Tag: Сител Телевизија

Прв говор на папата Лав Четрнаести: Бог нè сака сите, безусловно

Новиот поглавар на Католичката црква, папата Лав XIV, вечерва се појави на главниот балкон на базиликата „Свети Петар“ и пред десетици илјади собрани верници го одржа својот прв говор по изборот.

„Мир со сите вас“, беа првите зборови на 69-годишниот папа, роден во Чикаго, кој зборуваше на италијански јазик. „Браќа и сестри, ова е првиот поздрав на воскреснатиот Христос. Сакам да упатам поздрав на мирот што стигнува до вашите семејства, до сите вас, каде и да сте. Нека мирот биде со вас“, рече тој, предизвикувајќи бурен аплауз и радосни извици од толпата.

Папата Лав XIV ја продолжи својата порака со повик за љубов и заедништво, нагласувајќи: „Бог нè сака сите, безусловно“. Тој му оддаде почит на својот претходник, папата Франциск, и изрази желба да го следи неговиот пример, давајќи благослов на верниците на плоштадот „Свети Петар“.

– На човештвото му е потребен Христос како мост до Бога и неговата љубов. Помогнете ни, и да си помагаме едни на други, да градиме мостови, порача новиот папа.

Тој им се заблагодари на кардиналите што го избрале на дводневната конклава и упати посебен поздрав до Црквата во Рим.

На шпански јазик, Лав XIV се обрати и на својата поранешна бискупија во Перу, каде што, како што рече, „верниот народ ја споделуваше својата вера и даде многу“.

На крајот од говорот, папата ги повика верниците заедно да ѝ се помолат на Дева Марија, по што плоштадот повторно се исполни со воодушевување. Тој прочита извадок од светите текстови на латински јазик во чест на светците и Богородица, а потоа уште еднаш ги благослови собраните. Додека оркестарот на карабинерите свиреше во позадина, папата Лав XIV мавна на мноштвото што го исполни плоштадот, каде што продолжи прославата.

Read More

Честитка од премиерот Мицкоски за изборот на новиот папа Лав XIV

Премиерот Христијан Мицкоски во негово и во име на Владата го честита изборот на новиот поглавар на Римокатоличката црква папата Лав XIV.

– Изборот на Неговата Светост, Папата Лав XIV, прв понтиф со потекло од САД, претставува историски настан за Римокатоличката црква и за сите верници ширум светот. Овој избор е симбол на ново време на отвореност, духовна одважност и универзална припадност, но и продолжение на традицијата на мир, солидарност и грижа за секој човек, наведува Мицкоски во честитката објавена неговиот Фејсбук профил.

Тој од името на Владата и во негово име, упатува честитки до сите католици, а особено до членовите на македонската католичка заедница, кои, како што посочува, со својата вера, култура и граѓанска посветеност придонесуваат за духовната разноликост и општественото богатство на нашата татковина.

– Нека мандатот на Папата Лав XIV биде воден од мудроста на неговите претходници, од гласот на обесправените и од надежта на новите генерации. Во време на глобални предизвици, неговата порака за мир, дијалог и човечко достоинство добива уште поголемо значење, пишува премиерот Мицкоски

Read More

Многу пријави за интернет закани, ама Македонија се уште без закон за сајбер беезбедност

Заканите на социјалните мрежи секојдневие, но Македонија се уште без закон за сајбер безбедност. Единствена во регионот.

Статистката на Министертвото за внатрешни работи покажува дека на нивна адреса во 2024 година, 41 лице се охрабрило да пријави дека добива закани на некоја интернет платформа. А оваа година, заклучно со месец април, помош од институциите за вакви закани побарале 11 граѓани.

Првиот човек на министерството за дигитална трансформација за Сител вели дека законот за сајбер безбедност е во финална фаза. Очекува, пред јуни да влезе во Собрание, а народните избраници ќе имаат време од еден месец да го донесат истиот, бидејќи овој закон е дел од реформската агенда. 

„Тој ќе отклучи 10 милиони евра од ЕУ за проекти за инвестиции и за реформи, така што тој закон е значаен од тој аспект, а второ дека ќе ја регулира одговорноста на институциите за хибридни закани за превентива, градење на институционален капацитет за превентива и за одговор на сајбер инциденти“, изјави за Сител Стефан Андоновски, министер за дигитална трасформација.

