Извршниот директор на компанијата „Спејс икс“, Илон Маск, изјави дека приоритет ѝ дава на својата визија за живот на Марс, додека неговиот мандат во Одделот за владина ефикасност (ДОГЕ) привршува.
Во интервју за Фокс њуз, Маск ги сподели резултатите од истражувањето на тимот на Одделот кој се занимаваше со владините „измами“, а потоа ја прошири својата идеја за колонизација на Марс како „животно осигурување“ за човештвото.
– Марс е животно осигурување. На крајот, целиот живот на Земјата ќе биде уништен од Сонцето. Сонцето постепено се шири и затоа некако ќе мора да станеме мултипланетарна цивилизација бидејќи Земјата ќе биде уништена – рече Маск во едно интервју.
Во објава на Икс во март, Маск најави дека „Спејс икс старшип“ ќе тргне кон Црвената планета кон крајот на 2026 година, со роботот „Оптимус“. Тој предвиде дека луѓето би можеле да почнат да слетуваат на Марс уште во 2029 година, иако 2031 година е поверојатен датум.
The post СОНЦЕТО ЌЕ ЈА УНИШТИ ЗЕМЈАТА, МОРА ДА СЕ НАСЕЛИМЕ НА ДРУГИ ПЛАНЕТИ Маск со апокалиптична визија, приоритет ѝ дава на својата мисија за Марс appeared first on plusinfo.mk.
Прочитајте ја целата статија од изворот
