

Познатата ТВ-серија „Пики блајндерс“ (Peaky Blinders) ќе добие нова сезона. Снимањето на новите епизоди, како што се очекува, ќе почне наскоро, поточно – ова лето, или во септември, пишува британскиот таблоид „Сан“ (The Sun).
Првичната ТВ-серија се прикажуваше од 2013 до 2022 г., а последната, шеста сезона е сместена во 1930-тите. Најавениот филм од продукцијата на „Би-би-си“ (BBC) – „Пики блајндерс: Бесмртниот човек“ (Peaky Blinders: The Immortal Man), раскажува за времето на Втората светска војна. А пак, наводите говорат дека најновата приказна ќе се одвива во 1950-тите, и според гласините, се очекува по објавувањето на филмот.
„Шестата сезона требаше да биде последна, а филмот требаше да ја заокружи приказната“, изјави неименуван извор од телевизиската мрежа за „Сан“.
Изворната серија „Пики блајндерс“ го следи семејството Шелби од 1919 година до 1930-тите.
Креаторот на серијата Стивен Најт, се чини, не може да одолее на враќањето на приказната и веќе некое време навестува дека сака таа да продолжи. Ирскиот глумец Килијан Марфи, кој глуми и во новиот филм, би можел да се врати за новата сезона како Томас Шелби, но сега во улога на „таткото во семејството“.
Новите епизоди ќе се прикажуваат на „Би-би-си 1“ во Велика Британија, а меѓународно ќе бидат достапни преку стрим-платформата „Нетфликс“.
Во СВР Скопје од Јавна установа за згрижување на деца било пријавено дека на 27.04.2025 во стан на подрачјето на Центар, Љ.П. од Скопје имал сексуални односи со 15-годишен штитеник на установата.
Со малолетникот, во присуство на старател и воспитувач од установата, бил извршен службен разговор и за настанот бил известен јавен обвинител, а по целосно документирање на случајот, ќе биде поднесено писмено известување до ОЈО Скопје, известија од МВР.
Фудбалската асоцијација (ФА) формално ќе им забрани на трансродовите лица да играат во женските лиги. Одлуката ќе стапи на сила на 1 јуни.
-Разбираме дека оваа одлука може да биде болна за оние кои едноставно сакаат да играат фудбал во согласност со својот родов идентитет. Ќе контактираме со регистрираните трансродови играчи за да ги објасниме промените и опциите за понатамошно учество во играта, се вели во соопштението на организацијата.
Претходно Шкотска воведе слична забрана.
Поради зголемена фреквенција на возила на ГП Табановце за влез и излез од државата времето на чекање е околу 30 минути до еден час час, а на ГП Дојран за излез од државата околу 40 минути. На граничниот премин Богородица, пак, за излез од државата се чека околу еден час.
Како што соопшти АМСМ, на останатите гранични премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На граничните премини Табановце, Богородица и Дојран зголемена е фреквенција на возила, соопшти АМСМ.
Поради зголемена фреквенција на возила, како што велат од АМСМ, на ГП Табановце за влез и излез од државата времето на чекање е околу 30 минути до 1 час, на ГП Дојран за излез од државата околу 40 минути, додека на ГП Богородица за излез од државата се чека околу 1 час. На останатите гранични премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Полициските службеници од Одделението за внатрешни работи лишиле од слобода жител на Дебар, откако кај него пронашле оружје и муниција.
-Вчера во 16 часот, лишен од слобода е С.Т.(39) од Дебар. При претрес во неговиот дом, извршен по судска наредба, полициските службеници пронајдоа и одзедоа пиштол марка „Пиетро Берета“ калибар 7,65 милиметри, рамка со 10 куршуми калибар 7,65 милиметри и 46 други куршуми за пиштол без никаква документација, информираше Стефан Димоски, портпарол на Секторот за внатрешни работи-Охрид.
Според него по целосно документирање на настанот, против С.Т. ќе биде поднесена соодветна пријава.
Приведен албански државјанин во полициската станица во струшкото село Франгово поради обид за нелегално пренесување добиток на албанска територија, соопшти денеска СВР Охрид.
Според информацијата, вчера во 9 часот, во полициската станица за граничен надзор во струшкото село Франгово, приведен е С.Д.(59) од селото Рајца, Република Албанија.
– Тој, претходно од штала во селото Франгово, одзел добиток и за одреден паричен надомест, требало низ нелегален премин на македонско-албанската граница, да го пренесе на албанска територија, информирапортпаролот Стефан Димоски.
По целосно документирање на настанот, против лицето ќе биде поднесен соодветен поднесок.
Попладне и во вечерните часови ќе има услови за краткотраен локален дожд и појава на ретки грмежи. Максималната температура ќе биде во интервал од 21 до 29 степени.
Како што информира Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), во Скопје ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен, во делови од котлината повремено засилен ветер од северен правец. Попладне и во вечерните часови во делови од котлината ќе има услови за краткотраен дожд и ретки грмежи.
Следува период на топло време. Утре ќе има услови за изолирана појава на краткотраен дожд и ретки грмежи. За викендот ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност и со максимална температура до 30 степени.
Од почетокот на новата седмица се очекува нестабилно време со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер.
Вчера во 10.28 часот во СВР Струмица полициски службеници од СВР Струмица го лишиле од слобода А.Б.(52), полициски службеник, кој се сомничи дека сторил кривично дело „предизвикување опшгта опасност“ по чл. 288 од КЗ. На 30.04.2025 во службена просторија на СВР Струмица во која биле присутни и други полициски службеници, при проверка на службен пиштол кој требало да го раздолжи, А.Б. испукал еден куршум со пиштолот.
Како што соопшти денеска МВР, за настанот биле запознаени началникот на СВР Струмица, Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР и јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран и сериозен криминал Скопје. По документирање на случајот, против А.Б. ќе биде поднесена соодветна пријава.
We've detected that you are using AdBlock Plus or some other adblocking software which is preventing the page from fully loading.
We don't have any banner, Flash, animation, obnoxious sound, or popup ad. We do not implement these annoying types of ads!
We need money to operate the site, and almost all of it comes from our online advertising.
Please add tvstanici.net to your ad blocking whitelist or disable your adblocking software.