Tag: Сител Телевизија

Македонија ќе ги укине царините кон САД

Македонија ќе ги укине царините кон САД, најави премиерот Мицкоски. Се водат интензивни разговори со американската администрација за да добиеме реципроцитет – или нула отсто за извоз на македонски производи и услуги на американскиот пазар или многу пониски од првично најавените 33%.

-Во моментов царинските стапки за увоз на американски призводи во земјата изнесуваат 10%. Со ова услогасување ние ќе ги намалиме на нула отсто за производи и услуги кои доаѓаат од Соединетите Американски држави. Така да очекувам сето тоа да биде препознаено, веќе сме во сериозни разговори со администрацијата на САД, јас веќе неколку пати разговарав со Хауард Лутник, тој е државен секретар за економија, така да мислам дека ќе бидеме меѓу оние земји кои ќе имаат меѓу најнискити стапки за увоз на американскиот пазар, изјави Христијан Мицкоски, премиер.

Од 1 јули ќе се намалат за 50 отсто и царините за 70 тарифни броеви за репроматеријали и суровини кои влегуваат кај нас. За да се заштити домашното производоство во минатото  биле воведени високи царини при увоз на нашиот пазар, но сега веќе истите не се произведуваат, па затоа ќе се усогласуваат со оние кои важат во унијата.

-За да се заштити домашното производство се воведувале високи стапки. Денеска треба да се размислува за нивно намалување. Она што не било усогласено со децении, ќе го направиме сега. Тоа се царински стапки и парафискални давачки. Од 1 јули ќе се намалат за 50% и од 1 јануари 2026 за уште 50 отсто, додаде премиерот.

Законот за царинските тарифи веќе е во владина процедура и ќе значи поддршка за компаниите кои произведиваа и извезуваат на европскиот пазар. Токму намалување на тарифите и парафискланите давачки е едно од барањата на бизнисот, старо неколку децении.

Фото за вовед: 
Категорија: 
Read More

Две лица загинати откако со мотор удриле во бетонски столб во Скопје

Две лица загинаа во сообраќајна несреќа откако мотор удрил во бетонски столб попладнево на крстосница на бул. “8 Септември” со бул.”Никола Карев”.

И двете лица кои биле на моторот починале на лице место.

Во тек е увид од страна на полицијата и дежурен јавен обвинител.

Read More

Украина и Русија ја почнаа најголемата размена на затвореници од почетокот на војната, разменети се 780 луѓе

Русија и Украина реализираа најголема размена на затвореници од почетокот на руската инвазија, во која учествуваа стотици војници и цивили, а размената ќе продолжи и во текот на викендот, соопштија денеска официјални лица од двете земји.

„Ги враќаме нашите луѓе дома“, објави украинскиот претседател Володимир Зеленски на Телеграм и додаде: „Првиот дел од договорот за размена на 1.000 за 1.000 е имплементиран“.

Зеленски рече дека од секоја страна биле разменети по 390 лица – односно вкупно 780 – и дека се очекува размената да продолжи на 24. и 25. мај.

Според руското Министерство за одбрана, ова вклучува 270 воени затвореници и 120 цивили.

Неколку часа претходно, американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека Украина и Русија „штотуку ја завршиле“ размената, која беше во тек уште од мировните преговори во Истанбул пред една недела, и дека размената „наскоро ќе стапи на сила“.

Read More

Ѓоковиќ се пласира во финалето на турнирот во Женева

Србинот Новак Ѓоковиќ стана финалист на турнирот во Женева.

Шестиот тенисер во светот денес го победи Британецот Камерон Нори во полуфиналето со резултат 6:4, 6:7 (6:8), 6:1.

Мечот траеше 2 часа и 15 минути. Во вториот сет, Ѓоковиќ се врати од сет-поен на 3:5, но загуби во тај-брејкот.

Србинот стигна до своето второ АТП финале во 2025 година, губејќи од Чехот Јакуб Меншик во финалето на Мастерсот во Мајами во март.

Во финалето на турнирот во Швајцарија, Ѓоковиќ ќе игра против Полјакот Хуберт Хуркач. Победата би можела да му ја донесе на Србинот 100-тата титула во кариерата.

Read More

Пратеничката Мимоза Муса ја напушти АА на Таравари

Пратеничката Мимоза Муса од Алијанса за Албанците попладнево преку својот Фејсбук профил соопшти дека останува дел од владината коалиција што практично значи дека уште еден пратеник го напушта Арбен Таравари.

