Сончевото и топло време ќе продолжи до крајот на неделата, а температурите значително ќе се зголемат, предупредуваат од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).
Според прогнозата, температурите од ден на ден ќе бидат во постепен пораст, особено од четврток па сè до крајот на викендот. Се очекува дневните температури насекаде во земјата да бидат над 30 степени Целзиусови, а на одделни места, особено во југоисточниот и централниот дел, да достигнат дури и до 40 степени.
„Во текот на наредните денови ќе преовладува стабилно, сончево и многу топло време. Највисоки температури се очекуваат во сабота и недела, кога на повеќе места може да се надмине прагот од 38 до 40 степени,“ велат од УХМР.
Граѓаните се советуваат да бидат внимателни, особено во најтоплиот дел од денот, да избегнуваат директно изложување на сонце и да внесуваат доволно течности.
The post СЛЕДУВА ПЕКОЛЕН БРАН СО ПРЕКУ 40 СТЕПЕНИ Сонцето ќе пече без прекин до крајот на неделата appeared first on plusinfo.mk.
Прочитајте ја целата статија од изворот