Српската нафтена индустрија (НИС) испратила ново барање до Министерството за финансии на САД за укинување и за одложување на санкциите, објавија српските медиуми.
Бидејќи рокот за првото одложување на санкциите истекува на 28 март, НИС ја повтори неопходноста од одложување за да можат руската и српската страна да се договорат за понатамошна работа.
„Првите дадени 30 дена не се доволни за да се договорат сите важни прашања“ наведуваат од НИС.
НИС покрива повеќе од 50% од пазарот во Србија и е единствениот преработувач на нафта.
На 4 февруари компанијата, со поддршка на српската и унгарската влада компанијата, побара одложување за три месеци или 90 дена.
НИС е цел на санкции на американската влада поради руската сопственост во компанијата.
The post СРПСКАТА НАФЕТЕНА ИНДУСТРИЈА БАРАА НОВО ОДЛАГАЊЕ НА САНКЦИИТЕ Првиот рок за одложување на санкциите завршува на 28 март appeared first on plusinfo.mk.
Прочитајте ја целата статија од изворот
