Ревизорите утврдија низа неправилности во работењето на Бирото за развој на образованието

Ревизорите утврдија низа неправилности во работењето на Бирото за развој на образованието. Првата забелешка е за директорските функции. Ревизорите забележуваат дека спротивно на закон, Зекирија Хасипи над 5 години седел на директорската фотелја, а мандатот за оваа функција е 4 години.

„Во текот на 2023 година со Бирото раководат двајца в.д директори кои не се именувани по објавен јавен оглас со мандат од 4 години како што предвидува членот 20 став 3 и 4 од Законот за Бирото за развој на образованието. Претходниот директор ја извршувал функцијата в.д. директор, заклучно со 18.07.2023 година, во времетраење од 5 години и 3 месеци. Оваа состојба укажува на постапување кое е не е  во согласност со законски утврдениот начин за избор на директор“, стои во забелешката на ревизирите.

Од почетокот на годината, в.д. директорската функција ја извршува Милка Тримчевска. Но, во тек е конкурс за избор на нов директор на Бирото за развој во образованието.

Освен забелешка за директорскте фунцкии, ревизорите во извштајот нотираат дека постојат не прецизности во начинот на пресметка на надоместоците на ангажираните надворешни соработници.

Дополнително, поради недостаток на финансиски средства ревизорите утврдуваат дека не постои можност за реализација на обуките на наставниците во основно и средно образование во законски предвидениот обем и дека не се спроведуваат активностите и функцијата внатрешна ревизија.

Конечниот извештај на државниот ревизор се однесува за состојбите во Бирото во 2023-тата година, а во споредба со последниот во 2019-тата година, биле спроведени само две од седум препораки за подобрување на работата на институцијата.

Фото за вовед: 
YouTube видео: 
Категорија: 

Adblocker detected! Please consider reading this notice.

We've detected that you are using AdBlock Plus or some other adblocking software which is preventing the page from fully loading.

We don't have any banner, Flash, animation, obnoxious sound, or popup ad. We do not implement these annoying types of ads!

We need money to operate the site, and almost all of it comes from our online advertising.

Please add tvstanici.net to your ad blocking whitelist or disable your adblocking software.

×