Одлуката дали да се продолжи мораториумот на нападите на украинските и руските енергетски постројки ќе зависи од претседателот Владимир Путин и можните разговори со САД, изјави денеска портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.
– Тоа ќе зависи од одлуката на претседателот Путин – рече Песков, одговарајќи на прашање дали договорот, постигнат со американско посредништво, ќе биде продолжен по истекот на 16 април (30 дена по објавувањето на мораториумот на 18 март).
Песков тврдеше дека „украинската страна во суштина не го почитува мораториумот“.
– Затоа, се разбира, ќе биде неопходно да се анализираат овие 30 дена. Веројатно да се разменат информации и размислувања со Американците. И тогаш врховниот командант, претседателот, ќе донесе одлука – заклучи портпаролот на Кремљ.
The post ПУТИН ЌЕ ОДЛУЧИ ДАЛИ ЌЕ ПРОДОЛЖАТ НАПАДИТЕ Песков откри дали ќе има примирје по 16 април appeared first on plusinfo.mk.
Прочитајте ја целата статија од изворот
