Tag: Сител Телевизија

Македонските ракометарки се пласираа на Европско првенство 2026

Женската македонска ракометна репрезентација и покрај поразот попладнево од Словенија со 27:18 во последното коло од квалификациите за ЕХФ ЕУРО 2026 избори пласман Европското првенство што ќе се игра во Полска, Турција, Чешка, Словачка и Романија.

Македонските ракометарки го освоија третото место во групата 3, зад Германија и Словенија, а пред Белгија, воедно успеаја да се изборат да бидат една од четирите најдобро третопласирани селекции од шесте групи.

На дуелот со Словенија, домаќинот кој важеше и за фаворит ја потврди улогата и веќе во првиот дел обезбеди предност и по 30 минути игра резултатот беше 15:8. Во вториот дел Словенките има во неколку наврати двоцифрена предност.

Најдобар поединец во македонскиот состав беше голманката Андреа Илиќ, која дуелот го заврши со 14 одбрани, додека Андреа Јанкуловска беше најпрецизна со 4 голови.

На вториот дуел во групата Германија ја совлада Белгија со 45:25.

Германија е прва со максимални 12 бода, пред Словенија со 8. Македонските ракометари освоија 2 колку и Белгија, но поради подобриот меѓусебен скор нашите ракометарки го освоија третото место.

За женската македонска ракометна репрезентација ова е осмо учество на Европско првенство, а трето во низа.

 

МИА

Read More

Обид за опожарување на објектот на еврејската заедница во Македонија и синагогата

Еврејската заедница во Македонија вечерва соопшти дека денеска бил извршен обид за опожарување на нејзиниот објект и синагогата. Го осудуваат овој чин и апелираат до надлежните органи за целосно расветлување на случајот и доследна примена на законите, како и за гласна и обединета осуда од сите верски лидери, институции и граѓани. 

-На 12 април, првпат во поновата историја беше извршен обид за опожарување на објектот на Еврејската заедница и синагогата. Овој чин не е само напад врз еден верски објект, туку длабоко вознемирувачки удар вз темелните вредности на цивилизираното опоштество – соживотот, достоинството и заемната почит.  Еврјеската заедница како најмалубројна, но историски длабоко вкоренета заедница на овие простори уште од времето на Антиката отсекогаш го градела својот опстанок и придонес врз принципите на мир, солидарност и заедништво.  Ние сме живееле посебно во нашите верски традиции, но заедно во секојдневието – рамо до рамо со сите наши сограѓани, споделувајќи ги и радостите и премрежјата на ова општество, се вели во соопштението до медиумите потпишано од претседателот на Еврејската заедница во Македонија Пепо Леви. 

Со особена загриженост, се вели во известувањето,  констатираме дека во последниве години се засилуваат појавите на говор на омраза, нетолеранција и опасно поистоветување на Евреите со сложените геополитички случувања на Блискиот Исток.

Таквите тенденции не се само погрешни, туку и длабоко неправедни, и тие го отвораат патот за оживување на антисемитизмот – појава која човештвото одамна требаше да ја остави зад себе.

-Обидот за подметнување пожар е алармантна последица токму на таквата атмосфера. Остро и недвосмислено го осудуваме овој чин. Истовремено, повикуваме на јасна, гласна и обединета осуда од сите верски лидери, институции и граѓани. Само преку заедничка одговорност и будност можеме да обезбедиме ваквите појави никогаш повеќе да не се повторат. Апелираме до надлежните органи за целосно расветлување на случајот и доследна примена на законите. Но уште поважно, апелираме до совеста на општеството – да не дозволиме омразата, стравот и незнаењето да станат погласни од разумот, човечноста и правдата, се вели во соопштението.

Read More

Џон Кери: Нетанјаху предлагал напад врз Иран на претходни американски претседатели, сите одбиле

Во интервју за „МС Нау“, Џон Кери рече дека Нетанјаху им презентирал планови за напад на Џорџ В. Буш, Барак Обама и Џо Бајден, кои не ги одобриле. Тој тврди дека само сегашниот претседател Доналд Трамп дал одобрение.

„Премиерот Нетанјаху во основа истакна четири точки: дека тие можат да го убијат раководството, да доведат до промена на режимот, да ја уништат војската итн. …Па, тие јасно нанесоа големи загуби на војската, веројатно го потопија поголемиот дел од флотата, нашите момци се добри во тоа…“, рече поранешниот државен секретар, додавајќи: „Но, факт е дека немаше непосредна закана“.

Тој, исто така, ја критикуваше одлуката на Трамп да се повлече од нуклеарниот договор со Иран, договорен под Обама, нагласувајќи дека тоа ја поткопало довербата на Техеран во Вашингтон.

„Иран сега чувствува дека не може да им верува на САД“, нагласи Кери, додавајќи дека верува оти постои можност за дипломатски дијалог.

 

МИА

Read More

Папата Лав XIV им честиташе Велигден на верниците кои денеска го слават

Папата Лав XIV денеска им го честиташе Велигден на верниците, коис лават по јулијанскиот календар, и рече дека светлината Христова ќе донесе утеха и ќе ја зајакне надежта за мир низ целиот свет, нагласувајќи ја важноста на единството во верата во воскреснатиот Христос.

Обраќајќи се пред верниците собрани на плоштадот „Свети Петар“ во Ватикан, папата им посака мир и духовна сила на сите што го слават најголемиот христијански празник.

