Македонската асоцијација на новинари (МАН) го дели згрозувањето, шокот и гневот на јавноста во однос на изречените зборови на, како што велат, „новинарот“ Сашо Орданоски со експлицитен говор на омраза и навреди кон странски државници, што е повреда и на домашниот Кривичен законик, и на меѓународното право, а особено штетно и опасно за Македонија, нејзиниот статус во меѓународните односи и на нејзината безбедност како членка на НАТО.
Сашо Орданоски во гостувањето како гостин во емсијата „Само интервју“ на Канал 5 ТВ, емитувана на 20.02.2025 година, во повеќе наврати за американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека неговата политика е „нацистичка, рекетарска, дека е неписмен, а на ист начин говореше и за потпретседателот Џеј Ди Венс, како и за шефот на Одделот за владина ефикасност Илон Маск.“
„Со ова јавно ширење на говор на омраза, навреди и уривање на чест и углед на Трамп, Венс, Маск и американската држава, Сашо Орданоски ја вовлече македонската држава и македонските државни интереси во проблем да се бранат од ваквиот говор на омраза пред домашната и меѓународна јавност со последици кои се исклучително сериозни“, се наведува во реакцијата на МАН.
МАН бара Обвинителството веднаш да реагира по јавно допрен глас и да отвори постапка за овој случај.
Здружението најави дека оваа реакција ќе ја испрати до Амбасадата на САД во Македонија, до Кабинетот на претседателот на САД Доналд Трамп, до кабинетот на потпретседателот на САД Џеј Ди Венс, како и до кабинетот на Шефот на одделот за владина ефикасност Илон Маск.
Прочитајте ја целата статија од изворот
