Со една изборна единица до поголема демократизација

Парламент според реална воља на граѓаните, ама и ризик за формирање на влада.. Ова се дел од предностите и недостатоците кои ги истакнуваат политичките аналитичари од  воведувањето на една изборна единица.. Сметаат дека клучно е да се прецизира со колку освоени гласови партиите ќе обезбедат пратеничко место..

„Зависно од тоа колку високо ќе го ставите изборниот праг, може од една страна да исклучи многу партии од учеството, на пример 2 или 3 проценти изборен праг на 1 милион излезени гласачи се 20-30 илјади гласови. Значи може некои партии да отпаднат од трката, а ако прениско го ставите изборниот праг, ризикувате да добиете многу фрагментиран и нестабилен парламент во текот на владеењето“, вели Петар Арсовски, политички аналитичар.

Според политичките аналитичари, воведувањето на една изборна единица ќе значи и поквалитетен парламентарен состав.. Велат, така пратениците вистински ќе бидат гласот на граѓаните..

„Досега имаме обратна ситуација. Парламентот служи како алатка на централната власт, се носат закони без дебата, се злоупотребуваат закони за реформи согласно ЕУ критериумите. Значи ни треба нов изборен модел кој ќе не произведува квалитетен парламентарен состав“, изјави Џелал Незири, Политички аналитичар.  

Аналитичарите се согласни дека воведувањето на една изборна единица ќе овозможои влез на повеќе партии во собранието, но тоа може да го отежне формирањето на парламентарно мнозинство..

„Пропорционалниот изборен модел особено без изборен праг форсира постизборни коалциии. Дополнително, може да го промовира овој манир кој веќе го имаме, а тоа е секој со неколку илјади гласачи да направи партија дуќанче и да ја гледа политиката како професија, а не како повик. Затоа, понизок праг, може да направи потешкотии при формирање на влада“, изјави Арсовски 

„Ние сега имаме мнозинство на гласови кои се поттикнати на клиентелистичка база. Немаме атмосфера каде граѓаните сами покренуваат иницијативи и затоа оваа реформа треба да се стреми кон поттикнување на граѓанинот поактивно да учествува во демократските процеси“, изјави Незири. 

Вклучувањето на гласовите од дијаспората, според аналитичарите е исправен чекор, но само ако како што велат, се воведе нов начин на остварување на гласачкото право.. Предлагаат тоа да се прави по електронски пат, наместо како досега да патуваат до конзуларните претставништва..

Фото за вовед: 
YouTube видео: 
Категорија: 
Новинар: 

Adblocker detected! Please consider reading this notice.

We've detected that you are using AdBlock Plus or some other adblocking software which is preventing the page from fully loading.

We don't have any banner, Flash, animation, obnoxious sound, or popup ad. We do not implement these annoying types of ads!

We need money to operate the site, and almost all of it comes from our online advertising.

Please add tvstanici.net to your ad blocking whitelist or disable your adblocking software.

×