„Нека светлината Христова донесе утеха на страдалните срца и ја зајакне надежта за мир“, рече папата.

 

МИА

Read More

Кремљ одбива да го продолжи велигденското примирје

Русија нема да го продолжи велигденското примирје, што истекува вечерва на полноќ, доколку украинскиот претседател Володимир Зеленски не ги прифати условите на Москва, објави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

„Одржливиот мир може да дојде кога ќе ги обезбедиме нашите интереси и ќе ги постигнеме целите што ги поставивме на почетокот. Тоа буквално може да се направи денеска, но Зеленски мора да ги прифати добро познатите услови“, рече Песков.

„Додека Зеленски не собере храброст да ја преземе одговорноста, специјалната воена операција ќе продолжи по завршувањето на примирјето“, нагласи Песков, кој додаде дека „територијалните разлики“ меѓу Русија и Украина изнесуваат неколку километри.

 

МИА

Read More

Православните христијани во исчекување на Христовото Воскресение

Православните христијани денеска ја одбележуваат Велика сабота – денот на тишината и исчекувањето пред најголемиот христијански празник, Христовото Воскресение.

Верниците го поминуваат денот во молитва и подготовка за полноќната богослужба кога ќе биде објавена радосната вест за Велигден.

Во Ерусалим, во црквата на светиот гроб, веќе слезе благодатниот оган- симбол на Христовото Воскресение и вечната светлина.

Огнот потоа се пренесува во повеќе православни земји, каде верниците го примаат како благослов во пресрет на Велигден.

Камбаните ќе се огласат на полноќ, кога со поздравот Христос воскресна ќе започне прославата на празникот, кој верниците го дочекуваат во храмовите и во кругот на семејството.

Фото за вовед: 
Категорија: 
Новинар: 
Read More

Иницијатива за геопарк „Лесново“ под покровителство на УНЕСКО

Во источниот дел на државата, во околината на Пробиштип, се развива иницијатива која има потенцијал да го стави регионот на светската мапа на природно наследство. Станува збор за идејата за формирање на геопарк „Лесново“ проект кој ги обединува природните, геолошките и културните богатства на овој простор. Овој регион е познат по своето вулканско потекло. Впечатливите карпести формации, пештери и остатоци од древни вулкански активности сведочат за богатата геолошка историја, што го прави исклучително атрактивен за научници, туристи и љубители на природата. Во рамки на иницијативата, се работи на валоризација и заштита на локалитетите, со цел подрачјето да стане дел од мрежата на геопаркови под покровителство на УНЕСКО.

  • Се надевам дека ќе наидеме на поддршка од општините од Источниот плански регион, Бирото за рамномерен регионален развој, локалната самоуправа, па и Владата, бидејќи ова е едно специфично вулканско подрачје кое ќе претставува место каде што ќе можат сите заинтересирани посетители за овој тип на туризам, да видат како изгледа еден кратер и кои се убавините на овој лесновски регион, изјави Тони Тоневски, градоначалник на Пробиштип.

Доколку оваа цел се реализира, тоа би бил првиот геопарк од ваков вид во земјава. Манастирот во Лесново, природните пештери и уникатните пејзажи нудат можност за развој на туризмот и локалната економија.

  • Тука се вулканските „бомби“, пештерите во самиот лесновски кратер во близина на манастирот. Има многу содржини од геолошки аспект кои сите заинтересирани ќе можат да дојдат и да ги видат, а ние како регион ќе се гордееме со тоа, додаде Тоневски

Очекувањата се дека со понатамошна поддршка и инвестиции, овој дел од земјата ќе прерасне во значајна туристичка и едукативна дестинација, која ќе го афирмира природното наследство на Македонија и надвор од нејзините граници.

Фото за вовед: 
Категорија: 
Read More

Велигден во Пјаченца: Митрополитот Пимен заедно со македонските верници ќе го обзнани Христовото Воскресение

Read More

Трамп: Американските сили почнаа со расчистување на Ормуската Теснина

Американскиот претседател Доналд Трамп објави денеска дека војската на САД започнала процес на расчистување на Ормуската Теснина и дека сите ирански бродови наменети за поставување мини се потопени.

„Сега го започнуваме процесот на расчистување на Ормуската Теснина“, напиша Трамп на социјалните мрежи, додавајќи дека сите 28 ирански бродови за поставување мини веќе се наоѓаат на морското дно.

Трамп во неколку наврати изјави дека американските сили ги уништиле иранските морнарички и воздухопловни капацитети, истовремено нанесувајќи тешки удари врз нуклеарната и програмата за балистички ракети на Техеран. Стравувањата од ирански напади врз трговските бродови во изминатите неколку недели практично ја затворија Ормуската Теснина, која е критичен канал за светско снабдување со нафта, што пак предизвика сериозни потреси на глобалните енергетски пазари.

Read More

Adblocker detected! Please consider reading this notice.

We've detected that you are using AdBlock Plus or some other adblocking software which is preventing the page from fully loading.

We don't have any banner, Flash, animation, obnoxious sound, or popup ad. We do not implement these annoying types of ads!

We need money to operate the site, and almost all of it comes from our online advertising.

Please add tvstanici.net to your ad blocking whitelist or disable your adblocking software.

×