Ракометниот клуб Еурофарм Пелистер со освојувањето на шампионската титула повторно ја потврди Битола како горд и препознатлив спортски град. Третата титула по ред пристигна синоќа, по големата победа над ривалот Вардар на гостински терен.
Градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски, упати честитки до шампионите и ги повика сите битолчани, посебно верните навивачи „Чкембари“, на голема прослава. Настанот ќе се одржи вечерва, на 8 јуни, од 20 часот, на платото пред Офицерскиот дом.
Градоначалникот Коњановски најави дека на следната седница на Советот на Општина Битола ќе предложи награда од 3 милиони денари за клубот, како признание за постигнатиот успех и за промоцијата на градот на национално и меѓународно ниво.
Општина Битола упати честитки до РК Еурофарм Пелистер и изрази длабока благодарност до нашата ракометна гордост!
The post СААТ КУЛАТА СВЕТНА ВО ЗЕЛЕНО Ракометарите на Пелистер се задржаа на шампионскиот трон appeared first on plusinfo.mk.
Прочитајте ја целата статија од изворот
