Скопскиот аквапарк кај Спортскиот центар „Борис Трајковски“ останува затворен и ова лето, откако 2 години не е во функција.
Причината, како што објаснуваат од Центарот за Плусинфо, е несоодветното одржување во изминатиот период, поради што настанале сериозни оштетувања – како во базените, така и во пумпите што ги циркулираат водата и хемикалиите низ целиот систем.
Иако дел од реквизитите, како тобоганите, се во добра состојба ама проблемот е во тоа што нивните гаранции се истечени, па без обновени безбедносни сертификати не можат да се користат. Во моментов се изработува проценка на состојбата и вредноста на аквапаркот, која ќе послужи како основа за одлуката околу неговото понатамошно управување.
Од СЦ „Борис Трајковски“ велат дека се разгледуваат две можности: повторно ставaње под управување на Спортскиот центар или давање под концесија на приватен оператор кој би ја презел санацијата и обезбедувањето на потребните сертификати.
Оттаму појаснуваат дека не е потребна целосна реконструкција, туку насочени градежни и технички зафати.
Аквапаркот беше отворен во 2015 година и содржи 10 тобогани, базени за деца и возрасни, мрзлива река, бранови, кафе-барови, соблекувални и административна зграда со ресторан. Неговото затворање и запуштање го прават уште еден од значајните јавни објекти што чека системско решение.
Неговото затворање и запуштање го прават уште еден од значајните јавни објекти што чека системско решение.
The post СКОПСКИОТ АКВАПАРК И ОВА ЛЕТО СКАПУВА ПОД ЖЕШКОТО СОНЦЕ Се бара чаре за враќање на детскиот џагор appeared first on plusinfo.mk.
Прочитајте ја целата статија од изворот
