Се повредил затвореник од Идризово, на пат кон болница починал

 Затвореникот Д.Ф.(35) од Скопје вчера во Казнено-поправната установа Идризово во Скопје  искршил стакло, се повредил, по што почнал обилно да крвари. Починал на пат кон Комплексот клиники „Мајка Тереза“.

Како што информира денеска МВР, случајот вчера, во 12.35 часот, бил пријавен во СВР Скопје од Казнено-поправната установа Идризово. Настанот се случил околу 12 часот во установата, во просторија за посети.

Од страна на лекар констатирана била смрт. Извршен бил увид од увидна екипа на СВР Скопје, а по наредба на јавен обвинител, телото на починатиот е предадено на обдукција. 

Adblocker detected! Please consider reading this notice.

We've detected that you are using AdBlock Plus or some other adblocking software which is preventing the page from fully loading.

We don't have any banner, Flash, animation, obnoxious sound, or popup ad. We do not implement these annoying types of ads!

We need money to operate the site, and almost all of it comes from our online advertising.

Please add tvstanici.net to your ad blocking whitelist or disable your adblocking software.

×