-Пред една година, на 8 мај, ја добив довербата од над 107.000 Албанци како пратеник на Алијансата за Албанците, на листата на коалицијата Влен. Овој мандат не е само бројка, тој е глас на народ кој е уморен од повеќе од 20 години владеење на ДУИ и кој постојано бара промени. Минуваме низ тежок политички период и со право многу поддржувачи, пријатели и соработници прашуваат: Со кого е пратеничката Мимоза Муса?, напиша Муса.

Додава дека нема да ја изневери довербата од гласачите.

-Нема да ја изневерам довербата што ми ја дадовте. Не сум тука поради лични интереси, туку да му служам со достоинство и одговорнист на секој гласач кој веруваше во оваа мисија. Промената започна и ние ќе продолжиме понатаму, посочува Муса во објавата.

Претходно, вицепремиерот за добро владеење Арбен Фетаи и пратеникот Салим Сулајмани исто така соопштија дека го напуштаат Арбен Таравари.

Таравари ја напушти Владата по несогласувањата во коалицијата „Вреди“. Претседателството на Алијанса за Албанците реши на локалните избори да оди со самостојни листи за советници. Партнерите од коалицијата „Вреди“ обвинија дека Таравари се приклонува кон опозициската ДУИ.

Read More

Трипуновски: Се ажурира базата на податоци на педолошката карта за засејување земјоделски култури

Read More

Владата на САД го одзема правото на Харвард да запишува странски студенти

Администрацијата на Доналд Трамп денеска соопшти дека го одзела правото на Харвард да запишува странски студенти по ескалацијата на борбата меѓу претседателот и престижниот универзитет.

„Со стапување во сила веднаш, сертификацијата за Програмата за студенти и посетители на размена (SEVIS) на Универзитетот Харвард е одземена“, напиша министерката за внатрешна безбедност Кристи Ноем во писмо до институцијата од Ајви лигата, осврнувајќи се на главниот систем преку кој на странските студенти им е дозволено да студираат во САД. 

Read More

Академски пленум: Професорите ќе поднесат петиција за вонредни избори, Вучиќ и Мацут поканети лично да ја примат

Делегација од професори од неколку универзитети утре ќе поднесе академска петиција (со сите потписи) за распишување вонредни парламентарни избори“, објави Академскиот пленум.

Како што е наведено во соопштението, петицијата ќе биде доставена до Владата на Србија в петок во 14:00 часот, а до Претседателството во 14:30 часот.

„Оваа петиција ја покрена Академскиот пленум, а ја потпишаа повеќе од 1.500 професори, соработници и истражувачи од факултетите, високите школи и научно-истражувачките институции на Србија. Премиерот на Србија и претседателот на Србија се поканети лично да ја примат оваа петиција преку е-пошта“.

По предавањето на петицијата, делегација од професори ќе се придружи на протестот „Да ги одбраниме универзитетите“. 

Read More

Ништо ново за патот на Македонија кон ЕУ нема да донесе посетата на Калас во Скопје

Read More

Трипуновски: Новиот Закон за земјоделство и рурален развој на ЕНЕР, акредитацијата на ИПАРД 3 не е загрозена

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски вечерва информира дека на ЕНЕР системот е прикачен новиот Закон за земјоделство и рурален развој, кој се очекува да е темелот на проекцијата и визијата на Министерството во која насока треба да се движи.

– Веќе на ЕНЕР системот ни е закачен новиот Закон за земјоделство и рурален развој. Тоа практично е основата, темелот на проекцијата и визијата на едно  Министерство во која насока треба да се движиме. Законот го работиме со сите чинители, транспарентно, отворено, земјоделските здруженија, науката. По завршување на овие 30-ина дена каде што ќе биде прикачен законот, повторно ќе седнеме и ќе ги собереме сите идеи, ќе организираме јавни расправи, со цел тој закон којшто ќе го донесеме навистина да биде една проекција во каква насока треба да се движиме. Овој Закон е темелот и таму е регулацијата и на пазарот, и на категоријата на земјоделци, и стратешките приоритети на земјоделското производство. Затоа велам дека тој закон ќе биде основата, меѓутоа паралелно со постоечката законска регулатива работиме веќе на овие процеси да ги помогнеме тековно. За потсетување, пред извесно време објавивме повик  преку Програмата за рурален развој каде што ги субвенционираме или ќе ги помогнеме со 90 проценти кофинансирање земјоделските задруги. Здружувањата, според мене и според Владата, е клучот во успехот на пласманот на македонските производи. И во постоечкиот Закон веќе вметнавме и задругите да бидат дел. Веќе тече објавата и мислам дека интересот ќе биде сериозно голем. Имаме обезбедено финансиски средства да ги помогнеме сите кои е побараат поддршка, рече Трипуновски во „Тема на денот“ на Сител телевизија. 