Додека не се изготви правната рамка, која ќе биде во согласност со европската регулатива, државата ќе има потешкотии да ги спречи сајбер заканите, и за тие што доаѓаат одвнатре, и за оние од надвор.

Стефан Андоновски, министер за дигитална трасформација

Инсититуциите кај нас, ќе имаат рок од максимум три ипол години да почнат да функционираат согласно правилата на европската легислатива. 

Лажните дојави за бомби и годинава ги испразнија училиштата во Македонија. Последниот случај којшто ги вознемири родителите и децата беше на 8 април, а голема паника се создаде и во средината на февруари каде беа евакуирани 240 училишта низ државата.  

Во 2023 имало близу 600 пријави.

Во последните три месеца од 2022 година полицијата има евидентирано 380 пријави за поставени бомби. Најголем дел од заканите биле за средни и основни училишта во Скопје. 

Фото за вовед: 
Категорија: 
Read More

Бел чад над систинската капела – избран е наследникот на папата Франциск

Бел чад се појави над Систинската капела, сигнализирајќи му на светот дека таинствениот конклав го избрал наследникот на папата Франциск. 

Откако беа пребројани гласовите и стана јасно дека новиот папа е избран, гласачките ливчиња беа изгорени и беше додадена посебна хемикалија за да се создаде бел чад, додека ѕвоната на црквата „Свети Петар“ беа занишани за да се известат воодушевените верници.

Милиони лица сега го чекаат објавувањето на новиот поглавар на Католичката црква по одлуката донесена од 133 кардинали кои се собраа во Систинската капела за историското гласање.

Кардиналите конечно успеаја да се договорат, односно да изберат нов папа со двотретинско мнозинство кој ќе предводи 1,4 милијарда католици.

Илјадници граѓани претходно денеска чекаа да биде избран наследникот на Франциск. 

-Нема да си заминеме додека нема бел чад, нов Папа. Затоа дојдовме од Мексико.

-Помалку сум разорачаран, но ова беше очекувано. Сепак сме се уште на вториот ден.

-Да, дојдовме специјално за тоа. Беше изненадно патување, но тука сме. Затоа дојдовме, да видиме кој ќе биде новиот Папа.

133 кардинали од 70 држави и  помлади од 80 години учествуваа на конклавата во Систинската капела. За да се избере нов Папа потребни се 89 гласови. 

Фото за вовед: 
Категорија: 
Read More

Девизните резерви на крајот на април 4,77 милијарди евра

Девизните резерви на крајот на април 2025 година изнесувале 4.771,2 милиони евра, соопшти Народната банка.

Најголем дел од девизните резерви се пласирани во хартии од вредност (75,3%), по што следуваат монетарното злато (13,4%) и валутите и депозитите (11,2%)

Read More

Црн чад над Сикстинската капела во Ватикан

Црн чад се издигна од оџакот на Сикстинската капела денеска околу 21 часот, што значи дека изборот за нов папа не е направен.

Кардиналите ќе се вратат утре наутро и ќе се одржуваат четири круга гласање секој ден (два наутро и два попладне) се додека не се избере нов папа.

Read More

ПМФЛ: Шкендија со триумф над Работнички ја обезбеди шампионската титула

Тетовска Шкендија по петти пат во клупската историја ја освои шампионската титула во Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ), откако попладнево во дерби натпреварот од 31. коло го совлада Работнички со 2-1 и стекна недостижна предност пред второпласираниот Силекс на две кола до крајот на сезоната.

Латифи ја донесе Шкендија во водство во 5. минута, пред Тамба да ја зголеми предноста во 33 минута. Почесниот гол за Работнички го постигна Далеј од пенал во 62 минута.

За Шкендија ова е петта шампионска титула, која претходно ја освојуваше во 2011, 2018, 2019 и 2021.

Во преостанатите два натпревари од денешната програма, Брера го совлада Шкупи со 4-3, додека Тиквеш пред своите гледачи триумфираше над Беса со 1-0 во битката за опстанок.

ПМФЛ: 31 коло

Брера – Шкупи 4-3

Шкендија – Работнички 2-1

Тиквеш – Беса 1-0

Вардар – Струга 0-0 (одиграно вчера)

Пелистер – Воска 3-0 (службено)

Силекс – Гостивар 3-0 (службено).

