Договор за стратешко партнерство со Велика Британија обелодени од Тирана премиерот Мицкоски. Веста доаѓа по средбата на премиерот Мицкоски со британскиот колега Стармер на маргините на самитот на Европската политичка заедница кој се одржува во главниот град на Албанија.
Попладнево Мицкоски објави дека овој договор е потпишан на ниво на владите на двете држави а ќе донесе инвестициски циклус од 6 милјарди во делот на инфраструктурата, желеницата, транспортот, здравството.
За договорот се преговарало неколку месеци. Премиерот на Велика Британија најави дека со ова стратешко партнерство ќе се решаваат важни работи меѓу двете држави. Договорот не предвидува одредба за прифаќање на одбиени баратели на азил од таа земја.
Македонија ќе има голема корист и ова е значаен партнерски договор кој ќе и помогне на земјата и во евроинтегративниот процес смета пораншениот амбасадор на земјава во Обединетото Кралство. Државата ќе треба мудро да одигра со помошта која ја нуди овој договор за да се унапреди во процесот на интегрирање.
Дека се работи за историски договор кој за Македонија ќе донесе големи инвестиции изјави директорот на ТИРЗ кој гостуваше на Сител.
Ова е трет договор за стратешко партнерство по тие со САД и Турција.