Незадоволни од пресудата за Васил Јованов, семејството Кулакови повторно излезе на улица. Гневни се на Обвинителството и одлуката на судијката Марковска, која изрече 12 години затворска казна за Јованов, кој под дејство на алкохол, со голема брзина и на црвено, на пешачки премин ја прегази 22 годишната Фросина. Семејството бара максимална затвoрска казна од 20 години и дисиплинска постапка за судијката Марковска.
За да се спречат вакви сообраќајни нереќи, Кулакови бараат измени во кривичниот закон, каде минималната затвровска казна за исход со смртни последици би била 15 години. Инаку на протестот поддршка дадоа повеќе семејства со слични постапки, незадовлни од пресудите на обвинителството против сторителите. Кулакови најавија дека протестите ќе продолжат.