Read More

Литија со моштите на Свети Георгиј ја освети Струга

Моштите на Свети Ѓорѓи Победоносец и неговата чудотворна икона традиционално и годинава, на вториот ден Ѓурѓовден ја осветија Струга. Голем број верници од земјава и странство му се поклонија на светецот и беа дел од дрвената традиција. На литијата за прв пат присуствуваше и архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан.

Литијата помина низ главната улица покрај реката Црн Дрим, по шеталиштето, низ чаршијата и заврши во храмот „Свети Ѓорѓи“, каде последен поклон и целив на моштите им оддадоа верниците.

Литијата е порака за мир, љубов и обединување на народот.

За стружани ова е весел ден на кој му се радуваат како на Воскресението Христово. 

Најмасовната црковно народна манифестација се одржува по 16 ти пат во градот на мостовите.

Фото за вовед: 
Категорија: 
Read More

Илјадници верници во Ватикан чекаат „бел чад“

Изолирани од надворешниот свет, затворени во Сикстинската палата кардиналите го почнаа гласањето за избор на нов папа. На плоштадот Сан Пјетро илјадници верници и посетители го чекаат сигналот од оџакот на Ватикан дали Римокатоличката црква ќе избере нов поглавар. Со радост и молитви чекаат веќе неколку часа да го слушнат името на новиот папа.

Прогнозите се дека новиот папата би бил избран за неколку дена, ако се земе предвид изборот на Папата Фрањо, но и претходните двајца кога гласањето завршуваше за два дена. 

Секој од 133-та кардинали пред себе има ливче на кое го пишува името на својот фаворит, а потоа го остава во чинијата пред олтарот. За гласањето нема посебна временска рамка но сепак има правила по кои одлучува Конклавата и не е можно да не се случи избор бидејќи Конклавата најпосле гласа помеѓу двајца најфаворизирани кардинали. 

Во јавноста фаворити се неколку имиња на кардинали. Кардинал Пјетро Паролин кој беше државен секретар на папата Франциск, кој доколку биде избран, ќе го врати папството во Италија по три последователни „странски“ папи.

Втор фаворит е кардиналот Луис Антонио Тагле од Азија, Кардинал Фридолин Амбонго Бесунгу надбискуп од Конго, Африка, Кардиналот Матео Зупи со богата мисионерска дејност за мир и Кардиналот Питер Ердо од Унгарија. Но како што вели свештеникот Костов фаворитите, иако со долгогодишно и влијателно учество во црквата, тоа не е пресудно за да го наследат престолот. 

Фото за вовед: 
Видео: 
Категорија: 
Read More

Започна конклавата за избор на нов папа

Сто триесет и три кардинални електори влегоа во Систинската капела и зад заклучени врати, целосно изолирани од надворешниот свет, ќе го почнат тајниот избор на новиот поглавар на Римокатоличката црква.

Од овој момент кардиналите повеќе не смеат да имаат никаква комуникација со надворешниот свет додека не изберат нов папа.

Попладнево ќе има само еден круг гласање, но доколку не се донесе одлука, кардиналите ќе гласаат до четири пати на ден во наредните денови.

Потребно е двотретинско мнозинство за да се избере нов папа, што значи дека процесот може да потрае, иако последните две конклави завршија до крајот на вториот ден.

Секој кардинал го дава својот глас со пополнување ливче на кое е напишано на латински Eligo in Summum Pontificem (избирам за врховен поглавар), веднаш до името на избраниот кандидат.

На неколку километри од Ватикан, голем број луѓе сè уште доаѓаат да му оддадат почит на папата Франциско на неговиот гроб во базиликата Санта Марија Маџоре во Рим. Според информациите од локалните власти, редот за посета на гробот денеска е исклучително долг, чекањето трае повеќе од еден час. Тоа е остар потсетник за тежината на одговорноста што ја имаат кардиналите додека го избираат неговиот наследник на конклавата.

Read More

Adblocker detected! Please consider reading this notice.

We've detected that you are using AdBlock Plus or some other adblocking software which is preventing the page from fully loading.

We don't have any banner, Flash, animation, obnoxious sound, or popup ad. We do not implement these annoying types of ads!

We need money to operate the site, and almost all of it comes from our online advertising.

Please add tvstanici.net to your ad blocking whitelist or disable your adblocking software.

×