Денеска заедно со првиот заменик претседател на Владата и министер за животна средина и просторно планирање, Изет Меџити реализиравме средба со директорот на Инспекторатот за употреба на јазиците, Арсим Идризи и дел од вработените, со цел Владата да изнајде решение за исплата на заостанатите плати на вработените во горенаведениот Инспекторат кои веќе 5 месеци не зеле плата, информира премиерот Христијан Мицкоски.
– Како резултат на конструктивниот дијалог и посветеноста на Владата да обезбеди институционална функционалност и правична исплата, Инспекторатот за употреба на јазиците ќе биде под надлежност на Министерството за правда. И по усогласувањето на законот за Инспекторат за употреба на јазици со Законот за организација и работа на органите на државната управа што веќе еден месец се наоѓа во собраниска процедура ќе им се овозможи на вработените да земаат плата. Бидејќи ова е прашање поврзано со Бадентер, очекуваме сите политички партии во Собранието да постапат рационално и конструктивно, без блокади и без обиди за политичка злоупотреба на ова прашање, кое директно ја засега егзистенцијата на семејствата на вработените во Инспекторатот – рече премиерот.
Понатаму ќе се состави работна група и ќе се направи конечна реорганизација на инспекторат со неговите надлежности.
The post РЕШЕНИЕ ЗА ЗАОСТАНАТИТЕ ПЛАТИ ВО ИНСПЕКТОРАТОТ ЗА УПОТРЕБА НА ЈАЗИЦИТЕ Институцијата ќе биде под министерството за правда appeared first on plusinfo.mk.
Прочитајте ја целата статија од изворот