Во Скопје во 01.00 часот полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода Е.Ј.(31) од Скопје, кој синоќа во 20.30 часот на кружен тек од ул.Кирил и Методиј, ул.Митрополит Теодосиј Гологанов и ул.Костурски Херои, со патничко возило „фоксваген“ со скопски регистарски ознаки, кое го управувал, удрил во пешакот Ѓ.П.(87) од Скопје.
МВР денеска соопшти дека по целосно документирање на случајот, во координација со јавен обвинител, против Е.Ј. ќе биде поднесена соодветна пријава.
Повредениот пешак синоќа со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“, каде му биле констатирани тешки телесни повреди.
The post ПРИВЕДЕН Е ВОЗАЧОТ КОЈ УДРИ ПЕШАК НА КРУЖЕН ТЕК Повредениот е 87-годишен скопјанец appeared first on plusinfo.mk.
Прочитајте ја целата статија од изворот