Прашан зошто шумската полиција бара негова оставка, министерот нагласи дека политиката е вмешана кај претставниците кои го водат синдикатот на оваа институција. Трипуноски ги посочи проектите и активностите кои ги преземал во насока на подобрување на состојбата на шумските полицајци.

– Мислам дека малку повеќе се меша политиката во делот на тие претставници кои што го имаат од страна на синдикатот. Јас можам само отворено да кажам дека на оној состанок на кој што бев обвинет дека има задоцнување, чекале пред мојот кабинет. Јас не бев во некој од рестораните во Скопје, јас бев на претходен состанок каде што со ФАО договаравме проект од 40 милиони евра кој што за наредниве десеттина дена и јавно ќе го презентираме што сме постигнале. Нормално се извинив за доцнењето на состанокот. Меѓутоа, она што јас го имам направено како министер за шумската полиција, го нема направено ниту еден министер. За потсетување, обезбедивме бенифициран стаж за секој шумски полицаец кој е вработен во Шумската полиција, подобрување на просторните услови во кои работат, техничка опременост на дел од шумските полициски станици. Во наредниот период уште позасилено ќе работиме и на подобрување на условите и на носење на нов Колективен договор. Зошто толку се дигна фама за некакво незадоволство? Неоправдано, во секој случај. Не знам. Претпоставувам треба да си прашат кај своите политички лидери, рече тој.

Во однос на обвинувањата од опозицијата дека е под знам прашалник акредитацијата за европските фондови од ИПАРД 3, Трипуновски истакна дека не е загрозена акредитацијата и оти работат на акредитација на нова мерка.

– Апсолутно не е загрозена. Дури и работиме на нова акредитација на мерката за рурална инфраструктура каде што ќе обезбедиме дополнителни средства за нашите македонски општини во делот на подигнување на рурална инфраструктура. Ние сме поуспешни. Тоа го говорат и бројките. Во моментов, над 60 проценти е искористеноста на ИПАРД европските фондови, рече тој.

Бележиме сериозен раст во делот на споредбата со првиот квартал за 2024 и првиот квартал за 2025 година. Според податоците на Државниот завод за статистика во сите сегменти на земјоделското производство имаме сериозен раст во делот на откупот и продажбата, истакна Трипуновски. -Во делот на житата имаме раст од 42 отсто, во делот на градинарското производство имаме 50%, овоштарство и лозарство 12 отсто. Во делот на сточарството, добиток, живина, јајца, млеко и млечни производи бележиме раст од 9 до максимални 63 отсто, појасни министерот.

Министерот Трипуновски додаде дека кај категоријата индустриски растенија, Државниот завод за статистика извади негативна референца бидејќи во ланскиот прв квартал беше спроведен откупот на тутун од реколтата 2023-тата година, за потсетување доцнеше откупот. Додека пак оваа година најголемата количина на тутун се откупи во последниот квартал од 2024 година и тука настанува таа разлика. Инаку кога веќе се говори за тутунот, де факто бројките говорат дека и тука има рекорди во делот на пласманот и девизниот прилив, се откупија над 24 милиони килограми, со што над 196 милиони евра се влезени кај тутунарите.

– Денеска премиерот сподели една добра вест, а тоа е дека имаме раст приближно од 5 проценти во делот на извозот, тоа е вкупниот раст во делот на земјоделскиот – прехранбен сектор. Ако ги издвоиме во делот на овошје и зеленчук тогаш тука имаме раст од 14 проценти во споредба со минатиот квартал. Ако го земеме тутунот, тука имаме раст од 35 проценти. Или поточно во бројки, ако во првиот квартал во 2024 година извозот изнесувал 152 милиони евра, оваа година тој извоз изнесува 163 милиони евра. Значи имаме раст од 11 милиони евра, заклучи министерот.

Министерот Трипуновски очекува до крајот на годината да има од 45 до 50 милиони евра разлика во позитива во однос на минатата година.

Read More

Adblocker detected! Please consider reading this notice.

We've detected that you are using AdBlock Plus or some other adblocking software which is preventing the page from fully loading.

We don't have any banner, Flash, animation, obnoxious sound, or popup ad. We do not implement these annoying types of ads!

We need money to operate the site, and almost all of it comes from our online advertising.

Please add tvstanici.net to your ad blocking whitelist or disable your adblocking software.

×