брзо беше покрената кога двајцата лидери одговараа на прашања од новинарите. – Нема да разговараме за тоа освен ако некој не сака да дискутира, рече Трамп, додавајќи: Тоа би бил прекрасен брак. Карни решително го отфрли предлогот:  Канада не е на продажба, никогаш нема да биде на продажба, му рече тој на Трамп. – Никогаш не вели никогаш, одговори Трамп.

На прашањето за неговите претходни изјави дека Канада може да стане 51-ва држава, Трамп рече: За танго се потребни двајца и наброја низа придобивки што, според него, Канаѓаните би ги добиле, но Карни одговори внимателно: „Како што знаете од недвижности, некои места никогаш не се на продажба. Сега сме во едно такво место – не е на продажба“.

Трамп, чија царинска политика ги вознемири светските пазари, рече дека со Карни ќе разговараат за „тешки точки“, алудирајќи на неговото убедување дека САД можат без канадски производи. „Без оглед на сè, ќе останеме пријатели со Канада“, додаде тој.

Карни, чија Либерална партија победи на изборите на 28 април со ветувања за справување со политиките на Трамп и создавање нова економска и безбедносна врска со САД, беше избран за лидер во март, заменувајќи го Џастин Трудо, кој имаше лоши односи со Трамп.

Кратко пред пристигнувањето на Карни, Трамп објави на социјалните мрежи: „Многу сакам да работам со него, но не можам да разберам една едноставна ВИСТИНА – зошто Америка ја субвенционира Канада со 200 милијарди долари годишно, плус им дава БЕСПЛАТНА воена заштита и многу други работи? Не ни требаат нивните автомобили, енергија, дрвна граѓа, НИШТО од она што го имаат, освен нивното пријателство, кое се надеваме ќе го задржиме. Тие, од друга страна, имаат потреба од СЀ од нас!“

Трамп, очигледно, алудираше на трговскиот дефицит на САД со Канада, главно поради увозот на канадска нафта, иако канадскиот трговски суфицит во 2024 година изнесуваше 102,3 милијарди канадски долари (74,25 милијарди американски долари).

На прашање дали Карни може да го убеди да ги укине царините, Трамп одговори: „Не.“ Запрашан зошто, тој рече: Е па така.

Канада е вториот најголем трговски партнер на САД по Мексико и најголемиот извозен пазар за американски производи, со трговија од над 760 милијарди долари минатата година.

Американското Министерство за трговија денеска објави дека трговскиот суфицит на Канада со САД во март се намалил на најниско ниво во последните пет месеци, кога царините на Трамп за челик и алуминиум од 25 отсто стапија во сила. Канадскиот извоз во САД падна за 3,7 милијарди долари, втор најголем пад во историјата. Сепак, канадските податоци покажаа дека овој пад беше речиси компензиран со зголемен извоз во други земји, бидејќи канадските компании бараа нови пазари.

По јавниот дел од средбата, Трамп и Карни продолжија со приватни разговори и заминаа на ручек, без присуство на медиуми. 

Read More

Adblocker detected! Please consider reading this notice.

We've detected that you are using AdBlock Plus or some other adblocking software which is preventing the page from fully loading.

We don't have any banner, Flash, animation, obnoxious sound, or popup ad. We do not implement these annoying types of ads!

We need money to operate the site, and almost all of it comes from our online advertising.

Please add tvstanici.net to your ad blocking whitelist or disable your adblocking software.

×