Со САД склучивме 6 нови договори за повеќе од 20 милиони евра, од кои дел се за софистицирани дронови. Сите средства се директно од фондовите на САД, вели министерот за одбрана, Владо Мисајловски, во разговор за Гласот на Америка.
– Сега е најдобро да се разговара за мир, а не за нови пакети со коишто би ѝ се помогнало на Украина – вели Мисајловски.
Тој додава дека, поради стар долг, Украина лани извлекла околу 2 милиона евра од македонското министерство за одбрана.
– Ако некоја земја навистина максимално и целосно нè поддржува, тоа е Америка. Со САД склучивме 6 нови договори за повеќе од 20 милиони евра од кои дел се за софистицирани дронови. Сите средства се директно од фондовите на САД – вели министерот за одбрана, Владо Мисајловски, во разговор за Гласот на Америка.
До крајот на годината треба да стигнат возилата JLTV, одговара Мисајловски на новинарско прашање за тоа дали Македонија очекува други можни набавки од САД.
– Да, JLTV возилата треба да стигнат до крајот на годината, комплет сите 96 возила. Исто така и возилата „страјкер“ за кои имавме најава дека ќе стигнат и побргу од договореното. Очекуваме наредниве месеци да пристигнат и новите возила „страјкер“. За нашата армија тоа е навистина одлично нешто и ќе имаме можеби најдобри оклопни возила – вели министерот за одбрана.
Целиот текст можете да го проследите овде.
Прочитајте ја целата статија од изворот
